Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Поделена прославата на 13 Ноември

Власта на една страна, опозицијата на друга, само борците единствени

Само оние што се сеќаваат се' уште на деновите од Народноослободителната војна беа единствени во завчерашната прослава на 13 Ноември. Само борците побараа да се почитува минатото за да може да се гради иднината. Останатите покажаа дека или недоволно го почитуваат минатото или, пак, не се заинтересирани за заедничка иднина.

Скопје го прослави Денот на ослободувањето. Се положија цвеќиња на Партизанските гробишта во Бутел, пред споменикот на генерал Михајло Апостолски, како и пред Споменикот на ослободителите. Им беше оддадена почит на оние што му ја донесоа победата на градот во 1944 година. Но, за жал, и овој пат немаше заедништво.

„Важно е да не се партизира државата, бидејќи тоа предизвикува проблеми при искористу��ањето на човечките ресурси, кои се особено важни за малите народи“, рече претседателот на Сојузот на борците, Тодор Атанасов.

Сепак, на 13 Ноември се случи токму спротивното. Празнувањето беше партизирано. Се славеше разделено. Власта на една страна, опозицијата на друга страна, секој со своја манифестација. Премиерот Груевски, со раководството на Градот Скопје, пратеници, министри, оддадоа почит пред Владата, а Бранко Црвенковски со СДСМ во Карпош, на местото каде што е формирана Првата скопска бригада. На плоштадот „Македонија“ младите сили на ВМРО-ДПМНЕ организираа средби со потомците на Ченто. Претседателот Иванов, пак, беше со децата од градинката „13 Ноември“.

Груевски положи цвеќе без изјава. Црвенковски не пропушти да упати критика дека власта ја релативизира Народноослободителната војна. Само најстарите, борците, потсетија зошто, всушност, се празнува. Побараа да се почитува сеќавањето на 13 ноември 1944 година. Бидејќи празникот е на сите граѓани на Скопје. И на оние што го дадоа својот живот за да го ослободат градот и на денешните и на идните генерации. (Б.А.)




#
Статијата е прочитана 871 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 15.11.2010 12:55:27
Denes se osilia potomcite na onie koj vo toa vreme bea gubitnici, i normalno, vakvite nastani od istorijata za niv se "loso iskustvo". No gubitnicite povtorno ke bidat gubitnici. Radosta uste kratko ke im trae. Vecna im slava i blagodarnost na borcite koj 1944 go oslobodija Skopje.
Од: MITRE OD RUVCI
Датум: 15.11.2010 14:10:05
Зошто ДПМНЕ НИ ПРОДАВА МАГЛА,нивните предци 1941 БУГАРИТЕ ГИ ДОЧЕКАА КАКО ОСЛОБОДИТЕЛИ.Во Македонија Германците не правеле зло,ТУКУ ПРАВЕЛЕ милениците на Бугарофилите БЛГАРИТЕ.Сите убиени Македонски генијалци и револуционери се поткажани и накодошени од БУГАРОФИЛИТЕ задоени со идеите на ВАНЧО МИХАЈЛОВ,на кого ГРУЕВСКИ му прави ВОСОЧНА ФИГУРА ВО МУЗЕЈОТ НА ДПМНЕ .
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 15.11.2010 15:12:02
Не знам кој е интересот на Сојузот на борците да се умилкува на власта која,до вчера,воопшто не ги признаваше како носители на борбата за слобода на Македонија!Најверојатно и таму се променила структурата!Вечна им слава и благодарност на борците кои учествуваа во бојот за ослободување на Скопје!
Од: stavros
Датум: 15.11.2010 15:50:49
Po logikata na nestata kako denes stojat rabotite, borcite (komunjarite de) koi odea na Skopje treba da se apsat i vo zandani da se stavat.Ta tie, komunjarite, go "okupiraa" i porobija Skopje, neli?! Kakov sram, kakva lakrdija, kakva bruka. A Cento nas sigurno bi bil presreken (kako i mladive sili) deka makedonskata falanga stigna ottade Solun, duri do Kabul, do Bagdad........ Slava im i golema blagodarnost na borcite koi go oslobodija Skopje i drugite gradovi na Makedonija.
Од: citatel
Датум: 15.11.2010 20:06:37
Zosto nikoj pa ni novinarite nikogas ne prasaa kade e spomenikot na strelanite borci na denot na osloboduvanje na Skopje sto bese pokraj kameniot most???
Од: малку историчар
Датум: 15.11.2010 20:40:55
Вечна им слава и бескрајна почит на македонските комунисти и патриоти како единствена сила која успеа македонскиот барод да го поведе во борба и формира сопствена македонска држава. А бугарчета кои сега се тупкаат дека биле за независна и обединета Македонија, ќе ги најдете во друштво на најголениот македонски изрод Ванчо Михајлов. Слава за македонските борци (комунисти) и вечно проклетство на издајниците и македонските изроди.
Од: Simeon
Датум: 16.11.2010 00:21:49
А од кого беше „ослободено“ Скопје? - Моето семејство беше таман поробено. Сиот имот ни го земаа неработници и зулумќари. И мајчето му го плакаа. Тотално го уништија. Макар да го работеа како моето семејство претходно. А тие коишто не беа „окупирале“ сега ги молиме да не` примат у друштво. Кој кого ослободил, кој кого поробил? - Партизаните загубија, се виде дека се` што испокрадоа - пролапаа и ништо не остана, самото од себе си пропадна. Да не се` ослободи некој од капитализам? - Да си останеше, до сега ќе си бевме како оние како коишто остана, Италија, Грција, Шпанија, да не ги спомнувам поважните и посилните на север... зарем не е најарно да не се спомнуваат од 1941ва и катастрофата од 1944та? Нека биде - не знаеме кој и за што победил или изгубил сите сакале да биде поубаво... Некои биле поглупави некои попамтни, иднаната после 6 години покажала кои.
Од: tomo
Датум: 16.11.2010 04:14:35
Najzasluzniot Makedonec posle Aleksandar Makedonski e General Mihajlo Apostolski. Samo tie dvajca Makedonci pobedile i umrele neporazeni.

Најди! во Утрински
На прво место
Каде се скрија вистинските кодоши
Не сакаат априлили попис
На 21 ноември СДСМ на митинг во Штип
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language