Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ШЕРИЛ КОЛ

Се бори за вилата, а сопругот за осминафиналето

Битката што ја води пејачката Шерил Кол за вилата во која живееше со фудбалерот на „Челзи“ и англиската репрезентација, Ешли Кол, се покажа како голем проблем во разводниот процес со досегашниот сопруг. „Таа се' уште не бара нов дом, туку ��е обидува да се избори за куќата што ја делеа. Таа, просто, е вљубена во неа“, откри нејзин близок пријател. Според изворот, куќата е можеби единствената причина што го забавува завршувањето на разводот.

„Шерил сака да живее во вилата, а чувствува дека Ешли пополека ја турка оттаму, постојано собирајќи се и се забавувајќи се со своите пријатели“, рече познаникот на атрактивната Шерил. Според неговите зборови, спортистот таму организира и мини фудбалски мечеви и секогаш носи нови луѓе, а Шерил се чувствува како падобранец во сопствениот дом. Соседите на познатиот пар се надеваат дека на крајот Шерил ќе успее да ја добие вилата, зашто, очигледно, Ешли и неговите гости прават неподнослива врева.

Моментално, додека Ешли се мачи со својата репрезентација да стигне до осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка, убавата пејачка има предност, повлекувајќи конци и запознавајќи нови луѓе, таа е чекор понапред во бракоразводната парница.


#
Статијата е прочитана 1161 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Били Ајдол го стресе Скопје
Таткото на Ејми од радост се бакнуваше со пријателот