Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Силмак“ стартува со две печки

На работа се враќаат 200 лица, што е третина од вкупниот број вработени

Гојко Ефтоски

ЈЕГУНОВЦЕ - Бајрам Амити од тетовското село Глоѓи е еден од 140-те работници што ги повикал менаџментот на „Силмак“ од Јегуновце да се вратат на работа. Го затековме на шаржерна платформа, кај осмата печка на комбинатот, која веќе една недела се загрева за по два-три дена да стартува со производство. Амити беше пресреќен што се нашол на списокот на првата група што „Силмак“ ја враќа на работа.

За неколку дена бројот на лицата кои се враќаат во „Силмак“ ќе се зголеми на 200, што е третина од вкупниот број вработени кои беа отпуштени пред повеќе од четири месеци. Овој факт ги зголемува надежите за опстанок на целото подрачје на Долни Полог од каде што се ангажира работната сила.

„Семејството егзистира од мојата заработувачка. Дома сме четворица. Сите чекаат од моите раце. И како човек и како вработен, сега се чувствувам посигурен и финансиски побезбеден. Благодарен сум на довербата што ми е укажана и ќе се обидам да ја оправдам“, со задоволство зборуваше Амити.

„Силмак“ стартува со две печки за феросилициум. На платформата се слуша само чудната бучава од печката што се загрева на температура од 1.600 до 1.800 степени. Пламенот и содржината во печката ја разбиваат шаржеристи кои се постојано покрај отворите со долгите метални шаржери. На другата страна од платформата, покрај најголемата, но и најсовремена печка на „Силмак“, која овде популарно ја викаат „48-ка“, се среќаваме со Јонче Јовановски од Прељубиште. Тој е еден од оние што го водел процесот на реконструкција на оваа печка.

„Преживуваме тешки времиња. Овие две-три години ’Силмак‘ час работи час ги гасне печките. Само ние што сме овде знаеме што значи гаснење и повторно палење на печка. Но, оваа најголемата и најстарата имаше неминовна потреба од реконструкција. Цели четири месеци работиме на испитувања, подготовки, замени и монтажи. За пет-шест дена печката ќе биде готова за палење“, вели Јовановски. Овде дознаваме дека за протокот на феросилициумот се потребни се најмалку дваесетина дена загревање, а за тој период „бесцелно“ се трошат околу 700 мегавати струја за да се обезбеди старт на печката.

Извршниот директор на „Силмак“, Звонко Стојановски, појасни дека веќе една недела „осмата“ печка се загрева и првите количини феросилициум се очекува да бидат произведени по два-три дена. Капацитетот на оваа печка е 900-950 тони месечно.

„Интензивно се работи на реконструкција на најголемата печка за која вложивме 1,6 милион евра. Зафатот беше неминовен. Го искористивме времето рационално кога беше запрено производството. Со вклучување на оваа печка ќе добиеме две илјади тони месечно феросилициум или заедно со онаа што веќе се загрева околу 3.000 тони. Тоа е половина од вкупните капацитети на ’Силмак’“, вели Стојановски.

Прекинот на производството што се случи пред четири и пол месеци, поточно на 1 март годинава бил неминовен потег со оглед на ниската цена на феросилициумот на светскиот пазар. Производството повлекувало скапа струја чија цена била неиздржлива. „Трупавме само залихи што достигнаа осум илјади тони“, додава извршниот директор.

Иако сегашната цена на феросилициумот е пониска во споредба со онаа во март, трошоците за струја се значително пониски и тука се гледа економичноста во работењето. Стојановски вели дека во меѓувреме се продадени сите залихи.

„Наши редовни купувачи се земјите на ЕУ, а пред се' Италија, но и Словенија, Австрија, Словачка, Чешка, Бугарија и Грција каде што се пласира 90 отсто од производството. Хрватска, Србија и Турција, исто така, се редовни купувачи, а само еден отсто е за домашен пазар.

Во „Силмак“ велат дека производството би се зголемувало во зависност од движењата на цените и потребите на пазарот. Така би се вклучувале и другите печки.


#
Статијата е прочитана 280 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 14.07.2009 01:04:05
Zatvoretego toj otrov na dolni polog.,sto se Vika Silmak.kokaj togaj toa cudoviste od otrov treba da se zatvori. Dajte im na ludjeto da seat :Cenki i zito ,piper patlzan,bostan.kako so vekovi cinele. Neka si zemat; Motika,Vila,Kosa,Srp i Sekira na ramo, i se ce bide vo red! Kakva Industrija,kakvi Bakraci na toj prostor. Gospod go Dal za Zemjodelije,a ne za Sosial promaseni industriski centri!
Од: janev
Датум: 14.07.2009 13:44:16
Silmak prv gi custvuval turbulenciite na pazarot. Ova e znak deka ima podobruvane vo metalurgijata, a taa prva pocna da strada od krizata, sto znaci deka naskoro ke moze da se ocekuva i tekstilot i drugite granki poleka da se oporavuvaat.

Најди! во Утрински
Економија
Ставрески седна во жешката фотелја во Финансии
Ако не ги реши проблемите, МАТ ќе остане без дозвола
Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?
Турција го слави договорот за „Набуко“
Странски инвестиции од 600 мил. долари во Албанија
Кризата затвори 70.000 претпријатија во Романија