Партијата на Имер Селмани одржа протест со кој бараше пописот, наместо во април, да се одржи во јули
„Зошто Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ толку многу инсистира да го донесе овој исклучувачки закон за стотици илјади Албанци? Дозволете јас, Имер Селмани, ваш брат, уште еднаш да ја прашам албанската партија на власт, која е причината зошто тие толку многу инсистираат да го спроведат пописот во април? Дали е зборот што му го имаат дадено на Груевски или се тесните лични интереси што им ја заглавиле опашката, па не можат да мрднат?“ На овој начин претседателот на Нова демократија, Имер Селмани, вчера пред празната зграда на Собранието им се обрати на владејачките партии, особено на својот политички опонент ДУИ, порачувајќи им да не го гласаат законот за пописот, кој, како што рече, ќе избришел над 30 проценти од албанското население во Македонија. На протестот под мотото „Не се попишуваш, не постоиш“, се собраа околу две илјади граѓани што носеа транспаренти, вееја албански знамиња и по некое на САД и на ЕУ, но немаше ниту едно македонско знаме.
„Не сакаме априлили попис“, „Стоп за национализмот“, „Ќимо (се мисли на Абдулаќим Адеми), „Колку се 500.000+300.000 Албанци“ беа само дел од пораките со кои Нова демократија вчера го изрази незадоволството за законот за попис.
Од ДУИ вчера ги осудија методите со кои Нова демократија го загрозувала пописот. „ДУИ изразува жалење зашто една партија како што е Нова демократија, која себеси се прокламира како модерна, со европски визии, за мултиетничка Македонија, се служи со методи, како што се бојкот, уценување и опструирање, како начин за изразување незадоволство кон одреден политички проект. Бојкотирањето претставува реален ризик да се намали и со тоа да не се претстави реалната бројка на етничките Албанци во земјава. Преку бојкотирањето се загрозува вистинската слика за процентуалната застапеност на населението во Македонија“, изјави Ермира Мехмети од ДУИ. (Св.У.)
Covek sto osven "PO" ne razbira drugo ,napisal ,stop za nacionalizmot,.E moj Selmani kade ke ti odi dusata.
Од: Mite
Датум: 15.11.2010 13:08:54
gi citame ko Bukvar... popisot se odviva tamu kaj sto ziveat, no albancite sakat 2 termini za da moze da se popisuvaat i vo Kosovo i vo Makedonija
Од: RND
Датум: 15.11.2010 14:17:47
Na "Makedonskiot Obama", kako sto bese imenuvan gospodinot Selmani pred poslednite izbori, sakam samo da mu poracam deka na slednite izbori ke ima 30-40% pomalku glasovi samo poradi toa sto gi izigra Makedoncite. Pred izborite se zalagase za ramnopravnost za site, duri i zboruvase makedonski pred narodot - a posle izborite padna jagneskata koza i se pokaza volkot. (Ako ne da ja popiseme i celo Kosovo, Albanija, Svajcarija, Germanija itn....)
Од: MITRE OD RUVCI
Датум: 15.11.2010 14:18:09
Еј Народе Македонски,наивен и изгубен ДЕЛ ОД Македонскиот Народ кој 2009 гласаше за ИМЕР СЕЛМАНИ,видовте ли дека е тој ПОГОЛЕМ НАЦИОНАЛИСТ ОД АЛИ АХМЕТИ И ОД ЏЕМО ХАСА.За кого гласавте АЛБАНЕЦ никогаш нема да се бори за Маке��онците !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Slucaen Minuvac
Датум: 15.11.2010 15:22:11
Nikade vo tekstot deka se koristat deca vo politicki celi, a od fotografiite toa e ocigledno. Neli e za krivicna prijava organizatorot na protestot.
Од: јас
Датум: 15.11.2010 16:44:22
Сакале попис во јули и август оти тогаш биле вратени оние на привремена работа во странство..Па во странство не се само Албанците..Во ист процент таму на работа се и Македонци и Власи и др.народности..Само во друга грмушка леѓи зајакот , затоа се настојува пописот да е во август...
Од: Nevrzano
Датум: 15.11.2010 18:54:02
И што ке правиме кога ке се покаже дека ги нема онолку колку што викаат дека ги има. Ке се бришат ли некои од ставките на Охридскиот договор или кој и да беше од договорите на кој што секогаш инсистираат ако не дај боже нешто не им одговара. Што ке правиме со џамијата во Горна Белица?
Од: zore
Датум: 16.11.2010 09:34:42
e sega neka se zamislat malku site makedonci sto glasaa za ovoj t.n. "makedonskiot obama" za sto glasaa? za spomenik na dzemo hasa? ili pak mozebi za multietnicki protesti so nacionalisticki UCK predznak? ah bre e pa makedonce .................