Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ЛИЧНОСТ

Константин Караманлис

Толкувачи на четиридневниот хаос во Грција велат дека постојат две изнудени решенија кои можат да ја стабилизираат земјата. Прво, оставка на премиерот Костантин Караманлис чие четиригодишно владеење повеќе асоцира на беззеконие во кое на површина излегоа многу скандали, не само корупциски туку и такви поврзани за „секс, лаги и ДВД“, пребегнување пратеници, светогорско-поповски финансиски малверзации.

Втора опција е, како што заговара дел од грчкиот печат, Караманлис да прогласи вонредна состојба во земјата што ќе значи давање право на државата (полицијата) да влезе во автономната територија на универзитетскиот кампус во Атина, нешто што не се случило од студентските протести на 17 ноември 1974 година. Трето, е санкционирање на сегашната немоќ на владата, за што, се чини, се залага Караманлис, кој преку популистичкиот повик за национално единство најави дека само со еден пратеник плус, на кој му почива парламентарното мнозинство, нема идеја што понатаму.

Караманлис (52) е првиот грчки премиер роден по Втората светска војна, внук на Константин Караманлис кој ја основаше партијата Нова демократија на чие чело е сега премиерот. Оженет е за Наташа во 1998 и има близнаци, син и ќерка родени во јуни 2003. (Д.Ч.)


Статијата е прочитана 797 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Париз се поправа – името и визите не одат заедно
„Шверц“ возење во ЈСП
Verbatim