Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Ставрески седна во жешката фотелја во Финансии

Новиот министер за финансии допрва ќе ја разгледува потребата од ребаланс на буџетот

Александрија Стевковска

Новиот министер за финансии, Зоран Ставрески, вчера и официјално ја презеде новата функција на прв финансиер во државата или, поинаку кажано, чувар на државното ќесе. Дали ќе биде чувар или растурач на државните пари, допрва ќе видиме, посебно со оглед на тоа дека пари во буџетот речиси нема. На тоа укажа неговиот претходник Трајко Славески, кој ја предупреди Владата дека мора да ги стегне своите трошења, бидејќи земјава е пред банкрот. Во прошталниот говор Славески му остави аманет на Ставрески да направи ребаланс на буџетот до крајот на месецов, со оглед на тоа дека кратење на државните расходи во септември ќе биде предоцна и дека сигурноста што сега ја имаме ќе ја немаме во септември.

Новоизбраниот министер за финансии, Ставрески, веднаш по неговото назначување, изјави дека не ја исклучува можноста од итен ребаланс на буџетот, што го предложи неговиот претходник. Сепак, новиот министер за финансии не сакаше или не можеше да каже дали и колку ќе се крати од буџетот, најавувајќи дека со стручните служби ќе направи сериозни анализи за да се види дали воопшто има потреба од негов ребаланс.

Тој одби да соопшти детали од предлогот за ребаланс на Славески. Во последните два месеца во буџетот се слеале околу 40 милиони евра помалку од проектираното со ребалансот, што беше направен во почетокот на јуни. Со исклучок на јануари, кога во државната каса останаа пет милиони евра, во другите месеци буџетот постојано беше во минус. И покрај засилените контроли од Управата за јавни приходи, даноците паѓаа.

И додека приливите од даноци од почетокот на годината постојано паѓаат, не се намалуваат владините трошења. Владата постојано е во минус, од февруари, кога направи рекорден дефицит од 27,7 милиони евра, па до крајот на јуни. Поради реалниот недостиг од пари во домашната економија, се проценува дури дека буџетската дупка нема да можат да ја закрпат помалку од 700 милиони евра.

Ексминистерот за финансии, Трајко Славески, во обраќањето пред д�� биде разрешен од парламентот, рече дека е потребно намалување на буџетот од 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра.

Новиот вицепремиер за економија не е толкав песимист како Славески.

„Стабилна економска ситуација во текот на летото со стабилни приходи во буџетот и нивен раст во последниот квартал, се очекувањата на Владата за економската ситуација“, смета новоизбраниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски.

Тој објасни дека во текот на летото се очекува стабилност, но не онаква каква што бил најавена од некои министри. Новиот владин состав верува дека приходите во буџетот ќе бидат постојани, со благ раст во последниот квартал од годината, без притоа да се осврне на фактот што во првите пет месеци, приходите во буџетот се за 40 милиони евра пониски од минатата година.

Пешевски се воздржа во процените дали ќе се прави ребаланс по укажувањата на поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, и упати на неговиот наследник, министерот Зоран Ставрески, кој, како што рече, веќе оваа недела ќе има повеќе информации за тоа. Но, подвлекува дека оптимизмот во процените го темели на запирањето на падот на девизните резерви.

„Она што знаеме е дека падот на девизните резерви е сопрен, а во последниот месец има и покачување. Обично политиките кои се воведуваат не даваат резултати на кус рок, туку е потребно малку повеќе време. Да не се лажеме, периодот во кој се наоѓаме е многу тежок и сложен, но мора да работиме со оптимизам, бидејќи нема напред ако нема оптимизам“, рече Пешевски.

Во однос на тоа што му е потребно на приватниот сектор, кој ја чувствува кризата, и кои ќе бидат приоритетите на Владата, вицепремиерот укажа на важноста од зачувување на стабилниот курс на денарот.

„За компаниите многу е важна стабилноста на курсот на денарот, што е приоритет број еден на Владата. Во текот на третиот квартал ќе дојде и до операционализација на кредитот од ЕИБ, за кој очекуваме да даде позитивни ефекти. Веќе има сериозни најави и од компании каде што делумно ќе биде употребен за подобрување на нивната ликвидност“, рече Пешевски.


Статијата е прочитана 760 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 14.07.2009 08:02:57
Човек роден за фалби. Единствено изгледа за тоа го бидува. Досега течеше мед и млеко низ Македонија, а тек сега?
Од: Kumanovac
Датум: 14.07.2009 08:53:44
Detevo poima nema od ekonomija. Ke ne zadolzi do gusa i posle ke tresne od zemja.
Од: dani
Датум: 14.07.2009 10:40:10
Epa taka ti e toa kaj Grujo... ne igras kako so ti sviri i odma te menja.... Demek ne e rabotava zaso ne go biva Slaveski tuku zasto ne bil fleksibilen a so znaci toa? U prevod mu konrira na Grujo!!!! Abe use koa ke go vidis kako odi znaj deka e inat neviden.....
Од: загрижен
Датум: 14.07.2009 13:09:49
убаво е да се слушне и најмало подобрување на состојбата на сметката но ме загрижува се она што се случува на терен со претераните контроли на сите инспекции кои и мал недостаток го казнуваат со енормно високите казни.Ако и тие пари им се потребни за да нема ребаланс тешко нас.Веке треба да се каже колку мали бизниси се затворени оти ги има многу а каде е крајот.??????????
Од: Трпе
Датум: 14.07.2009 13:19:53
Кумот на мистер Рејтинг ,а отвори уста и сака нешто да каже ,веднаш лаже.Тој нема да седне во жешка фотелја бидејки таа беше прегреана баш од него.Тој му беше ментор на др.Славевски.Затоа Славевски се пржеше ко риба и неможеше уста да отвори ,да го покаже и она малку практично што го знае од економија.Најголемите стручњаци и идоли со странски дипломи на премиерот од прилепското вечерно училиште му се кумот Ставревски,синот на врската во Прилеп Самак и Ташкович кој ги ушчеше на нечесни работи.Владата на мистер Рејтинг во овие тројца најмногу има инвестирано.Незнаењето се плаќа.Сега македонскиот народ ќе биде поубедливо лажен.
Од: risto gusterov
Датум: 14.07.2009 15:00:51
Stavrevski e najgolemata dubioza vo Vladata na RM. Pod hitno treba da zamine od Vlada,zatoa sto covekot nema kapacitet za poziciite koj mu se dadeni vo Vladata na RM. Zgora na toa e vo kumstvo so Premierot sto e inajgolem rezil za Makedonija vo ocite na tie sto ne opserviraat kako drzava(NATO/EU/USA).

Најди! во Утрински
Економија
„Силмак“ стартува со две печки
Ако не ги реши проблемите, МАТ ќе остане без дозвола
Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?
Турција го слави договорот за „Набуко“
Странски инвестиции од 600 мил. долари во Албанија
Кризата затвори 70.000 претпријатија во Романија