Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Каде се скрија вистинските кодоши

 Во Македонија немало кодоши, можеби само еден - довчерашниот претседател на Уставен суд, за кого уште не е завршена процедурата

Оливера Војновска


Македонските лустратори досега не пронајдоа ниту еден кодош меѓу припадниците на актуелната политичка елита. Можеби има само еден, но тој, сепак, е од судската власт. Довчерашниот претседател на Уставен суд, Трендафил Ивановски, за кого се' уште не е завршена правната процедура. И колку и да изгледа куриозитетно, излегува дека во Македонија во претходниот систем воопшто не се денунцирало, немало кодоши!

Тоа го покажуваат официјалните податоци кои Комисијата за лустрација и' ги соопштува на јавноста. На онаа иста јавност која речиси три месеци е бомбардирана со досиеја и кодошки сценарија. Но, откако лустрацијата ги покри сите настани во државата, добивме одговор дека се кренала толкава врева за безвредни фабрикати, плагијати, фалсификати...

Каде е, всушност, вистината за македонската лустрација, која посматрачите на настаните веќе ја оквалификуваа како „одење бос в трње“? Процесот излезе од Комисијата за верификација на фактите, заталка меѓу партиските штабови и правливите архиви на нашите разузнавачки служби, за на крајот да стане заложник во депоата на поранешните УДБА и КОС во Белград.

Аналитичарот Ким Мехмети мошне луцидно забележува кој правец може да го фати лустрацијата. „Доколку Скопје ги добие досиејата од Белград, тогаш и кокошките на Албанците ќе бидат прогласени за кодоши“, вели Мехмети.

И во меѓувреме, додека лустраторите се најдоа во улога на неми набљудувачи на настаните, вистината и лагата за кодошењето толку се испреплетоа што е тешко да се состави реалната слика. Нешто слично како во филмот „Балкански правила“ на режисерот Дарко Баиќ, кој ги опишува деликатните врски меѓу југословенската, српската и хрватската тајна полиција во текот на 60-тите години од минатиот век.

Со досиејата „Вујко“, „Мама“, „Стрелец“ и „Ибар“, кои стасаа до кормилото на ДУИ, македонската лустрацијата доживеа вистинска катарза. Тоа дека постоеле лица со такви псевдоними потврди поранешниот шеф на специјалниот тим на југословенската Служба за државна безбедност, одговорен за албанската емиграција, Божидар Спасиќ. Така што, иако Комисијата одлучи да не отвори постапка за лустрација на функционерите на ДУИ, бидејќи се работи за „фотокопии што не ги исполнуваат стандардите на едно досие“, тоа сигурно нема да ја симне калта од нивните биографии. Напротив, прогнозите се дека оваа лустрациска епизода ќе остави сериозни последици врз угледот на ДУИ.

Познавачите на состојбите во албанскиот блок се сомневаат дека сето ова е изрежирано од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се држи ДУИ под контрола. Политичкиот аналитичар Џевдет Хајредини отворено ќе каже „некој ги сакал токму овие последици“, а за можноста од канализирање на процесот во институциите сликовито се изрази: „Враќање во коритото без последици - нема“.

Според аналитичарот Мехмети, Албанците и денес се објект на манипулација на полициски структури од Белград. Затоа, тој е убеден дека цехот на уличната демократија најскапо ќе го платат токму Албанците, а оној што ќе профитира ќе биде премиерот Никола Груевски. „Не велам дека Груевски барал токму ваква лустрација. Но, тој во политичката игра толку ги парализирал Албанците што тие во власта сега не смеат ниту да прашаат колку чини една скулптура на лав“, резонира Мехмети.

Македонската лустрациска сага фактички започна во албанскиот блок, со директна војна меѓу ДПА и ДУИ. ДПА обелодени дека поседува документ за пратеник од ДУИ, каде што, според нив, „на 13 страници има неоспорни факти дека тој бил соработник на тајната полиција“. Сепак, Комисијата не ги виде тие „неоспорни факти“ и со гласање заклучи дека не треба да поведе постапка за лустрација. Тоа беше повод партијата на Мендух Тачи да поднесе кривична пријава против лустраторите, „бидејќи криеле факти за пратеникот од ДУИ, бивш политички затвореник“.

Потоа огнот се префрли во атарот на владејачката партија, која беше обвинета дека го крие кодошот од партнерите во портокаловата коалиција. Политичкиот ментор на Груевски и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, во отворено писмо до Груевски го исцрта профилот на кодошот. Пратеникот на кој алудираше Георгиевски самиот се препозна. На прес-конференција негираше дека бил соработник на тајните служби и покажа уверение од Комисијата за лустрација дека го исполнува дополнителниот услов за вршење јавна функција.

