|
|
|
|
|
|
Се ситни ли вмровската коалиција?
Во ДОМ на Лилјана Поповска сериозно се размислува за самостоен настап на претстојните парламентарни избори. Конечната одлука се очекува да биде донесена в недела, кога ќе заседава Централниот одбор на партијата, кој ќе ги разгледа резултатите од анкетата низ општинските организации, со која се опипувал пулсот на членството.
Поповска вели дека расположението оди во насока на тоа дека петгодишнината од формирањето на ДОМ е вистински момент партијата преку најзависен изборен настап да си ја провери довербата кај гласачите.
Нејзината партија моментално е дел од коалицијата „За подобра Македонија“, со која ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите во 2008 година и која во изминатиот период се прошируваше со нови партии.
Меѓутоа, Поповска вели дека не станува збор за недоразбирања меѓу коалициските партнери, туку дека целта е ДОМ да покаже поголем субјективитет и понагласено да ја промовира зелената опција. „До изборите ние ќе останеме во оваа коалиција, како што сме се договориле, притоа задржувајќи го правото да настап��ме со свои гледишта и за прашања за кои имаме различни размислувања. Но, можеби во иднина ДОМ ќе има повеќе пратеници и ќе можеме да дадеме поголем придонес за државата“, вели таа.
Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, е уште еден од пратениците што во повеќе наврати настапувал со издвоени мислења од ВМРО-ДПМНЕ, иако е дел од владејачката коалиција. Тој вчера ни изјави дека во партијата се' уште не се разговарало околу изборниот настап, но и дека засега немало разговори со ВМРО-ДПМНЕ на таа тема.
Дали е повидок предизборно раситнување на изборната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ? Одговорот на ова прашање зависи и од тоа дали можните преговори меѓу партиите за нови изборни правила ќе резултираат со воведување загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници. Ако се прифати ваквото барање, на кое сега инсистира и СДСМ, се очекува партиите на помалите етнички заедници, кои сега се партиципираат во двете големи коалиции, сами да се испробаат во изборниот ринг. (А.М.М.) |
#
|
Статијата е прочитана 3933 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: В. Кратовалиев |
Датум: 23.02.2011 12:12:56 |
|
Со самостојниот настап најдобро се проверува кадарноста, како на лидерите, така и на партиите. Но за жал многумина, шлепајки се, многу лагодно си ја поминуваат проверката кај бирачите. Па затоа коректно, да се опробаат, но некои кога пробале, се у...... . |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 23.02.2011 12:17:10 |
|
DOM na Liljana Popovska bese formiran od nejzini soklasnici i nekolkumina poznati na akademikot Blaze Ristovski. Celta bese obnova na Makedonija, podobar zivot, a ne stanuvase zbor za nekoi zeleni opcii (so koi liderot baagji se iznaseta) i koi sega se alternativni resenija za trabanti na bilo koj da pobedi. Nejzinite pozitivni poeni sega se veke ispukani i procitani, se nemalo nikogas stav za krucijalnoto vo zemjata (veternici, iskoristuvanje na voda, etc) e dobro, no sto so zaemanjeto i iskazuvanjeto stav za imeto, sudstvo, se nedoreceno). Ne sakam da bidam bajacka, no samostojno izleguvanje na izbori za DOM bi znacelo i liderot da ne vleze vo Parlamentot, a i ako vleze ke go zagubi clenstvoto bidejki ke bide ocigledna licnata polza od naporite da se isturka kampanja samo za nea. Ova vazi i za DS i site onie koi mislat deka so edna recenica ke go popravat svojot imidz. I have a dream e veke videno od DOM.A zenite, zenite se veke zavrseno poglavje i niv gi vodat drugi, bez zabludi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Politicki profiteri! |
Датум: 23.02.2011 12:40:13 |
|
L. Popovska, koja so site sili nastojuva da se pretstavuva kako ,,Majka tereza,, S. Andov, Orovcanec se odnesuvaat kako ordinarni politicki profiteri! Vednas sto ce zabelezat deka vladinata koalicija pocnuva da tone kako ,,Titanik,, pred izborite se svrtuvaat kon onie partii koi se najavuvaat kako pobednici! Sugestija na opozicijata vo svoite redovi da ne prifaca vakvi politicki vrtikapi i da gi ostavat sami da si gi izmerat silite na izborite! |
|
|
|
|
|
|
Од: Mulla Nasrudin |
Датум: 23.02.2011 13:15:44 |
|
Мудар е Груевски. Ова е прилика да се ослободи од пијавици на кои им отстапуваше пратенички и министерски места како и раководни позиции во државна служба.
