МИЧ ВАjНХАУС Таткото на Ејми од радост се бакнуваше со пријателот
Мич Вајнхаус при едно неодамнешно вечерно излегување се сретна со стар и драг пријател, па веднаш се развесели и блесна од радост. Таткото на славната пејачка Ејми ги изненади папараците кога пред лондонскиот клуб „Џез афтер дарк“ го грабна пријателот за рамењата и прегрнувајќи го силно, страсно го бакна во устата. Но, се чини дека бакнежот беше само претстава за фотографите, затоа што, според неколкумина сведоци, двајцата мажи ставија рака пред устите. Сепак, бакнежот пред објективите им се допадна и на двајцата, па го продолжија својот интимен чин и кон автомобилот.
Таткото на славната Ејми, бивш таксист, откако беше восхитен од музичката кариера на својата ќерка, неодамна и самиот го издаде албумот „Раш“, па нема да биде чудно доколку се случуваат повеќе вакви „излети“ - соодветна медиумска кампања и промоција на сопствената музичка дејност. Тој неодамна пред новинарите се фалеше дека познава голем број славни личности. „Го ��апознав Елтон Џон, тој е мојот херој. Роџер Делтреј и Расел Бренд се одлични, дури ги имам и нивните броеви во телефонскиот именик. На Мик Џегер му се развикав и го пцуев затоа што правеше врева на еден концерт на Ејми, но откако ми се извини, станавме пријатели“, рече Мич. |