Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Брисел призна кршење на малцинските права во Унијата

Европарламентот бара да состави дефиниција што е малцинство и кои се неговите права

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Комитетот за цивилни слободи во Европскиот парламент бара да стане фундаментално право во ЕУ зборувањето и образувањето на малцинските и регионалните јазици, поради разочарувачката состојба сега и тенденцијата на земјите-членки да ја држат оваа тема надвор од компетенциите на Брисел. Ваквото барање тие го изнесоа во извештајот за човековите права во ЕУ, прв по 2004 година, иако таков извештај Брисел секоја година прави за земјите во светот и врз основа на него ги позиционира односите спрема нив.

Во него се констатираат сериозни прекршувања на човековите права во Унијата, па дури се изнесуваат и обвинувања дека во некои земји Ромите се цел на намерни пукања, на труења, насилни напади и фреквентно оспорување на нивните права, кое кулминираше со собирање на отпечатоците од прстите во Италија.

Во однос на делот што најмногу не' интересира - малцинствата, Комитетот бара да се направи дистинкција меѓу антидискриминаторската политика и политиката на заштита на малцинствата, зашто, повикувајќи се на првата, земјите- членки ја негираат потребата од посебни права за малцинствата. Притоа, ЕП бара од Унијата да состави дефиниција за тоа што е малцинство и кои се неговите права, со особено внимание тоа да се однесува на претставниците на малцинствата кои зборуваат посебен јазик.

„Има ургентна потреба да се создаде модел за ефективно политичко учество на малцинствата во процесот на донесување на одлуките, и тоа да биде постигнато со разни форми на автономии или сопствено управување“, се предлага во извештајот, а тоа е нешто што ние би го превеле како некаков рамковен договор за земјите-членки на Унијата. Жално е, според Комитетот, што земјите-членки, со притисоците да не се зборува за малцинските права во ЕУ го уриваат кредибилитетот на Брисел во спроведувањето на надворешната политика и човековите права, или поедноставно кажано ја срамотат Унијата и и' ги врзуваат рацете кога треба да ги оценува и критикува земјите кои не можат да се пофалат со демократија.

Затоа, Комитетот бара човековите права во ЕУ генерално да бидат анализирани на ист начин како и тие во другите земји во светот, односно како внатре така и надвор, за да престанат критиките за двојни стандарди на Брисел. Комитетот, исто така, изнесува сериозни критики за политиката спрема имигрантите, бидејќи недостигот на стратегија за нивно интегрирање предизвикува стотици илјади од нив реално да бидат исклучени од општеството, да станат ранливи и да бараат решение во радикализацијата. Комитетот оди дотаму што бара да се спречат и неонацистички инспирираните концерти, покрај сите манифестации на нетрпеливост спрема малцинствата, Ромите, имигрантите и други незаштитетни групи со законодавството на ЕУ.

Во извештајот нема ниту еден конкретен пример ниту конкретна земја, бидејќи земјите-членки не дозволуваат веќе со децении да се отвора оваа тема, па ни генерално, што покажа извештајот од 2004 година, кој беше отфрлен на парламентарната седница, па по многу „пиши- бриши“ усвоен подоцна. Извештајот ја објаснува и реакцијата на ЕК на писмата од Македонија за кршењето на човековите права во Грција и за инцидентот во Лерин, која беше одраз на немоќта и немањето компетенции во таа сфера, нешто што станува премногу очигледно со оглед на промените во другите делови на планетата.

По фасцинираноста во Европа од изборот на Афроамериканец за претседател во САД и од храброста на Американците да направат таков демократски чекор напред, се' потешко му станува на Брисел да објасни како може ЕУ да се смета за лидер во демократијата, а во некои од земјите да нема елементарни права за малцинствата, а има ваков хорор спрема Ромите. Со приемот на дванаесетте нови земји-членки тој проблем стана уште поголем, но напорите на Брисел да направи пробив во оваа сфера и да го отвори ова прашање наидуваат на многу сопки.


Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 06.12.2008 00:15:03
zar e mozno vo EU da se budi svest? bi bilo super, ama se plasam deka se ke ostane na papir, kako i do sega. Grcija ne e edinstvena sto gi asimilira i unistuva malcinstvata! ima i drugi EU clenki sto rabotat zaedno so Grcija protiv malcinstva, na primer Spanija, Francijia i slicni zemji sto vo cenzusi brojat drzavjanstva a ne nacionalnost!
Од: commanddevil
Датум: 06.12.2008 00:57:23
utopija...vo ovaa tvorba eu-nema da imaat kapacitet za sproveduvanje na ramnopravnost za malcinstvata uste iljada godini.tie se iako sakaat da se pokazat demokrati-seuste zaostanati na taa tema vo sreden vek.
Од: Robert 3
Датум: 06.12.2008 12:57:13
Koja banalnost.Birokratcinjata na EU da utvrdat definicija sto e malcinstvo i koi se negovite prava.Ovie prasanja ke gi razgleduvaat i poimite definiraat posle 2008 godini po Hrista???Poarno da si zemat po nekoja slikovnica i da pocnat da si sharaat vo nea nego da se bavat so realna(stvarna)politika!!!Ne ocekuva "jako"drustvo,nema sto!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Адмирал Ди Паола- Не треба да се губи довербата во НАТО
Во Хелсинки средба Милошоски - Фрид
Сакам да оставам белег во Собранието
Високо германско одликување на Срѓан Керим
Советничката на Ставрески претерала со членство во управни одбори
Славески повторно во центар на собраниски скандал