Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Или помалку ќе не' лечат или ќе си доплаќаме

Владата предлага или болните да плаќаат поголема партиципација или вработените да издвојуваат повеќе од платата

Јасмина Јовановска


Пациентите и вработените ќе го спасуваат здравството од колапс. За да се пополни финансиската дупка во здравството, граѓаните за исти пари помалку ќе се лекуваат или, пак, ќе мора да доплаќаат. Владата предлага или болните да плаќаат поголема партиципација за здравствени услуги или, пак, вработените да издвојуваат повеќе пари од плата за здравствен придонес. Вака накратко може да се дефинираат двата модела на финансирање на здравствениот систем, со кој Владата предлага да го стабилизира овој сектор.

Предлозите се да се реформира постојниот здравствен пакет или да се воведат три нови здравствени пакети, во зависност од тоа колку пари од платата ќе се издвојуваат за здравството. Двата модела на финансирање на здравството вчера ги обелодени министерот за здравство Бујар Османи, иако Владата се' уште не знае што ќе содржи основниот пакет на здравствени услуги што ќе биде загарантиран за сите категории граѓани - од вработени до социјални случаи.

Според Османи, основниот пакет се' уште не е дефиниран. „Се' уште е предизвик кои услуги да се изостават од основниот здравствен пакет. Дилема има и околу тоа кои категории на граѓани ќе бидат ослободени од партиципација“, рече министерот Османи, кој не одговори дали новите модели ќе значат дека за исти пари болните помалку ќе се лекуваат или, пак, ќе мора да доплаќаат, со изговор дека се' уште не е одлучено. Двата модела ќе бидат дадени на јавна расправа и без да се постигне општ консензус, нема да се донесе одлука кој модел ќе биде прифатен, вети министерот Осамни.

Со првиот модел на финансирање се предлага да има основно здравствено осигурување со кое на граѓаните ќе им следува основниот пакет здравствени услуги, кој, најверојатно, би бил помал од сегашниот, и тоа за 7,3 отсто здравствен придонес, колку што и сега се одделува за здравството. Се планира да се воведе и дополнително здравствено осигурување, кое ќе ја покрива скалестата партиципација од 15 до 50 отсто што и сега се плаќа. Тоа дополнителното ќе си го плаќаат вработените, но кога ќе одат на лекар, нема да плаќаат ништо. Овој модел е сличен на оној од Хрватска и од Словенија. И приватно осигурување за натстандардни услуги и услови за лекување.

Вториот модел предвидува три пакети: основен, среден и проширен, во зависност од тоа колкав здравствен придонес ќе се плаќа. „Пример за основниот ќе се плаќа шест отсто и во него ќе влегуваат сите стандардни услуги, но со повисока партиципација, за средниот пакет ќе се издвојува 8 или 9 отсто, но ќе има пониска партиципација, додека проширениот пакет ќе чини над 10 отсто од платата и ќе покрива и стандардни и нестандрадни услуги, но без партиципација “, објасни Османи, кој не одговори кој ќе ги доплаќа процентите за средниот и за проширениот пакет, вработените или работодавецот.

„Вака како што е поставен системот е неодржлив. Имаме обемен пакет на услуги, но само на хартија. За да се стабилизира здравствениот систем, мора да се внесе свеж прилив на пари со кои ќе се покријат зголемените 10 отсто расходи секоја година како резултат на зголемена потреба од нови здравствени услуги“, објасни првиот лекар во државата.

На новинарското прашање зошто здравствените осигуреници да плаќаат за незаконското тр��шење на парите по болниците, за камерите, за двојното менаџирање, првиот лекар во државата рече дека не може да се мешаат овие работи зашто за Османи, камерите, реновирањето се капитални инвестиции што не се финансираат од здравствената каса, туку од буџетот.

Со новите видови здравствено осигурување се размислува породилното боледување да премине во Министерството за труд и социјална политика, а на товар на буџетот на државата да биде и вештачкото оплодување, како и инсулинот.


