„Оне“ - најфилантроп во 2009 година
Компанијата „Оне“ ја доби првата награда за општествена одговорност за големи и за средни претпријатија во категоријата корпоративна филантропија за 2009 година. На изборот што го организираше Центарот за институционален развој, „Оне“ беше прогласена за општествено најодговорна компанија во земјава поради реализираните многубројни активности и проекти во областа на општествената одговорност со што даде голем придонес за заедницата.
„Ние во „Оне“ цврсто веруваме дека компаниите се дел од едно општество од кое не треба само да земеме, туку и да даваме. Можам да ветам дека и оваа година ќе продолжиме со истиот елан и ентузијазам во реализирањето на нашите проекти, кои помагаат на најранливите категории граѓани во општеството”, истакна Виктор Доневски, директор за односи со јавност во „Оне“. (С.Р.) |