Сега сам ќе освои мнозинство и ќе може лагодно да прави пост-изборни коалиции. |
|
|
|
|
|
|
Од: Тето |
Датум: 23.02.2011 13:27:31 |
|
Сите треба да одат сами на избори, а коалициите да се прават по изборите како секаде во светот. Само кај нас се прават големи коалиции пред избори. Каде сте виделе на пример либерали и социјалдемократи да прават предизборна коалиција. Само на балканот, зошто овде има ниска политичка култура. И се додека народот гласа за личности, а не за ставови, гледишта и доктрини ваква ќе биде состојбата. Кога се гласа за инат а не за опција. А што се однесува до малите партии само пр. со овој модел една партија може да има и 20.000 гласа на цела територија а да нема ниту еден пратеник. Тоа ќе се случи со ДОМ, ДС, ОМ, ЛП а другите да не ги ни споменувам. |
|
|
|
|
|
|
Од: ????? |
Датум: 23.02.2011 13:48:00 |
|
So kogo ke bide Latas? Znae li nekoj da mi kaze? Samo toa me interesira, i potoa se ke mi bide jasno kako i sto ke se odviva ponataka. DOM-MOM, Pavle-savle, Tito i ostala boranija se samo nebiten dekor,dodeka ovie od kaj Latas se veke "zadolzitelen" dekor vo sekoja Vlast. |
|
|
|
|
|
|
Од: Лазар |
Датум: 23.02.2011 13:49:55 |
|
Што ли си мислат личности како Лилјана Поповска наутро кога ќе се погледнат во огледало? Верно, поборници се на кусата радиција на политички опортунизам во Македонија, ако политички опорртунизам не е тавтологија, но не се верни на ниту едно убедување. Со кој кредибилитет ќе оди на избори таа и нејзината партија. Кои се лицата од нејзината партија, зад што стојат, и каде беа на протестот против притоворање на бремена жена? А токму тие имаа најголема обврска, да бидат најгласни, будејќи комисијата за родова еднаквост, борбата за права на жените, против насилство во семејството, се полиња на кои, од декларативна страна, Лилјана се чувствува удобно. Со кој кредибилитет? |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljupco |
Датум: 23.02.2011 14:38:08 |
|
Hahahahhahahaaaaa
Ova pred se lici na predizborno pazarenje za da si obezbedat dobitna pozicija na listite na nekoja koalicija. DOM i DS sami na izbori??? Hahahahaha.
Utopija |
|
|
|
|
|
|
Од: Popovska sama? |
Датум: 23.02.2011 14:50:37 |
|
Segasniot izboren sistem ne im dozvoluva nikakov vlez vo sobranieto ako samostojno odat i zatoa se slepat so dvete golem partii. Toa sozdade dvopartiski sistem, sto e pogubno za RM. Vo mnogu zdemji ima izborni pragovi, 5%, 3% i sl. i ne se dozvoleni koalicii pred izborite, tyuku po izborite. A bas bi sakal da odat samostojno i Popovska i trajanov i Zingo pa ce vidite deka ce gi snema od politickata karta na RM. |
|
|
|
|
|
|
Од: попај морнарот |
Датум: 23.02.2011 15:12:44 |
|
Глувците први го напуштаат бродот што тоне. А тоа
со некаков си самостоен настап на избори на човек-партија, повеќе ми наликува на барање за
купување билет за качување на некој друг брод. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 23.02.2011 17:51:46 |
|
Na kraj se doaga do zaklucok deka "malite"se pomokni od "golemite"bidejki"Zakonot" e vo korist na malite.Uste ne pocnata procedurata za izbori,a tie veke pocnuvaat da "ucenuvaat"kade i so kogo ke odat,pa ispaga deka nekoj od "malite"vsusnost e glavniot,a se krie kaj"pogolemiot".Neka odi sekoj posebno na izbori,a potoa neka se pravat koalicii,pa da vidime koj e koj.Vaka ispaga deka i ponataka"se ke zavisi"od Latas,a ke "gazduva" gazdata.(ete mu odgovor na prasalnikot).Nekoj dobro manipulira so drzavava,a uste podobro pa se maskira za da izgleda deka "drug e kriv". |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 23.02.2011 19:46:22 |
|
Уситнети или не власта оди на избори,шо праиме со опозицијата која таква-никаква и плус уситнета.Бихаќевците бојкотираат НСДП ќе,, мери мускули,,на избори.Така рече нивниот преседател кој по кој знае кој пат го претрка бихаќкиот лидер.Прв направи есенско ,,востание,, во Куманово ден пред Прилепското,направи влада во сенка овие појма немаат од такво нешто и сега оди безусловно на избори. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dolno Vodno |
Датум: 23.02.2011 19:48:36 |
|
Nekoj napisa deka " e bas sakam da odat samostojno, za da gi snema od politickata scena...." shto uste ednas se pokazuva deka nie Makedoncite nemame politicko- glasacka kultura, tiuku sé pravime " za inat",koe ni odi na steta cela vecnost. Sto se odnesuva do Liljana Popovska i nejzinite promenlivi stavovi, samo da se potsetime deka i bese napravena golema nepravda ,od nezjzinata partij i nijziniot patriotizam ne go upotrebia kako sto zasluzuvase. Se sekjavm deka bese edinstvenata koja zaplaka koga se pravese programa za regionalna podelba, dade najdobra analiza branejki go naseto makedonsko zname....otide so kaolicijata, smetajkli( mislam) dekea ke bide pozitivna so svoite idei..toa sto zede izvesna nasoka kon onie sto ja branat prirodata "zelenite"e edna ubava i plemenita
idea,iako nejzinite nastapi se so zakasnenie, trebe da i se ostavi vreme za dejstvuvanje.
" Soncogled" ili ne,trebe da se prikluci na nekoja partija od opozicijata, aka saka da gi pokaze svoite moznosti i idei |
|
|
|
|
|
|
Од: snajper |
Датум: 23.02.2011 23:07:02 |
|
mozi samo da se sitni dpmne koalicija.. vmrovskata e narodot, a od nego poveke nikoj de dobiva glasovi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Мими |
Датум: 23.02.2011 23:46:42 |
|
ајде нека настапат сами и ДОМ и ДС и сите како нив, и нема да имаат ни едно пратеничко место и ќе згаснат како партии (дај боже). Малку придонесуваат, а многу бараат. И како сончогледи се, се вртат кон оние со моќ.
Поголемите политички партии ги земаат до себе затоа што повеќе штета ќе им направат ако не се против нив, одколку што им помагаат кога се со нив |
|
|
|
|
|
|
|
|