Број 3614  сабота, 25 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Забава
Некролог
Хороскоп
Стил








Site Meter
Спорт

Македонските судии „распродадени“ во Европа

Тројцата наши меѓународни фудбалски судии ќе се појават уште во првите натпревари во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа. На 19 јули Александар Ставрев ќе го суди реванш-мечот од второ коло на Лигата на шампионите меѓу Видеотон (Унгарија) и Штурм (Австрија). Ќе му помагаат Марјан Кировски и Љубомир Крстевски, четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски. На истиот ден Димитар Мечкаровски ќе го води реванш мечот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Флора (Естонија) и Шамрок Роверс (Република Ирска). Негови помошници ќе бидат Душко Милошевски, Дејан Костадинов, додека четврти судија ќе биде Марјан Марковски.

И третиот наш меѓународен судија Горан Спиркоски од Прилеп не остана слободен на стартот од еврокуповите. Тој е одреден за главен судија од второто квалификационо коло за Лига на Европа на натпреварот меѓу победникот од средбата Банга (Литванија) и Карабах (Азербејџан) против Стрејмур (Фарски Острови). Мечот ќе се одигра на 21 јули. На Спиркоски ќе му помагаат Игор Ширилов, Кирил Негриевски, четврти судија ќе биде Петар Велјановски. (М.M.)


#
Статијата е прочитана 1004 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Михајловиќ ги посакува Пандев и Станковиќ во Фиорентина
Валенсија - трета градска трка сезонава
Гасперини нов тренер на Интер
Под Шар Планина се играше фудбал за мерак
Лопез го исфрли Родик

"""