Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Ако не ги реши проблемите, МАТ ќе остане без дозвола

Во АЦВ очекуваат компанијата да достави програма за финансиска консолидација

Сања Наумовска

МАТ од септември може да остане без дозвола за работа ако итно не поднесе програма за финансиска консолидација до Агенцијата за цивилно воздухопловство, најави вчера директорот на Агенцијата, Зоран Крстевски. Тогаш истекува дозволата, која на единствениот национален авиопревозник вообичаено му се издава на една година. Крстевски за одлуката на АЦВ се повика на владина уредба, според која од финансиската состојба во компанијата зависат и безбедносните услови во кои работи. „Иако крајниот рок беше почетокот на јули, од МАТ се' уште немаме финансиска програма“, истакна Крстевски.

Компанијата во програмата за финансиска консолидација треба да образложи дали располага со финансии за да ги извршува обврските, особено во делот на техничките прашања за одржување на авионите, како и статусот на персоналот, вклучувајќи навремено исплатени плати, придонеси итн.

Од МАТ, пак, соопштуваат дека АЦВ го добила редовниот годишен извештај, а моментно подготвуваат нов ревидиран финансиски извештај. „За тоа е ангажирана ревизорска куќа, која очекуваме дека документот ќе ни го достави до септември, до кога ваши и дозволата за работа“, информираат од МАТ.

Компанијата веќе неколку недели воопшто не сообраќа, со оглед на тоа дека единствениот авион се наоѓа на сервис во Белград. По замената на предната нога на „боингот“, моментно му се сервисира и еден од моторите. МАТ од Еуроконтрол има забрана и за лет на неколку дестинации во Германија и во Италија.

Агенцијата за цивилно воздухопловство во меѓувреме ја одбила и апликацијата за регистрација на две нови компании од Турција и од Кипар на македонскиот авиопазар. Едната од нив е и „МАТ ервејз“, која не е регистрирана поради тоа што немала авион.

Што се однесува до патничкиот авиосообраќај, регистриран е пад од 11 проценти во земјава, информира директорот Крстевски. „Падот е во рамки на европскиот процент, но и на внатрешната состојба на пазарот на Македонија“, изјави Крстевски, кој сепак оптимистички појасни дека моментно има многу нови линии, како и попусти на авионските карти.


Статијата е прочитана 200 пати.

Испрати коментар

Од: ORCE MAKEDONSKI -AUSTRALIJA
Датум: 14.07.2009 08:25:23
Do vrabotenite vo MAT,ostanete bez panika i nervoza,bidejki ne e potrbna dozvola za postvavuvanje na avionot kako statula vo opstina Aerodrom,so toa se odbelezuva minatoto na opstina Aerodrom,a posle toa ke prerasne vo nesto posebno .komentirano nekolku pati dosega vo ovoj vesnik,za sekoje dobro za MAT ,POZZ -ORCE MAKEDONSKI.

Најди! во Утрински
Економија
„Силмак“ стартува со две печки
Ставрески седна во жешката фотелја во Финансии
Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?
Турција го слави договорот за „Набуко“
Странски инвестиции од 600 мил. долари во Албанија
Кризата затвори 70.000 претпријатија во Романија