Кризата затвори 70.000 претпријатија во Романија
Букурешт - Околу 70.000 мали и средни претпријатија во Романија ја прекинаа својата дејност на романскиот пазар поради последиците од кризата. Според статистиката, вкупниот број мали и средни претпријатија во Романија е повеќе од 600 илјади. Владата очекува влошување на целосната економска ситуација во земјата и смета дека уште повеќе мали и средни претпријатија ќе ја прекинат својата работа во текот на есента. Мерките за помош на претпријатијата доцнат, а до јануари 2010 се предвидува за нив да бидат обезбедени 26 млн. евра од државниот буџет. (МИА)
|