Трим-патека на мисионерката Мис Стон
СТРУМИЦА - Општина Василево ќе гради трим-патека по која се движела американската мисионерка Мис Стон на патот на нејзиното ослободување од заробеништво.
Како што е познато, за нејзиното ослободување Америка им исплатила на комитите на Јане Сандански 14.500 турски лири, односно 80 оки злато, кои биле употребени за купување оружје за потребите на македонските револуционерни чети. По пуштањето на слобода, на патот за Солун легендарната Американка извесно време престојувала во Струмичко, а сторијата за нејзиното заробување пред четири децении е искористена за снимањето на македонскиот игран филм „Мис Стон“.
„Заврши изборот на изготвувач на физибилити студија за развој и заштита на простор за рекреација и историски локалитет на браната Турија. Најповолна беше понудата на фирмата ‘Мак лидер‘ од Скопје. Студијата треба да биде готова за три месеци, а со неа ќе бидат опфатени содржините што би биле најповолни за уредувањето на овој туристички локалитет“, изјави тим-лидерот на проектот, Георги Цонев.
Средствата за изработка на студијата, во висина од 410 илјади денари, Општина Василево ги обезбеди од Министерство за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2010 година. (МИА) |