Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Били Ајдол го стресе Скопје

Околу 7.500 обожаватели беа дел од спектакуларниот концерт во „Метрополис арена“

Катерина Шекеровска

Силно невреме завчеравечер го зафати централното градско подрачје на главниот град. Рок-грмотевици проследени со обилни овации, хаос од заглавени автомобили и реки народ ја преплавија „Метрополис арена“, епицентарот на концертниот спектакл на легендарната британска рок-ѕвезда. Невремето што се најавуваше и што го помести рок-спектаклот од скопско Кале во затворено - се оствари! Били факин Ајдол, како што самиот милува да се претстави, завчеравечер го стресе Скопје, приредувајќи им на сите присутни на Сајмиште една и полчасовна журка со своите најголеми хитови, кои пробудија многу спомени, сеќавања на минатото, на убавите средношколски денови, студентски забави...

Како вовед во вечерта што долго се очекуваше ги видовме „Психомодо поп“ со шеесетминутно шоу, достојно загревање за ѕвездата на вечерта. Сите со нетрпение го очекуваа, присутните се загреваа со пиво, а најзагреаните стасуваа во ми��ута до дванаесет, непосредно пред 22 часот за кога беше закажан стартот на концертот, кој е дел од европската турнеја на Ајдол. И таман цупкањето во место почна сериозно да му пркоси на нашето трпение, со задоцнување од половина час на сцената се појави Били Ајдол заедно со својот бенд и неверојатниот гитарист Стив Стивенс. Со своите педесет и четири години, Били Ајдол на сцената изгледаше ни помалку ни повеќе - како момче, енергичен, распеан, темпераментен, во одлична форма...

„Ви благодарам Скопје! Вие сте тотално луди“, се заблагодари за прекрасниот пречек, отворајќи ја вечерта со „Ready Steady Go“ од времето на „Генерација икс“ за да продолжи со „Dancing With Myself“, „Love is strange“, „Flesh For Fantasy“... „Имаме специјално барање. Слушнавме дека ова е посебна песна во вашиот град“, рече Ајдол за момент потоа да ги слушнеме првите звуци од „Sweet sixteen“. Публиката повеќе од задоволна, со пеење и со кренати раце го поздравува својот миленик, кој овој пат ја имаше и улогата на временска машина. Забележливо, во публиката немаше многу млади луѓе, повеќето беа од времето на Били Ајдол, кои искрено му се радуваа на својот некогашен идол. Околу 7.500 посетители беа сведоци на одличната журка во која ги слушнавме и „Scream“, „Eyes Without A Face“, „LA Woman“, „King Rocker“, „Boss Sound“, „Blue Highway“, „Rebel Yell“... Фантастичниот Ајдол двапати се пресоблече, свиреше на гитара, се симна и во публиката, ги почести оние во првите редови со подароци, зборуваше меѓу песните, неколкупати го спомена Скопје, ја пофали публиката, се разголи прикажувајќи извонредно торзо и стомачни мускули на кои многумина можат да му позавидат... Правеше се' за извонредно и прецизно спакувано деведесетминутно шоу, во кое беше дозволен само еден бис и неизбежните „White Wedding“ и „Mony Mony“. Последните минути пред полноќ значеа и збогување со Били Ајдол и со неговиот извонреден бенд. „Се гледаме наредниот пат“, заврши Ајдол, делејќи ја истата желба со сите свои македонски фанови, кои преполни со впечатоци продолжија да шепотат во ноќта, потпевнувајќи ги неговите хитови...

Од дневникот на Били Ајдол и бендот...

„Патувањето до Скопје беше лесно - приватен авион и брзо возење до хотелот, така што имавме шанса да разгледаме наоколу и да се одмориме неколку часа пред да заминеме на концерт. Сега кога звукот на сцената е прилично среден, одлучивме да не го проверуваме и да одиме во арената непосредно пред почетокот на шоуто. Можам да ја слушнам публиката за време на настапот на предгрупата, но кога јас и Стив ги удривме почетните акорди на „Ready Steady Go“, местото еруптираше!

Ова е една од најдобрите свирки на турнејата досега, публиката спакувана во внатрешноста на објектот - илјадници бучни фанови на Ајдол го пеат секој збор и танцуваат. Одовде, од сцената изгледа неверојатно и сите правиме фантастично шоу. Свириме како бенд, а не како шест индивидуи. Вечерва е една од оние кога се гордеам што свирам гитара, а уште погорд сум што ги свирам токму овие песни. Каков факин живот!“
Били Морисон, гитарист

ПОЗНАТИ ФАЦИ

Меѓу присутните на концертот на Били Ајдол забележавме многу познати фаци, меѓу кои беа Сашо Мацановски-Трендо, Кристина Арнаудова, Дани, Берта Додевска, Антонио Милошоски, Гордана Јанкуловска, Владо Бучковски, Мишко Барзов, Бане Поповиќ, Ивица и Ружица Брчиоски - „Ареа“, моторџиите „Ноќни волци“...

Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи

Белег на младоста на многу луѓе

„Јас не сум некој од најголемите фанови на Били Ајдол, но тој е едно од имињата што ја одбележаа младоста на многу луѓе, па кога е веќе во Скопје, добро е да се биде дел од овој голем настан за Македонија. Во принцип, Били Ајдол има песни што ги знаат речиси сите генерации, така што негови најголеми хитови се песни, кои секого потсетуваат на одредени моменти од средношколските или од деновите на студии кога сите бевме помлади и повесели“.

Антонио Милошоски, министер за надворешни работи

Моите другари свиреа песни од Били Ајдол

„Сум го слушал доста, на многу забави токму Били Ајдол бил тој што ја создавал атмосферата и не' понесувал. Имам и пријатели што свиреа песни од Били Ајдол, така што прилично добро ми е познат. Првпат го слушам во живо. Ова е идеална можност да видам ��али тоа што сум го слушал од Били Ајдол ќе се совпадне со тоа што ќе го слушнеме вечерва. Вечерва два часа ќе бидам нешто сосема друго, а не министер“.

 

Владо Бучковски, пратеник

Враќање во средношколските години

„Многу луѓе што ги гледам овде се од генерациите што го знаат Били Ајдол. Нема многу млади, тоа значи дека оние што живееле во негово време знаат каква ѕвезда беше тој. Првпат го слушам во живо и морам да кажам големо браво за „Авалон“ што успеаја да донесат едно од најголемите светски имиња. Концертот ме враќа во средношколските години, тоа беа најубавите години!“

 


#
Статијата е прочитана 1695 пати.

Испрати коментар

Од: Slavica
Датум: 22.06.2010 00:17:35
Navistina večer za nezaborav! Od se srce cestitki za Organizatorot koj veke so godini od selo go pretvora mestovo vo metropola so vakvi spektakli! Kritiki do novinarkata,do koga veke so toa"poznati faci" koi go sledele koncertot? Toa e ponizuvanje i do organizatorot i do Billy Idol i do nas "nepoznatite"koi so kupuvanje bileti gi ovozmozuvame ovie koncerti! Sto me interesira mene sto na koncertot bile:Dani,Kristina,Misko Barzov,Ivica i Ruzica od Area?!?!Za kraj,Avalon od vas gi cekame Bon Jovi leto 2011 na Gradski!
Од: mako
Датум: 22.06.2010 01:14:54
nema poubavi godini od 80-te
Од: skopjanec
Датум: 22.06.2010 02:05:11
Poznati faci! Sto se vo sporedba so Sitna, a nego ne go spomenuvate?
Од: Ane
Датум: 22.06.2010 08:04:26
Koncertot bese top da posakame uste vaka uspesni koncerti i golemi iminja i vo narednata godina i cestitki do Avalon, bez niv nemase da ima vakvi koncerti vo Skopje. Vo statijata pisuva deka i Gordana Jankulovska bila na koncertot, dali taa vide deka zakonot za zabrana na pusenje ne vazese za vreme na koncertot, po nego site izlegovme kako podvizni pusnici ili ministerkata ne bese na dolznost, ili poradi dobieniot gratis imase ocila i ne zabeleza?
Од: m i l c o
Датум: 22.06.2010 09:44:24
d e d o ,, d e d o , d e d o ,, bas ubavo nie nemame dedovci za gledanje ,, sto ne gi prasate kade napravile koncert poslednite godini,,odat kade sto nikogas ne ni pomislile da odat ,,na vremeto ,,no nasle ovciki da gi gledat ,,ima uste dedovci i babi na 70-80 godini NEKA DOJDAT ,NASITE SE POGROZNI
Од: marjan -MAC
Датум: 22.06.2010 13:47:44
Sto i da napisam nema da bide dovolno da go opise nastanot na 20 juni so gostuvanjeto na zivata legenda Bily Idol ! toa ne se opisuva moze samo da se dozivee.Mi se ostvari zivotniot son da go slusam i gledam vo zivo i beskrajno im blagodaram na Avalon sto donesoa takva zvezda !!!

Најди! во Утрински
Забава
Таткото на Ејми од радост се бакнуваше со пријателот
Се бори за вилата, а сопругот за осминафиналето