Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

ИНТЕРВЈУ

Сакам да оставам белег во Собранието

Трајко Велјаноски, претседател на македонскиот парламент

Оливера Војновска

Господине Велјаноски, кога дојдовте на функцијата, од собраниската говорница изјавивте дека парламентот нема да биде во сенка на Владата. Пет месеци по Вашиот избор, Ве обвинуваат дека сте го претвориле Собранието во сервис на Владата?

Во мојот прв настап во Собранието кажав дека нема слепо да ја следиме Владата, туку ќе бидеме конструктивни во критиките кон неа. Всушност, таква треба да биде улогата на Собранието и сметам дека во поголем дел успеавме да го направиме тоа. Сосема е нормално владејачкото мнозинство да ги гласа законите од Владата. Но, прифатени се и многу амандмани на опозицијата, над стотина.



Вие, како и некои од Вашите претходници, ветивте дека од Собранието ќе направите храм на демократијата. Колку демократските храмови се реални во македонски услови?

Ние сме млада парламентарна демократија и не очекувам дека со демократијата ќе бидеме на исто рамниште со Велика Британија, Франција. И не велам дека тој храм е изграден, туку се гради. Секогаш кога доаѓам на некоја функција, ме води оптимизмот да се создаде нешто. Свесен сум дека нема да бидам вечно на оваа функција, но кога ќе си заминам, сакам да оставам некаков белег.



Опозицијата Ве критикува дека ја задушувате демократијата?

Па можат тие да критикуваат, ама навистина не знам што сакаат и каде гледаат задушување на демократијата? Освен ако не сакаат да имаат свој претседател на Собранието. На секој можен начин, ако го дозволува тоа Деловникот, гледам да и' се угоди на опозицијата. За овие пет месеци имаме одржано над 40 координации и сите жешки прашања се обидувам да ги расчистиме пред седница.



Ви забележуваат дека како шеф на парламентот имате премногу сервилен однос кон Владата и немате храброст да му се спротивставите на премиерот Никола Груевски?

Сметам дека Собранието е институција што треба да го артикулира политичкото размислување и на власта и на опозицијата. На крајот на краиштата, мнозинството во парламентот одлучува кој ќе биде претседател. Граѓаните на избори им ја даваат довербата на оние за кои сметаат дека треба да бидат на власт во одреден период. Мислам дека таа демократски изразена волја треба да се почитува.



Дел од опозицијата неделава побара да си заминете од функцијата?

Тоа го побара само еден пратеник од ЛДП, Андреј Жерновски. Тој секогаш е активен на с��браниските седници, критикува, привлекува внимание со своите настапи и тоа е негово легитимно право. Но, не видов дека Жерновски има поддршка од другите пратеници од опозицијата. Мислам дека и во неговата пратеничка група нема поддршка за тоа.



Летоска им се извинивте на дипломатите дека е грешка тоа што парламентот донесе 170 закони за еден месец?

Тамам работа, воопшто не се извинував. Изјавата беше извадена од контекст од страна на опозицијата и на некои медиуми. На моја иницијатива се сретнав со амбасадорите и им ја кажав мојата визија за работата на Собранието. Нивниот впечаток беше позитивен.



Што им кажавте на амбасадорите?

Реков дека е грешка да се донесат толку голем број закони по итна постапка. Но, исто така, кажав дека тоа беше неопходно да се направи, бидејќи во Собранието имаше многу заостанати закони, поради што трпеше целиот општествено-политички и економски живот во државата. Значи, кажав дека не е добро 170 закони да се донесат за кратко време, но мораше така. И кажав дека таквиот начин на носење закони нема да се повтори.



Дали дипломатите реагираа за последните дваесетина закони по скратена постапка?

Некои дипломати се заинтересираа, прашаа во што е работата, бидејќи опозицијата, за жал, прво кај нив плаче. Им објаснив дека законите се по скратена постапка, дека се поврзани со мерките за ублажување на финансиската криза, дека на комисиите ќе има амандмани и ќе се дебатира. И врз основа на работата на комисиите, законите по 15 дена повторно ќе се вратат на пленарна седница. Тие ми одговорија дека тоа е сосема различно од ситуацијата со законите во јули и од тоа што им било претставено од опозицијата. Рекоа дека го разбираат носењето на овој вид закони по скратена постапка. Некои ми кажаа дека и во нивните држави се носат закони по скратена постапка заради воведување мерки за справување со глобалната економска криза.



