Број 3614  сабота, 25 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Забава
Некролог
Хороскоп
Стил








Site Meter
Спорт

Под Шар Планина се играше фудбал за мерак

Од тетовскиот крај потекнуваат браќата Милко и Бошко Ѓуровски, потоа Урошевиќ, Серафимовски, Јовановски, Насер и Бурхан Беадини

Миодраг Мицковиќ

Во изминатите неколку месеци на нашите читатели им ги претставивме најдобрите фудбалери кои потекнуваа од Струмица, Битола, Штип, Прилеп од охридско-струшкото крајбрежје кои играат во странство и во другите клубови во Македонија. Беше тоа импозантна бројка, една ревија на репрезентативци, фудбалери кои оставиле траги во македонскиот фудбал и во странство. Денес ќе се обидеме да направиме една ретроспектива на познатите фудбалери, родум од тетовскиот крај, кои играа во познатите клубови во Европа и во Македонија. Тетово навистина има богата фудбалска историја, почнувајќи со еден од најстарите клубови во нашата држава Љуботен, поранешниот член на Првата лига на Југославија Тетекс, со „новаците“ во историјата на тетовскиот фудбал, актуелниот шампион на Македонија Ренова и есенскиот првак Шкендија. Навистина, тетовчаните имаат со што да се пофалат. Особено со голем број мошне познати фудбалери.

Размислуваме со кого да почнеме. Дали со браќата Милко и Бошко Ѓуровски, репрезентативци на поранешна Југославија, го носеа дресот и на Македонија во самостојна Македонија. И двајцата се родени во тетовското село Жилче. Бошко Ѓуровски играше за Црвена ѕвезда и швајцарскиот Сервет, Милко за Црвена ѕвезда и Партизан. Меѓутоа, за многубројните читатели на „Утрински весник“, љубители на фудбалот едно име е сигурно непознато. Кузман Сотировиќ, роден во селото Стенче кај Тетово, кој во периодот од 1927 до 1931 година беше стандарден првотимец на познатиот белградски клуб БСК. Во првенството на Југославија 1928 кога БСК беше втор зад сплитски Хајдук има постигнато шест голови, идната сезона три. Сотировиќ има пет настапи и за репрезентацијата на Југославија. Дебитираше на мечот со Романија (3:1) 1928 година, постигна два гола. Тој е прв олимпиец, роден во Македонија кој настапил на Олимписки игри за Југославија во Амстердам 1928 година. Почина во Америка.

Голем број фудбалери од Тетово го имаат носено дресот на скопски Вардар. Стојмир Урошевиќ (Пирин, Благоевград), Жарко Серафимовски (Цементарница, Јанг Бојс, Израел), Драган Веселиновски (Пелистер, Силекс), Зоран Јовановски (Слога, Работнички, Хелсинборг), Ивица Јовановски, Гајур Садики (Шведска), Тони Јакимовски (Раднички Н, Цементарница), Милко Симовски (Цементарница)...

Покрај овие фудбалери кои играле и за Слога, за тимот од Чаир имаат настапувано и Жаре Стојановски (Раднички (Н)), Горан Јовановски (Македонија), Борче Томовски (Војводина, Борусија, Берлин), Скендер Јонузи (Вартекс, Трепча), Халим Ходаи, Горан Станковски (Работнички).

Да не ги заборавиме и Владимир Секуловски кој играше за Вардар и Работнички, Борче Јовановски кој беше столб на одбраната на Македонија ЃП.

Еден ��д најпознатите тетовски фудбалери Ацо Шуменковски беше голгетер долго години на штипска Брегалница, кариерата ја заврши во Обилиќ од Косово заедно со Коста Јакимовски. За Брегалница има настапувано и тоше Атанасовски, кој најмногу се прослави како голгетер на скопски Металург.

Неколкуте познати фудбалери играа и во Турција. Тоа се браќата Буран и Насер Беадини. Буран играше за Есхишехир и Трабзон, Насер за Есхишехир и Самсун, каде што тренер беше Ѓоре Јовановски.

Дресот на турскиот тим Бурса го носеше Гајур Реџепи, на Есхишехир и Агим Ибраими, кој настапуваше и за Марибор.

