Број 3293  сабота, 29 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Пренесено

Невкуснa почит за Мајка Тереза

Куќата на Мајка Тереза навредува со бизарната процедура на селекција, со својата ароганција и невкус

Највлијателното светско списание за архитектура „Архитекчрал ривју“ (Architectural Review) пишуваше и за Спомен-домот на Мајка Тереза во центарот на Скопје. Оценките на ова списание, кое излегува од 1896 година во Лондон, се исклучително важни за сите архитекти во светот. „Архитекчрал ривју“ е особено пофалуван како лидер во дебатите за новите проекти што се градат во градовите насекаде во светот. Поучно е да видиме како влијателните архитекти гледаат на она што се гради кај нас



По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кој уништи 80 проценти од градот, Скопје - главниот град на Македонија, стана симбол за меѓународната солидарност (помош за обнова пристигна од 82 земји), навестувајќи ја ерата на херојска модерна архитектура и урбанизам. Тоа, исто така, ја навести и глобализацијата кога првпат и Истокот и Западот ги здружија силите за да ја придвижат реконструкцијата на градот.

Новиот урбанистички план за Скопје беше осмислен од две компании за планирање, „Доксиадис“ од Атина и „Полисервис“ од Варашава, кои соработуваа со локалниот Институт за планирање и архитектура. Јапонскиот архитект Кензо Танге и Словенецот Едвард Равникар победија на меѓународниот конкурс за градскиот центар и беше направен Деталниот урбанистички план, познатиот „Варијација IX“. Извлекувајќи се од катастрофата, Скопје ја искористи можноста за се етаблира како модерен град.

Во 2006 година Скопје доби уште една можност за меѓународно препознавање, со предлогот да се изгради меморијална куќа за Мајка Тереза, иницијатива поддржана и од Ватикан и од следбениците на нејзиниот ред, како и од македонската влада и од јавноста. Родена како Агнеса Гонџа Бојаџиу во Скопје во 1910 година, Мајка Тереза живееше во градот до својата 18-та година пред да им се приклучи на Сестрите Лорето и да ја почне својата позната хуманитарна мисија.

Министерството за култура распиша меѓународен конкурс за проектот, на кој победи португалскиот архитект Жорге Марум. Меѓутоа, властите и иницијативниот комитет бизарно одлучија да го игнорираат мислењето на експертите и распишаа нов конкурс, избирајќи дизајн претходно подготвен од локалниот архитект Вангел Божиновски, познат по неговите архитектонски бајки и шизофренични креации.

За Скопје ова претставува загубена архитектонска можност, како и уште еден обесхрабрувачки пример за политичко мешање. Критичарите брзо реагираа на грозниот дизајн на Божиновски. „Градбата е дизајнирана многу површно со премногу стории што треба да ги раскаже, но без некоја суштинска порака да пренесе“, вели Ерих Рајт од Техничкиот универзитет во Виена. „Ако го немаше христијанскиот крст, градбата би можела да биде диско или казино“.

Марен Харнак, професор на универзитетот Хафенсити во Хамбург, забележува дека градбата „не го симболизира животот на Мајка Тереза и нејзиното откажување од материјалните добра“.

Објектот на Божиновски е како невкусно облечена личност, дотерана во гумени чизми, чипкани чорапи, здолниште и кошула од кинеска свила, сето тоа нагласено со накит и нешто што изгледа како кацига на космонаут. Има многу работи на едно место. Според кустосот на куќата, „ова е сонот на малата Тереза, да живее со нормално градско семејство“. Меѓутоа, тоа е многу невкусно, бидејќи „малата Тереза“ никогаш не сонувала за таков тривијален буржоаски живот посветен на материјални добра.

Ако објектот не беше дизајниран за да оддаде почит на една толку важна личност, можеби ќе помнеше со неговата ненавредлива комичност. Меѓутоа, како што излезе, објектот е многу навредлив. Тој навредува со неговата бизарна процедура на селекција, со неговата претенциозност, со својата ароганција и невкус. Но, најмногу од се' навредува со тоа што целосно ја игнорираше секоја архитектонска корелација со животот и делото на Мајка Тереза. Дали Скопје ќе добие уште една шанса? По ова, не заслужува. (Архитекчрал ривју)