Колку закони донесе Собранието во овие пет месеци?

Во овој мандат се донесени 227 закони, од кои 21 се со знакот на ЕУ. Инаку, главно, станува збор за измени и дополнувања (206), а не за нови закони. Покрај законите, има 121 друг акт, одлуки, резолуции, декларации. Особено сум задоволен што овој состав донесе три значајни документи, резолуциите за децата-бегалци, за Косово и за името.



Собранието го донесе новиот Деловник кога опозицијата го бојкотираше парламентот. Сега таа бара измени на Деловникот?

Со новиот Деловник Собранието функционира многу подобро и поефикасно. Нема јалови дискусии, бидејќи говорите на пратениците се ограничени на десет минути. Само треба да се отворат картите докрај и опозицијата да признае дека не сакаше да се донесе Деловникот. Тоа е речиси истиот Деловник кога СДСМ беше на власт, а претседател на парламентот беше Љупчо Јордановски. Овој Деловник е правен преку твининг-проектот со словенечки експерти. Опозицијата и тогаш не сакаше да се донесе Деловникот. Не сакаа ниту во минатиот состав и само за да го минираат неговото усвојување, поднесоа 4.500 амандмани.



Има големи реакции поради новиот начин на работа - главната расправа се префрлува во комисиите?

Во сите демократски земји има воспоставена практика тежиштето на дебатата за носењето на законите да се префрли во комисиите, додека на пленарна седница повеќе да има политички пораки. Сакам да кажам дека тоа не го измисливме ние. Сметам дека треба да се остави малку простор Деловникот практично да профункционира. Не можеме да претпоставиме дали и какви недостатоци ќе се појават во неговата примена. Да ги изодиме сите фази, да видиме како ќе функционира на закони во редовна постапка: прва, втора, трета фаза, за да може да ги уочиме слабостите, доколку ги има. Во март се изборите и, според начелниот договор со пратеничките групи, за да не влијаеме на кампањата, ќе работиме некаде до средината на февруари. Моја препорака е дотогаш да ги уочиме слабостите, па по изборите да седнеме и да разговараме.



Колку се основани стравувањата дека законите ќе се носат главно по скратена постапка?

Не, нема да биде така. Владата со поднесувањето на дваесетината закони за економските мерки поднесе и осум други закони кои се во редовна постапка. Планирам за 16 декември да закажам седница во која ќе биде општата расправа, односно првото читање на тие закони.



ДПА инсистира на поширока употреба на албанскиот јазик?

Уставот и Рамковниот договор не го дозволуваат тоа. Раководење на пленарните собраниски седници на албански јазик, употреба на албанскиот јазик во институциите, во Владата е надвор од Уставот.



Собранието побара пет милиони евра за куполи. Неопходна ли е таа инвестиција кога треба да се стега ременот?

Пратениците немаат доволно простории за да можат да ја извршуваат функцијата. Проектот е започнат пред две години, сега е во фаза кога добивме одобрение за градба. Но, независно од надградбата, ќе мора да се зајакне постојниот објект на Собранието. Ме фрапира информацијата што ја добивме од ИЗИС дека зградата на Собранието не е изградена по стандарди и не може издржи посилен земјотрес. Од ИЗИС препорачаа дека објектот мора да се зајакне. Овој проект ќе трае три години и за целиот зафат е потребна поголема сума пари. Со Владата се договоривме деновиве да се распише меѓународниот тендер, а парите да се префрлуваат во зависност од темпото на изведување на работите. Ќе бидам многу задоволен доколку целиот проект - надградбата со куполите, се заврши до крајот на овој мандат.



Лустрацијата, исто така, е проект од минатиот состав. Зошто се одолжува нејзиниот старт?

Има одредени несогласувања околу изборот на комисијата. Инсистирам таа да биде избрана со консензус. Процесот е важен и не е убаво првиот чекор да го направиме со надгласување. Во неколку наврати разговарав со пратеничките групи за да се заврши работата, бидејќи ни претстојат избори и кандидатите ќе треба да даваат изјави дека не соработувале со тајните служби. Очекувам дека до крајот на месецот Комисијата за избори и именување ќе ми достави предлог за составот на комисијата за лустрација.



Како Ви се оправдува пратеникот од ДУИ, Хисен Џемаили, за кого на седниците велите дека „најавил отсуство“?

Не само Џемаили, туку и сите пратеници се јавуваат кај секретарките во пратеничките групи. Ова не е добро решение во Деловникот и треба да биде сменето.


