Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Груевски го вика Црвенковски на избори во април

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ ги прифати барањата за Изборниот законик и за списоците, а ги отфрли условите на СДСМ за А1

Соња Крамарска


Бранко не блефирај, туку излези на избори - повика вчера Никола Груевски од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот и лидер на владејачката партија рече дека прифаќа две барања од четирите што ги изнесе Црвенковски: измена на Изборниот законик и прифаќање на препораките на ОБСЕ, и формирање парламентарна комисија за преглед на избирачките списоци.

Груевски, исто така, нуди и договор да ги запре сите рекламни кампањи во медиумите во замена за барањето на Црвенковски да се направи договор за рамноправна распределба на буџетските пари во медиумите. Од СДСМ побара веднаш да се вратат во парламентот и за два дена да се усвојат измените на Изборниот законик.

Груевски истапи со жестоки напади врз својот политички ривал. Рече дека се плаши од избори и дека ако не ги прифати изборите со отстапките што Груевски ги направи, тоа ќе значи дека Црвенковски „блефира и не сака избори“.

Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која се дискутираше за барањата на СДСМ траела до доцна во ноќта во понеделникот. По краткотрајните консултации вчера претпладне врвот на ВМРО-ДПМНЕ реши Груевски да излезе на прес-конференција и да му возврати на Црвенковски, кој еден ден претходно одржа прес-конференција на истата тема.

Прашан за термин што го нуди за изборите, Груевски не одговори директно, туку се повика на уставната одредба за најдоцна 60 дена од распуштањето на парламентот, што преведено на неговото барање за брзи избори би значело избори во втората половина на април. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ не даде прецизен одговор ниту на прашањето дали ќе бидат одржани избори ако СДСМ ги бојкотира.

Продолжува на страница 2


#
Статијата е прочитана 2182 пати.

Испрати коментар

Од: Изгладнет
Датум: 23.02.2011 12:16:28
Избришете ме од избирачкиот список!
Од: Izgladnet od Crvenkovski
Датум: 23.02.2011 12:36:54
Ke glasam samo da ne se vrati toj sto me otera vo stecaj pred 17 godini.
Од: viki
Датум: 23.02.2011 12:57:11
Се надевам ќе објавите. Груевски си игра со Македонската судбина и Македонскиот народ со ефтини финти за прост народ (бањи, автобуски карти). Веќе не е во прашање како ќе живееме , туку дали Макединија ќе ја има или нема. Груевски игра опасно (на опасна карта). Како мал Пиноче се пенавеше од МРТВ, за која ни удри претплата, а сметките не ги добиваме уредно. Но, тоа е најмалку важно. Со говорот покажа дека НЕМА лидерски и државнички капацитети, бидејќи како премиер треба да е премиер на сите граѓани, а не партиски лидер. Треба да се департизира и да работи за доброто на сите. Вака личи на исфрустриран , а со тоа и многу опасен маалски кавгаџија. Се надевам ќе ми го објавите коментарот, ако Грујо не ви се заканил да не објавувате вакви нешта..
Од: krum
Датум: 23.02.2011 13:06:06
ova sega e poloso od komunizmot i ke mora da se napravi politicki balans , zatoa treba da se glasa za opozicijata
Од: Blue fighter : Los akter kolku i bokser
Датум: 23.02.2011 13:06:54
Tolku loso zvucese dodeka go citase napisanoto,duri i ona "Branko,ajde na izbori",sto sam sebesi ne treba da si veruva vo efektot na kazanoto,a ne pak da ocekuva drugite da go vospriemat na nacin na kakov sto mu bilo sugerirano da poentira.Poentite gi pravat drugi,no vo slucajoiv ne im e dobar ispolnitelot.Tolku izliteno i bedno izgledase obidot da se nametne kako dominanten vo ringot so prifatenata frlena rakavica,da se ostavi vpecatok deka pobedata e na dofat(iako so nameri za necisti udari ) sto bese zalno da se gleda napreganjeto i cinicnata nasmevka koja promovira pretstoen triumf.Sigurno nitu scenaristot,nitu reziserot ne bil zadovolen od odigranata uloga,no se uverija deka akterot im e amater.A niv nikoj ne gi zema zdravo za gotovo koga ima uspesni profesionalci na pretek.Zalno i jadno,no i za site nas tuka,sto kako takvi ne percepiraat site sto imaat normalna i respektibilna vlast vo EU i drugade.Sudbina ili izbor ?
Од: Dijana
Датум: 23.02.2011 13:14:01
Gruevski pobeduva i prodolzuva uste pzestoko vo narednite 4 godini
Од: Borce
Датум: 23.02.2011 13:14:58
Dvete partii da gi nema od politikata e najdobro za Makedonskiot narod.Gledame kako e vodi drzavata segachnata vlast a znaeme kako e vodeche opozicijata samo vo propast i siromachtija.opozicijata koga beche na vlast chto napravi dobro za narodot nichto samo kriminalna privatizacija na firmite.
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 23.02.2011 13:31:09
da da Branko ajde na izbori. KOga tolku mnogu gi sakase eve ti sega poziv za na izbori. Ama bez uslovi i ucenuvanja. Izborite ne treba da zavisat od smetkite na nekoja televizija koja samata si ja skroi svojata sudbina. Branko eve ti sega sansa za da se gubis od politickata scena sto e mozno pobrzo.
Од: Трпе
Датум: 23.02.2011 13:33:52
Да избори веднаш и сега.Ајде Бранко на избори,ајде Бранко на избори.Овој кој повикуваше на избори нешто вилиците му беа укочени,дали тоа беше од ладно или од некој страв.Но изборите мора да бидат фер и демократски.Ајде господине премиер да ви веруваме дека ова е вистина.А зарем не е подобро претходно да ве видиме на еден телевизиски дуел.Па тогаш да се одлучиме кој блефира.Видовме во последно време,кога излегувате сами во вашите медиуми и кога давате коментар,последниот од Вашингтон,повеке наликуваше на расипан телефон.
Од: xxL from Prilep
Датум: 23.02.2011 13:40:41
DPMNE se cepi po site savovi,no BC da ne se mesti pak za premier,zas pak ista pesna ce bidi! Odime napred so sdsm no bez BC !
Од: taipov abdula-turk intelektualec
Датум: 23.02.2011 13:41:07
R.M-pominuva od golema iatoriska odgovornost pred svojot narod:da se vratime malku po nazad da gi analizirame prethodnite izbori.Pobedi VMRO,se obnovija izborite pak pobedi VMRO se poftoruva istata praktika pak predvremeni izbori pak ke pobedi VMRO,posle pakli ke se odi na izbori?.pripadnik sum na turskata multietnicka zaednica bi sakal da gi zamolam dvete turski partii TDP i THP ili tretata partija na Erdogan koja e "kombe"partija,da ne ostavaat nas turcite od Istocna makedonija da ne ne involviraat vo ne potrebna politicka odgovornost pred makedonskiot narod.Bidejki TDP-nema nikakvi aktivnosti megju turskata populacija vo Istocna makedonija(osven sto podeluva po edna brosura so amblemot na TDP) Ne sakam da pravam reklama na VMRO-no vo vremeto na vladeeneto na ovaa partija se ukinaa vizite so evropa i se dozvolija uvoz na koli i tn.
Од: До „Трпе“
Датум: 23.02.2011 14:17:08
Немој со такви „зли“ идеи. Никако ТВ ДУЕЛ,па таму нема читање.
Од: robin hud
Датум: 23.02.2011 14:25:28
koj i da pobedi se razbira po moznost izborite da ne bidat namesteni pak obicniot covek ke bide ostaven na cedilo,nikoj ne se grizi za maliot covek osven koga treba da glasame a togas se fakame za slamka ne rekle naprazno nadesta posledna umira.Gospod neka ni e na pomos.
Од: Petko
Датум: 23.02.2011 14:39:49
Do d. t. a Kavadarci - Ti bre prijatele si sednat i platen od VMRO samo da davas kritiki za Branko i toa si platen od drzavni pari ,od grbot na narodot. Ne , ti nemas pravo da brkas nekogo tuku toa e svojstveno samo na ovaa nenarodna vlada da go unistuva seto onoa sto ne e vo nejzin prilog , no ce dojde krajot bidi siguren , togas kaj ce se premetnuvas .
Од: Baba Bota
Датум: 23.02.2011 15:03:43
Владата на Груевски е најзаслужна за длабоките реформи во казнената политика во сите сегменти на живеење на измачениот македонски народ. Имаме казни за се и сешто, најчесто се изразени со троцифрени бројки во евра, а извршителите ги жнеат и последните скриени резерви за „не дај боже“. Народот засега е исплашен, но почнува да станува очаен, а очајот е крајната фаза во формирање на критична маса народ, кој трга по патот веќе виден во арапскиот свет. Јас лично ќе гласам и за црниот ѓавол, само да не ни се повтори оваа безнадежност и апатија во која западнавме, како резултат на некаква си преродба која ги прероди само тие кои ја спроведуваат.
Од: Goran
Датум: 23.02.2011 15:04:28
Nikogas poveka za Branko, me ostavi bez rabota dodeka toj dzebovite si gi polnese. Trpe, koj blefira be decko. EVe Gruevski go vika na vlast, a toj prvo VElija da go oslobodele. Sto ne pobedi na izbori pa posle ke go amnestira, kako sto napravi so site kriminalce pred i da si odi od vlast.
Од: Стојко
Датум: 23.02.2011 15:29:10
Во деќември Премиерот не сакаше, а сега одеднаш изборите да бидат уште вчера! Оставете ги медиумите на мира и прочистете ги списоците! Јанкуловска да си ја свршеше работата, ќе беше можно веднаш да се оди на избори. Но наместо тоа, таа го затвораше млекарот Душко и ги гонеше оние кои наводно го пцуеле Премиерот.
Од: Do Goran
Датум: 23.02.2011 15:36:58
Ne znam dali e istiot Goran ama povekepati sum primetil deka negovite komentari se tipicna asocijacija za ona so Maksim i divizijata. Za civi dzepovi zboruvas be covece. So site svoi mani Branko Crvenkovski e eden od retkite politicari koj svoeto konto go zgolemil za 0 denari. Toa mislam deka duri mu e mana bidejki takvite Goranovci o;igledno cenat luge koi mislat za svoite roditeli pa im kupuvaat stanovi (pardon da ne bese obratno - roditelite od plata od 12 iljadi im kupuvaat stanovi). I ne se bara nikakvo osloboduvanje na Velija. Ti ednostavno mnogu lazes.
Од: Hari
Датум: 23.02.2011 16:28:14