#
Статијата е прочитана 2475 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 29.05.2010 00:46:14
Tocno taka. Bevme i ce si ostaneme selska palanka cel zivot. Po primerot na nasite politicki lideri.
Од: arhitekt
Датум: 29.05.2010 01:08:35
Се согласувам со коментарот, но треба да се каже дека е напишан од арх.Дивна Пенчиќ,асистент на архитектонскиот факултет.А тоа никаде не го споменувате?
Од: граѓанин
Датум: 29.05.2010 03:06:01
Досега, кога поминував покрај тој исклучително грд објект подзамижував, ама како ќе биде во иднина кога ќе испонаредат уште еден куп грдосии кои ги планираат за центарот - нема да можам цело време да мижам.
Од: Andrana
Датум: 29.05.2010 07:02:01
Bravo za napisot. Toa e cudovisna gradba, sto e sram za Skopje. Treba da se najde nekoj Herostrat i da ja unisti ovaa monstrum gradba, da ne gleda svetot kakvi primitivci kaj nas odlucuvaat da izveduvaat proekti na totalno neinventiven naduenko, koj za sebe misli deka e arhitekt i "esteta"
Од: noname
Датум: 29.05.2010 08:16:22
Градбата е катастрофа, најлош објект што го имам видено до сега. Треба да се размислува да се сруше.
Од: dedo dimo
Датум: 29.05.2010 08:25:41
Arhitektot mislel ubavo .Majka Tereza ne uzivashe vo blagota koga beshe ziva ,pa zatoa Arhitektot e nagraduva so ubava kuka .Neli site na roditelite im pravime ubavi grobovi so mermer od koga ke umrat a koga se zivi kapka voda ne sakame da im dademe.
Од: ...
Датум: 29.05.2010 08:55:41
Со нетрпение ги чекам следните избори. Било кои други да дојдат ќе не оправат малку, оти нема полошо од ова на што сме сега. Изморена сум веќе да гледам како овие неписмени прават пустош во мојата земја :(
Од: ognjanka
Датум: 29.05.2010 09:16:48
Ne samo objektot kako takov, tuku i negovata lokacija se po moe mislenje cisto promasuvanje
Од: Чегране
Датум: 29.05.2010 10:05:39
Архитективе ти биле чудо!Толку се мразат или си завидуваат меѓусебно што се граничи со невкус!
Од: Andrej
Датум: 29.05.2010 10:32:22
Ako e vistina ona sto veli eden od citatelite deka napisot e od makedonski arhitekt, togas i pokraj toa sto e objaven vo vakvo ugledno spisanie, relevantnosta na tekstot ne e mnogu golema. Imeno se znae deka ugledni spisanija dozvoluvaat nadvoresni tekstovi od vreme na vreme, koi izrazuvaat licen stav. Zatoa i bev zacuden na negativnosta i ostrinata na tekstot. Vistina objektot ne e ubav, no zapaden arhitekt nema da si dozvoli tolku nizok stil na kritika so takva emocionalna oboenost, taka sto sega mi e malku pojasno.
Од: realen
Датум: 29.05.2010 10:57:58
Umetnosta i arhitekturata se subjektivni raboti. Ako nejze ne i se dopadja mene mi se dopadja. Realno site stranci se vooduseveni sto ja posetuvaat a dali na nekoj kancelariski sluzbenik i se dopadja ili ne pa i ne e tolku bitno
Од: Komentator
Датум: 29.05.2010 10:59:34
Kakao star Skopjanec..izricito bev protiv bilo kakva gradba na nekoj si memorijalen centar na Majka Tereza....samo koj gi slusa starite skopjani ...stanaa nezabelezitelno malcinstvo vo svoj vekoven roden grad...Na mesto na ona arhitektonsko "strasilo" pred zemjotresot imase edna prekrasna katolicka crkva seta vo kamen prava aritektonska skapocenost...Ne ne bese sosema unistena.. na nekoj mu odgovarase da ja zatolci..za da se pravat gradski zidovi koi nemaat vrska so grad...Najgolema pocit na gradanka na svetot i "nase gore list"...ke i ja dadovme povtorno na toa mesto da ja izgradevme taa avtenticna crkva so nejzinoto ime...a ne da se raspravame moe tvoe...za licnost koja od Makedonija i Albanija gi zaboravila i bukvite M i A....!!!
Од: jas
Датум: 29.05.2010 11:08:42
Ova ne e kuka ova e cudoviste, za nesto volku grdo i nevkusno samo kaj nas moze da se dadat pari i prostor, TAZNO
Од: mene
Датум: 29.05.2010 11:43:59
na mestoto kade sto se naogja objektot imase prekrasni stari drvja so golemi krosni koi bea iseceni za da se izgradi spomen domot. dali majka tereza poveke bi sakala da ostanat drvjata i da bide izgraden pomal objekt ili ne?

Најди! во Утрински
Скопје
Завршна приредба во Германскиот центар
„Оне“ - најфилантроп во 2009 година
Кредит од 5,6 млн. евра за сообраќајни проекти
„Денови на Крале Марко“ трет пат на Матка