Статијата е прочитана 645 пати.

Испрати коментар

Од: zoran
Датум: 06.12.2008 00:10:14
Sakal da ostavi beleg vo Sobranieto, aaaa znaci da IMA nesto,
Од: trpe original
Датум: 06.12.2008 00:17:56
Sto se odnesuva do ostavanje beleg, i toa KAKOV beleg imate ostaveno gospodine Veljanovski. Rekord za Ginisova kniga na rekordi. I, sega se dopolnuvate, se borite za nov rekord za ekspresno doneseni zakoni. I, nikako, ama nikako, ne se izvinuvate za postignuvanje na bezpravno doneseni zakoni. Toa bilo izvleceno od kontekstot. Sega go demantirate toa. A togas, molcevte. Pak ste dobile na sila, totalitarizmot zema zamav. Samo, i mFranko, i Salazar i Milosevic i da ne gi brojam, si otidoa, vo istorijata ne ostanaa so svetlo ime...
Од: demokrat
Датум: 06.12.2008 00:40:51
ovoj moze da ostavi samo luzna a ne beleg. go pretvori sobranieto vo privatna firma na vmro, vsusnost kako i site institucii , nema institucija koja ne e privatizirana. najdobar spiker bese ljupco jordanovski kogo go cenea i opozicijata duri zatoa sto gi pocituvase site kako pratenici zad koi stojat glasaci. ovoj ne najde za shodno latas da go osudi verbalno , ma katastrofa od nisko choeche i ne moze da se ocekue nesto polos bese samo prethodnikot
Од: Трпе
Датум: 06.12.2008 00:47:39
Трајко нема да остави белег во собранието.Тој ке остави рана која не се лекува и ке биде историска грешка што тој бил претседател на македонското собрание.Тој како неговиот лидер,едно говори а друго работи.
Од: RR: Beleg shto kje se "osekja"
Датум: 06.12.2008 01:20:21
Isto kako vo vicot,koga Dimac i veli na Blaguna: Osekjash li ,ma Blaguno,neshto od kude mene nakaj tebe? - Kako ne,Dimac,opuval si se".
Од: Ana
Датум: 06.12.2008 01:28:57
Beleg veke ostavi koga kolonijalno se izvini na ambasadorite pred kameri. Spiker (vtor covek vo drzavata) se izvini na ambasadori (megju koi i bugarskiot i slicni) vo svojata sopstvena zemja. Dovolen beleg. Sega mozes da si odis od funkcija. Moronu eden i sram za nacijata.
Од: Трајче
Датум: 06.12.2008 07:10:13
Па ти веќе остави белег со брзината на донесувањето на законите,како да се работи за играчки!Аман,остави не да си живееме без тие твои нарачани белези.И така се` ни е дојдено преку глава.Да те бидуваше,во ред,а вака-само за пакост си.
Од: Grafit
Датум: 06.12.2008 07:41:17
ako akate da otavite beleg,zemet sprej i napisete grafit na eden od sidovite na sobranieto.: Ovde LJZ( Lud j... zbunjenog)Etet ti traen beleg
Од: Petar
Датум: 06.12.2008 07:42:36
Па веќе „остави„ со експресното носење закони, со крвавите очи кон опозицијата...
Од: stole
Датум: 06.12.2008 08:20:03
aman, dosta e,od tebe ima belezi i luzni i premnogu te molam nemoj poveke dostae a i nema mesto,a da ostavis eden ubav beleg so dobrovolno zaminuvanje od taa funkcija pa site do kraj na zivotite ke te pamtime. ne go zaboravaj premierot ziti se.
Од: flying-monaco
Датум: 06.12.2008 08:42:32
Gospodine Trajko, Ako im popustis na KOMUNISTIVE ziv ke te pechat na razen kako jagne.Nema da se zadovolat so nishto se dodeka ne ve rasteraat...prodolzete vaka nikoj ne vi mozi nisto narodot vekje se svesti.Retki se tie kako nekoi od ovie koi davaat komentari Milosevich, Franko i dr. Nie gi imavme pred vie da dojdite na vlast, no im dojde krajot nema vrakjanje...
Од: zabegan
Датум: 06.12.2008 09:01:48
ako sakas da ostaves beleg(TRAG) samo naglo zakoci so ta brzina sto gi nosete zakonite pod brza postapka i ete ti beleg.
Од: jimmy1
Датум: 06.12.2008 09:08:40
E uste pogolemi belezi kade. Obelezani sme odamna kako da sme za prodavanje.