Gorane, ti isto kako i latas i Mirka lazete postojano, gi vrtite rabotite. Baranjata ba Branko se jasno kazani i sekoj moze da gi vidi i se demokratski. Toa sto lazes deka Bramnko bara da se oslobodi Velija e cista laga. Se prodavate za pari, no pogledajte go Gadafi i toj bese nedopirliv no ete go so narodot nema igranje.
Од: Karokan
Датум: 23.02.2011 16:57:47
Ce pocnam da pravam rang-lista na kratki vickasti komentari,koi se tokmu vo duhot na nasiot covek,za da vo ova vreme-nevreme gi izgubime i podzaboravime!!! Odlicen vo taa nasoka e kratkiot komentar na komentatorot Do "Trpe",no sepak zasega na prvo mesto mi e onaa na nekoj Sime ( vo "Utrinski vesnik" ili vo "Dnevnik" )za Pavel Satev:"Ako ne umrese od glad,ce umrese od jad". Takvata rang-lista i ce bide relativno polesna za pravenje (pomala) od da receme rang-lista na kratki glupi komentari!!!!!!
Од: Petar
Датум: 23.02.2011 19:33:43
Бранко .... Бранко.... Бранко.... Бранко... Уште во основно училиште не учеа дека новата решеница не треба да започнува со исти зборови.
Од: Сергеј
Датум: 23.02.2011 20:08:04
До вчера, премиерот се инаетеше како магаре на мост кога ќе му се спомнеа избори. Сега запнува да бидат не што поскоро, ами сега, веднаш (иако знае дека ќе ги изгуби). Па што и да кажува дека му „дробеле“ некни во Вашингтон, сепак изгледа дека убаво го притегнале. Се плашам само од Гадафи - во балканска верзија... ( http://otpor.log.ph/ )
Од: darko
Датум: 23.02.2011 22:07:44
se nadevame na pobeda na nasiot premier i nasata partija so poveke glasovi od predhodnite izbori
Од: snajper
Датум: 23.02.2011 23:05:39
dada, sekako, ke ima izbori ama dali vo ista kelija vo sutka da bidat branko i grujo.. tie izbori sekako ke bidat
Од: izgladneta od Gruevski
Датум: 24.02.2011 01:13:14
Izgladnet od Crvenkovski,eve jas pak ostanav na ulica od Gruevski a sum samohran roditel.I kade e sega pravdata?Za kogo da glasam?Za ovoj sto mi go zede parceto leb?Ni vo son.!-----
Од: Goran
Датум: 24.02.2011 02:04:16
Da Branko ja zgolemil smetkata negova za 0 denari :) A a jas sum majka Tereza. Ve molam, znaeme ubavo kakov biznis vrtea Bucko i Branko. Prasajte go Branko za biznisot so cigarite sto zaedno go vrtese so kolegata od Crna Gora.
Од: Boki
Датум: 24.02.2011 07:03:47
Сега јаден Македонски народе, во следните месеци ќе не удават Грујо и тајфата од странски инвестиции..... ЛОПАТАРЕЊЕ ДО БЕСВЕСТ.........не ќе можам да пуштам Тв, зашто ефектите од досегашните "ОГРОМНИ" инвестиции ги гледаме сите.......посебно во слободните зони Бунарџик, Жабени........фабрика до фабрика......Нели Феликс
Од: Preku patot
Датум: 24.02.2011 07:21:43
Груевски си игра со Македонската судбина и Македонскиот народ со ефтини финти за прост народ (бањи, автобуски карти). Веќе не е во прашање како ќе живееме , туку дали Макединија ќе ја има или нема. Груевски игра опасно (на опасна карта). Ка...ко мал Пиноче се пенавеше од МРТВ, за која ни удри претплата, а сметките не ги добиваме уредно. Но, тоа е најмалку важно. Со говорот покажа дека НЕМА лидерски и државнички капацитети, бидејќи како премиер треба да е премиер на сите граѓани, а не партиски лидер. Треба да се департизира и да работи за доброто на сите. Вака личи на исфрустриран , а со тоа и многу опасен маалски кавгаџија.Владата на Груевски е најзаслужна за длабоките реформи во казнената политика во сите сегменти на живеење на измачениот македонски народ. Имаме казни за се и сешто, најчесто се изразени со троцифрени бројки во евра, а извршителите ги жнеат и последните скриени резерви за „не дај боже“. Народот засега е исплашен, но почнува да станува очаен, а очајот е крајната фаза
Од: До изгладнетиот
Датум: 24.02.2011 07:46:25
Во тие 17 години,ВМРО е на власт девет!Зошто тие не те нахранија барем за тоа време?

Најди! во Утрински
На прво место
Се ситни ли вмровската коалиција?
Победникот ќе зависи од изборниот термин
Економијата ќе ја пикнат во вакуум
Уставните измени одложени на неопределено