Но, и бурата околу него одеднаш стивна. Се префрли кај уставниот судија кому сега му останува да докажува пред Врховниот суд дека со политичка мотивација „од жртва и прогонувано лице, му било конструирано досие на кодош“. Доколку не го добие спорот, може да ја искористи опцијата да се жали во Судот за човекови права во Стразбур.

Инаку, досега во лустрациската Комисија изјави заверени на нотар доставиле над 2.500 функционери и кандидати за вршење јавна функција. Лустрацискиот филтер, пак, го поминале околу 320 функционери, меѓу кои претседателот, премиерот, министрите, пратениците.

Македонското општество ќе ги прочистува гревовите (како што е значењето на латинскиот збор lustratio ) до јануари 2019 година. Старите Римјани го правеле тоа на секои пет години и задолжително имало ритуал со факели, музика и танци. Ние го правиме тоа на типичен македонски начин: на улица, во дворови и од партиски прес-конференции.










#
Статијата е прочитана 2050 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 15.11.2010 12:50:49
Ne se skrijeni. Tuka se, i sekoj den gi gledame. Toa se tajkunite, koj veke si imaat svoj mrezi i kodosi, a za niv veke rabotat/kodosat/ i del od politicarite. Nivni luge/rodnini se postavuvaat na funkcii, upravni odbori,ministerstva..... Se lovat samo onie koj se pred lopatata na sveti petar, za da se pokaze deka eve i nie sme imale kodosi koj pocnavme da gi "sankcionirame". Policisko-kriminalnoto-kodosko podzemje i ponatamu ja drzi drzavava vo zaloznistvo.Tie odreduvaat koj ke bide "biznismen" a koj ke "bankrotira".Tie preku nok mozat da ti pruzat da stanes bogat i "uspesen" biznismen(dokolku si poslusen) a istite tie se uste unistuvaat luge i sudbini dokolku ne si im po merka, ili nedajboze konkurencija.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 15.11.2010 14:58:13
Лага е дека документацијата за кодошите се наоѓа исклучиво во Белград!Ниту,пак,е вистина,дека сите Албанци би биле прогласени за кодоши!Изјавата на К.Мехмети е уште еден обид да се префрли вината на друг и воопшто не е „луцидна“,ниту наивна!Излегува дека некој кодошел исклучиво за српските служби,што апсолутно не е точно!Државната безбедност одамна (уште пред 1974) беше поделена на Републички парчиња,кои најчесто одлучуваа самостојно и сосема независно од сојузната централа!Сојузниот Факултет за безбедност не беше случајно отворен во Македонија,таа до денес остана најтемниот вилает на Балканот!Ме интересира дали има професор од Правниот факултет кој не предавал и на посочениот факултет?Дали има партија во која нема луѓе кои биле инволвирани во поранешните државно-безбедносни структури?Што мислите?Има ли кај нас партија во која ниту еден нејзин член не бил ниту портир во овие служби?Изгледа дека токму портирите најлесно стигнаа до политичките висови!!
Од: NASIOT
Датум: 15.11.2010 18:24:25
NIGDE NE SE KRIJAT ,,MOMENTALNO RABOTAT ZA GRIEVSKI'' ,A POSLE KE RABOTAT ZA SLEDNIOT .
Од: xxL from Prilep
Датум: 15.11.2010 22:51:59
pa neli e bre interesno... otide Ivanov vo Belgrad,se vrati i... pocnaa da letaat dosijea po dvorovi(ova e za slepcite da im se otvora ocite)
Од: flying monaco
Датум: 16.11.2010 07:36:48
Nesme slepci, gledame sto pravi opozicijata.Stom se izvleci eden kodos odma komunjarite ke skoknat kako struja da gi cepnalo spremni se da e zapalat drzavata samo da spasat odnosno da se spasat. Koj mozel kodos da bidi osven poranesnite diktatori.Ama ke im dojdi krajot i niv...
Од: Aba Gavril
Датум: 16.11.2010 07:52:36
Kodosite bivsi i segasni se vo MANU, MPC i vo instituciite naokolu. Ideologiite se menuvaat. no kodosite ostanuvaat istite!

Најди! во Утрински
На прво место
Поделена прославата на 13 Ноември
Не сакаа�� априлили попис
На 21 ноември СДСМ на митинг во Штип
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial