Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Економијата ќе ја пикнат во вакуум

На странски инвестиции не треба да се надеваме додека не се стабилизира политичката состојба

Маја Томиќ


Македонската економија ќе биде на стендбај додека не завршат изборите, за кои станува се' поизвесно дека ќе се случат оваа пролет. Таа ќе биде заложник на изборниот кошмар што се заканува да ја зафати наскоро со целата своја жестокост.

Стопанствениците оценуваат дека предвремени парламентарни избори не се добри за економските текови, затоа што на земјата, особено по кризата, и' е потребен побрз развој, а не замирање на активностите, што се очекува да се случи доколку државата се реши на ваков чекор. Додека банкарите се крајно воздржани од каков било коментар на тема избори - економија, од бизнисот велат дека прашањето како ќе влијаат изборите врз домашната економија, до некаде е излишно, бидејќи се знае дека епилогот ќе биде негативен. Според бизнисмените, од толку многу политика во изминатите 20-ина години економијата не може да мрдне напред, а под прашање и сега се ставаат проекциите за ра��вој оваа година, која беше најавувана од Владата како инвестициски многу активна.

„Сигурно дека изборите ќе имаат негативни импликации, бидејќи секогаш било така. Од премногу политика сме дојдени до ова дереџе. Само назадуваме наместо да одиме напред. Изборниот процес не е толку краток, а додека трае, ќе нема парламент, ќе нема носење закони, одлуки, нема да може да се инвестира и да се реализираат плановите... ќе се влечеме со месеци и така се вртиме во круг со години. Само се надмудруваме кој да дојде во политиката, а каде е стопанството? Како во вакви услови да живеат фирмите, граѓаните, чиј стандард постојано се влошува?“, револтирано вели еден познат стопанственик, кој сака да остане анонимен.

Митко Алексов од Сојузот на стопански комори посочува дека забавувањето на економските активности е нормална појава во предизборни и во изборни времиња. Така било досега, но така е и во сите други земји.

„Интензитетот на економските активности, секако, ќе биде во мирување додека не завршат изборните процеси. Сите ќе чекаат на исходот, посебно странските инвеститори. И тие што сакале оваа пролет да вложат кај нас, најверојатно, ќе ги одложат плановите, затоа што ако се смени власта, можно е да се сменат и условите за инвестирање, висината на даноците, на пример“, изјави Алексов.

Од Стопанската комора на Македонија посочуваат дека немаат изградено официјален став за тоа какво ќе биде влијанието на изборите врз домашната економија. Велат дека нема да има стопирање на сите активности, но дека тие сигурно ќе бидат забавени. Според досегашното искуство од перидот на избори, на нов прилив на инвестиции однадвор, најверојатно, ќе почекаме. Фирмите ќе си ги тераат тековните обврски, но и нивните инвестициски активности, планови и проекти ќе одат со забавено темпо, оценуваат од Комората.

На иста линија на размислување се и економските експерти.

„Реално е во услови на избори, сите динамики, во секоја сфера на економијата, да одат побавно. Кога станува збор за силни економии, тогаш е поинаква состојбата, но во нашата поспецифична, мала економија, повеќе се чувствуваат политичките удари. Можно е поради изборите да има вакуум на странските инвестиции затоа што ќе се чека прво да се дефинира политичката клима. Ќе има промени и во домашните финансиски и реални инвестиции. Домашните компании сигурно ќе бидат внимателни во овој период при остварувањето на плановите и на проекциите. Изборите носат опасност за ценовната стабилност, затоа во такви условите е потребно монетарната власт да ја држи под контрола инфлацијата“, оценува Зоран Ивановски од Европски универзитет.


#
Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар

Од: Kadaver
Датум: 23.02.2011 13:57:41
mala rabota e toa, tuku armijata izborni partiski paraziti ( ne samo lepaci na plakati i reketari, tuku i mediumi za reklami) ke iscicaat mnogu pari od stopanskite subjekti, toa e nasata realnost, skapi i zacesteni izbori
Од: јас (Прилеп)
Датум: 23.02.2011 14:05:04
Како божем да се истурија досега странски инвестиции и се наполнија зелените ливади , пардон , „економски зони “ , па сега не ќе можеле да ни носат инвестиции поради изборите..Јасно и гласно кажете дека грујо ја УРНИСА ЕКОНОМИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА и тешко дека може од ова подолу... Сега доаѓам од пазар и патем сретнав една средовечна жена .Купила половина табле јајца и нешто ситно , компир и зелка.А облечена во обични патики ( среде зима !!! ) , кои и ’ беа 2-3 броја поголеми и детска стара јакна, најверојатно од нејзините деца...Таа сепак е добра, како така се облекла и нешто купила за јадење на фамилијата..Ами другите , помалку среќни од неа, во искинати алишта , голи и боси , пребаруваат контејнери !! Е ДО ОВА НЕ’ ДОНЕСЕ „ПАТРИОТОТ “ ГРУЈО !!!!!!!!!

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски го вика Црвенковски на избори во април
Се ситни ли вмровската коалиција?
Победникот ќе зависи од изборниот термин
Уставните измени одложени на неопределено