Број 3614  сабота, 25 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Забава
Некролог
Хороскоп
Стил








Site Meter
Спорт

Валенсија - трета градска трка сезонава

По Монте Карло и Монтреал, в недела ќе се вози уште едно улично Гран-при, ГН на Европа

По Монако и Монтреал, и трката за Големата награда на Европа се вози на патека што се користи само еднаш годишно, додека во другиот период е на располагање на секојдневните автомобили.

Додека медиумите пишуваа за промените на правилата што ќе стапат во сила од Силверстон, Валенсија беше во втор план. Сепак, мал број екипи подготвуваат новитети за ова гран при, односно ќе се обидат да ги поправат своите перформанси видени во Монако. Најголема разлика ќе понудат гумите на Пирели, каде што овој пат ќе бидат понудени потврди гуми за разлика од комбинацијата на меки и супер меки видена во Канада и во Монако. Изборот е на медиум и меки, повторно две смеси што се една до друга во понудата, при што медиум гумите ќе бидат произведени според нова формула. Претходно, за трката во Барселона, Пирели ја смени и спецификацијата на нивните најтврди гуми, па ова е втора промена од почетокот на сезоната.

„Медиум-гумите нема да бидат толку долготрајни како тврдите, но ќе бидат побрзи и ќе имаат значителна разлика од меките гуми, се вели во соопштението на италијанската фабрика.

Спортскиот директор Пол Хембери очекува високо трошење на гумите поради дизајнот на патеката, но и поради природата на подлогата, што дополнително ќе биде искомплицирано со најавените горештини. На трката во Барселона кога дебитираа новите тврди гуми, само Мекларен и Ред Бул успеаја брзо да ги сфатат, додека другите предводени од Ферари ја завршија трката со еден круг задоцнување. Оваа трка ќе биде тест за италијанската, но и за другите екипи што се обидуваат да останат во чекор со лидерите.

„На последните две трки ние покажавме дека имаме капацитет да се бориме за победата, особено во Монако, но верувам дека и во Канада ќе можев да бидам во игра до крајот, имајќи предвид што се видовме во квалификациите. Сега одиме на патека што има слични карактеристики со Монтреал, па нема очигледна причина зошто не би биле конкурентни и таму,- изјави Алонсо, иако клучот на перформансите за црвениот болид беше токму во супер-меките гуми кои се употребуваа досега.

За многумина и на трката во Валенсија пресудни ќе бидат квалификациите, бидејќи иако патеката е далеку побрза и поширока од Монако, сепак, нема да биде лесна за престигнување. Луис Хамилтон не ја заврши трката во Монтреал, па во Валенсија ќе се обиде да го искористи потенцијалот на Мекларен“.

„Возможно е да ја освоиме пол-позицијата“, рече Хамилтон за британскиот Аутоспорт. Ако ги погледнете минатите трки, секогаш во последната сесија „Ред Бул“ прави нешто што им дава предност. На трката во Канада, додека другите го унапредуваа задното крило и системот за редукција на воздушниот отпор, „Ферари“ го смени модусот на работа на моторот и тоа многу им помогна. Ние го имаме исти��т модус сега, но веројатно нема сите да го користат тоа бидејќи моторот нема да им трае долго. Ние имаме добар ритам во трка и се надевам дека тоа ќе ни овозможи да бидеме поблиску во квалификациите- вели шампионот од 2008 година, потврдувајќи дека неговата мотивација е масивна за да направи добар резултат и да се врати во игра за титулата.


#
Статијата е прочитана 593 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Михајловиќ ги посакува Пандев и Станковиќ во Фиорентина
Гасперини нов тренер на Интер
Под Шар Планина се играше фудбал за мерак
Лопез го исфрли Родик
Македонските судии „распродадени“ во Европа

"""