Кредит од 5,6 млн. евра за сообраќајни проекти
Град Скопје ќе се задолжи кај меѓународна финансиска институција со заем од 5,6 милиони евра поради изградба на сообраќајници и Центар за управување и контрола на сообраќајот, одлучи мнозинството во Советот на Скопје. Парите ќе бидат искористени за реконструкција на улицата „Првомајска“, на потегот од булеварот „11 Октомври“, кај старата рампа до улицата „Народни херои“, што ќе чини 3 милиони евра. За изградбата и опремувањето на Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе бидат потрошени 2,6 милиони евра. Рокот за отплата на заемот ќе биде 13 години, со грејс-период од 3 години. (С.Н.) |