Од: Mirko
Датум: 06.12.2008 09:13:41
pa ostavi beleg si go namesti kumot i uste nekolku od familijata na pogolem del od portokalovite preku gradonacalnicite za zal im frli korka gi pusti po parkovite za 6000 den. a negovata familija uziva pogolem beleg zdravje.Vovede diktatura vo parlamentot,i go molam neka prestane so ostavanje na beleg DOSTA E.P.s vratise brate vratise ne veruvaj vo rejtinzite imase nad 30 pred mesec se isplasija i op go napravija 1.5 a na patriotot ni se simnuva ni se kacuva lazi vere lazi.
Од: Bitola
Датум: 06.12.2008 09:17:32
Ostavivte beleg ti toj predtebe,go naprevivte Sobranieto cirkus.
Од: gv
Датум: 06.12.2008 10:29:24
Se fali se doneseni mnogu zakoni a so kakav kvalitet?Vo 17 godini e prviot sto se izvinuval pred stranskite diplomati.Prasuvam zosto?
Од: do koga
Датум: 06.12.2008 13:03:59
Ce ostavi trga kako najservilen,najaronganten i kako najnesposoben ptetsedatel vo sobranieto.A zatoa deka ne se izvinuval pred ambasadorite moze da im kazuva samo na negovite partiski poslusnici kopi slepo mu veruvaat nego i na nivniot svetec Grujo.
Од: Dime
Датум: 06.12.2008 13:26:06
hahahahaha
Од: Slave
Датум: 06.12.2008 15:30:33
Ha ha ha , na zalost trajko ne moze negoviot bodigard da go stavi pod kontrola ! pa ke ostavel beleg, negoviot bodigard zari i pali, ko ti paun spremen za parenje se ponasa deckoto, aj neka proveri trajko sto raboti coveceto sto go pridruzuva,znam deka partiski mu e nametnat ama pak aj maku neka olabavi. Makedonija e Demokratska drzava ( ako ne e sega ! eden den pak ke bide ) pa kriminalnite dejanija na mnogu ljudje ke se sankcioniraat NE partiski tuku po slovoto na zakonot. Koj spolna BELEG !!!!!!!!!!
Од: Maja
Датум: 06.12.2008 15:44:07
Saka da ostavi beleg vo Sobranieto. So sto, so delenje disciplinski kazni na vrabotenite. Sramota
Од: АА
Датум: 06.12.2008 16:11:45
Ве молам не оставајте ништо.Тоа е најдобро што можете да направите.
Од: Antonio
Датум: 06.12.2008 20:33:07
Trajce! se sto mozes ti da ostavis se samo crnila!!!
Од: nikola
Датум: 07.12.2008 12:20:10
Abe Trajko poarno traj, zaso a kazes neso, a ja greses rabotata , najslab pretsedatel na Sobranie na RM razbira se posle legendata Ljubisa Georgievski.
Од: Деда Џоше од Мартиницу
Датум: 07.12.2008 15:35:56
Е синко Трајче ќе оставиш фелер какој не, брзи прсти како на милиунара куде Тренда, а и у храма за демокрацију по твој терк, а па ја и моја баба Митра слабо чујемо и гледамо па још не знаемо кој му је лапна динаре на газда Велија ,да нејеси ти први меџу задни?А ти такој демократа што и демократе в`Америке има да ти завидев а богами и да те запизмев.Изуј кундуру и какој Хрушчова лупи на сто и покажи кој је за демокрацију и дициплину.
Од: Iskra
Датум: 07.12.2008 19:52:06
Abe Trajko, kakov beleg, kakvi bakraci od tebe da ostavis??? Abe tebe ne moze covek da te zabelezi ni na TV ni pak koga zbores i koga te gleda a ne se ni viduvas. I sega sosila "tragovi" (srpski) sakas da ostavas zad sebe, mani gi tie tragovi sto gi zboris,daj preku tebe da go videme svetloto na denot, togas narodot ke kaze deka si ostavil "trag" a inaku kako si pocnal daleku ke stignes,ke dojde denot koga "sefot" ke te simne od tronot......

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Адмирал Ди Паола- Не треба да се губи довербата во НАТО
Во Хелсинки средба Милошоски - Фрид
Високо германско одликување на Срѓан Керим
Советничката на Ставрески претерала со членство во управни одбори
Славески повторно во центар на собраниски скандал
Брисел призна кршење на малцинските права во Унијата