Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

„Шверц“ возење во ЈСП

Сања Наумовска

Министерството за образование веќе четврти месец не му плаќа на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за месечните билети на средношколците. Се чини дека одлуката на Владата за покривање на трошокот за превоз на учениците е непромислено донесена „на ура“ и тоа пред самиот почеток на учебната година. Никој во Министерството очигледно не размислил дека за спроведување огромен проект во кој треба да се финансира превозот на близу 6.000 ученици не се организира за еден месец.

Далеку од тоа дека потегот на Владата не е за поздравување. Ова е големо олеснување за родителите и за децата, имајќи го предвид се потенкиот домашен буџет во кој за слободните карти за двајца ученици се одвојуваат повеќе од 3.000 денари. Но, олеснувањето за едни лесно може да се претвори во трагедија за други, конкретно за над 1.000 вработени во ЈСП. Тие, заедно со своето јавно претпријатие, со години балансираат на работ на пропаста, работејќи со огромни загуби. Ученичките билети се голем и релативно стабилен приход што го одржува ЈСП во живот. Последните месеци, оставени и без него, работите во превозното претпријатие се многу посериозни. А згора на се', на нереализираните фактури навреме мора да се плати и ДДВ.

И покрај тоа, од ЈСП се очекува и понатаму редовно да ја врши својата дејност и да се придржува до возниот ред. Никој во Министерството ниту во училиштата нема да толерира децата да доцнат или да не доаѓаат на настава поради проблемите и долговите на сообраќајното претпријатие. Но, од друга страна, пак, и од МОН се очекува да ги исполни обврските што ги презеде. Со истата леснотија со која пред неколку месеци во медиумите се пофалија за овој проект.


Статијата е прочитана 987 пати.

Испрати коментар

Од: Никола
Датум: 11.12.2008 03:40:55
Проблемот многу едноставно се решава. Кога МОН не платило за месечните билети на средношколците, ЈСП не треба да ги издава тие билети. Но, тоа што ЈСП е веќе во големи загуби, кажува колку менаџерите на ова сообраќајно претпријатие се способни да менаџираат. Односно, воопшто не се. Затоа се пропаѓа во Македонија, оти навиката е никој ништо да не плаќа, а и понатаму да добива услуги, „да не се замеруваме со луѓето, утре за друго ќе ни се најдат“. Кога не се способни, нека земат пример од австријските газди на ЕВН, како ревностно ја исклучуваат струјата на сите должници.
Од: mene
Датум: 11.12.2008 11:51:58
Проблемот со автобускиот превоз на ЈСП не е во немањето воља од страна на менаџерскиот тим туку од лажните ветувања или реклами на владата за да го оствари својот промашен проект„задолжително средно образование„,а со тоа и бесплатен превоз на учениците.Би било интересно авторот на иваа рубрика да го истражи овој проблем на ниво на држава и да не информира како стојат работите во другите градови,општини.Колку што се секавам требаше во некои општини да се организира и мегуопштински превоз.Би било добро јавбноста да дознае дали на фирмите блиски до власта редовно им се надоместуваат трошоците за организиран превоз.Држењето на ЈСП Скопје за узди од страна на власта е само уште еден доказ дека истата решила да го уништи градот.
Од: kole
Датум: 11.12.2008 14:34:14
Pa sto napravila ovaa Vlada nesto trezveno i pametno, se e na URA, kako gledam so URA ne vodi vo propast, ama... nikoj ne ni e kriv, sami si gi glasavme... Aferim makedonijo...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Париз се поправа – името и визите не одат заедно
Константин Караманлис
Verbatim