#
Статијата е прочитана 1399 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 09.11.2010 13:05:29
Одамна возот замина во провалија,Но гос.Османи прв призна дека Банкротира Здраството.Кој е на ред да признае.
Од: Кемал Ататурк
Датум: 09.11.2010 13:21:18
Г-дин Министре, а малку да ја ревизирате работата на ФЗО, нивните зголемувања на плати и додатоци. Потоа да го вратите придонесот по старо и да ги протресете клиниките т.е. нивните директори околу инвестициите јавните набавки и привремените вработувања. П.С. Ако некој се секава пред неколку месеци коменирав дека циркузи тек следат.
Од: duks
Датум: 09.11.2010 15:12:26
se neka propadne samo nemoj slucajno da go s topirate skopje 2114 i naprajte poke nakolni zivealista naskoro site ke sme vo kameno vreme
Од: kolede
Датум: 09.11.2010 15:20:43
Seto ova se vklopuva vo takanarecenata reforma na javnoto zdravstvo cija konecana cel e kompletno unistuvanje na javnoto zdravstvo no pri toa ostanuva zdravstveniot pridones sto go plakaat gragjanite.Znaci pridonesot ostanuva a paketot na zdravstvenite uslugi kontinuirano ke se namaluva.Moram da priznaam mnogu umno i volcite siti i OVCITE na broj.Aferim!!
Од: Трпе
Датум: 09.11.2010 15:32:59
Од кога старото железо има поголема вредност од човековото здравје.Народот што си бараше,тоа и си го пронајде.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.11.2010 20:04:22
Дефинитивно се работи за Убиство на јавното Здравство!Па и до сега народот одвојуваше огромна сума од платата за Здравствено осигурување!Се работи за Наопаку поставени „норми“ кои треба да го уништат здравјето на граѓаните!Поради повторното откривање на млаката вода во догледно време повторно ќе ни биде виновен некој друг!Влада која има пари за фрлање во налудничавиот малограѓански барок и кичфигурините одбива да вложува во Здравјето на граѓаните!Најверојатно,повторно,Вангелчо ги советувал дека лекувањето ќе се одвива пред Надгробните споменици!Во меѓувреме-еден апарат на илјадници пациенти за нив е напредок и забрзано движење кон Европа!Ужас!
Од: mimi
Датум: 10.11.2010 00:19:12
nitu se lecime nitu doplakame do koga se ziivee do togas i posle nekoj se udavil vo ohrid nekoj se maanal od mostot na vardar nekoj se obesil pa toa ti e zivootot vo makedonija
Од: реформа во здравствотo треба да изгледа вака:
Датум: 10.11.2010 09:15:37
1.Категоризацијата на здравственото осигурување требаше да биде направена уште на почетокот,значи пред 20 год,потоа да следи 2.опремување на болниците,потоа 3.категоризација на болниците.Но најбитно од се,кое што сеуште не е касно да се направи е:ЗДРАВСТВЕНИОТ ДЕНАР ДА ГО СЛЕДИ ПАЦИЕНТОТ.Г.министре,ФЗО е тој што треба да се реформира под итно ако сакате задоволни пациенти,и задоволни здравствени раб��тници.Ако пациентот реши да се лекува во приватна установа,усмерите ги парите од неговото осигурување во таа установа.Ако услугата е поскапа,пациентот ќе си доплати,но не го терајте и да плаќа здр.осигурување,и приватно да си ги плаќа услугитеНА ОВОЈ НАЧИН,ЗДРАВЈЕТО НА ПАЦИЕНТОТ ЌЕ СЕ СТАВИ ТАМУ КАДЕ ШТО ТРЕБА, НА ПРВО МЕСТО.Вака ќе ги мотивирате вработените во држ здрав. да си ја заработат платата и да ја подобрат услугата.Како сега се поставени работите,задоволен е само ФЗО,секогаш има полна каса, а лекарите се претворени во администритавни работници,кои работат се, но најмалку медицина.

Најди! во Утрински
Македонија
На екскурзија само со лекар
Замолкна Турското радио во Штип
Трим-патека на мисионерката Мис Стон
Основниот пакет само за ургентни состојби






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'