Од тетовскиот крај потекнува и Стевица Кузмановски, кој има игра за репрезентацијата на Македонија, беше првотимец на белградски Партизан и ОФК Београд. На овој список ќе се најде и Борче Мирчевски, кој настапувал за Пелистер, Скопје и Кошице, потоа Хаким Мемеди (Лирија - Призрен), Коки Јовановски ( Славија-Прага).

Меѓутоа, според наша евиденција, само двајца голмани од тетовскиот крај имаат брането за некој друг клуб од Тетово, иако на голот на Тетекс, Љуботен, Ренова и Шкендија беа многу познати голмани, но ниту еден не беше роден во Тетово, почнувајќи од Драган Мутибариќ, Лазаров, Благој Георгиев, Душко Томиќ, Слободан Илиевски... Само Саре Вучевски има брането во Канада и Раде Симоновски кусо време за прилепска Победа.

Долг е периодот од 1946 година кога почна да се игра првенството на Македонија, кога беше формирана и македонската лига, така што веруваме дека и читателите на „Утрински весник“ ќе ни помогнат да го комплетираме овој список доколку некој фудбалер сме заборавиле. И едно појаснување. Во заграда зад имињата на фудбалерите се клубовите за кои тие уште настапувале.

Ќе се обидеме да составиме и два тима од тетовскиот крај, за кои веруваме дека ќе го привлечат вниманието. Доста се силни, без оглед на годините кога играа.

Еве еден тетовски тим: Саре Вучевски, Гајур Садики (Скендер Јонузи), Милко Симовски (Хаким Мемеди), Владимир Секуловски, Зоран Јовановски, Бошко Ѓуровски, Жаре Серафимовски, Драган Веселиновски, Милко Ѓуровски, Тони Јакимовски (Стевица Кузмановски), Стојмир Урошевиќ. Или пак овој состав: Раде Симоновски, Борче Јовановски (Ивица Јовановски), Горан Јовановски, Жаре Стојановски, Борче Тимовски, Борче Мирчевски (Гајур Реџепи), Горан Станковски (Халим Ходаи), Насер Беадини (Коста Јакимовски), Аџо Шуменковски, Буран Беадини, Агим Ибраими (Тоше Атанасовски).

Меѓу овие играчи го нема олимпиецот Кузман Сотировиќ. Никогаш не сме имале можност да го видиме на фудбалска сцена, без оглед на неговите настапи за репрезентацијата на поранешно Кралство Југославија.


#
Статијата е прочитана 1297 пати.

Испрати коментар

Од: Mirko Vidoeski
Датум: 25.06.2011 13:55:10
Голем поздрав до г-динот Мицковиќ! Вие сте еден од најдобрите хроничари на македонскиот фудбал. Би сакал да ја надополнам Вашата листа со неколку фудбалери од Тетово, кои сигурен сум ненамерно сте ги испуштиле, а кои оставиле голема трага во тетовскиот и македонскиот фудбал. Тука, пред се, мислам на Харун Иса, кој играше за Љуботен, белградски Рад и Унион Берлин, потоа, без разлика што игра�� само за тетовските екипи ќе ги спомнам имињата на Бошко Блажевски, Бошко Јовановски-Пипа, Предраг Димоски, Мирче Јовановски, Џемаил Абази-Џемалка, Спирко Маринковски, Стеван Закоски, Сулејман Ибраими, Неџбедин Синани и секако голманот Осман, кој бранел за Љуботен, а кариерата ја завршил во Турција и за кого постарите љубители на љубители на фудбалот во Тетово се уште прикажуваат... И, никако не смее да се заборави тренерот на шампионската екипа на Шкендија, Ќатип Османи-Ќато, кој во неговата кариера настапуваше за Љуботен, Тетекс и Шкендија, а покрај на Шкендија беше тренер и на екипа на ФК Љуботен

Најди! во Утрински
Спорт
Михајловиќ ги посакува Пандев и Станковиќ во Фиорентина
Валенсија - трета градска трка сезонава
Гасперини нов тренер на Интер
Лопез го исфрли Родик
Македонските судии „распродадени“ во Европа

"""