Советничката на Ставрески претерала со членство во управни одбори
Димовска без одговор дали најде конфликт на интереси кај директорите на УЈП, Горан Трајковски, на Царинската управа, Ванчо Каргов, и на Заеднички служби на Владата, Васе Доневски
Антикорупционерите се' уште чекаат информации за покрупните риби
Катица Чангова
Ангажманот на Наташа Стојмановска, советничка на вицепремиерот Зоран Ставрески за економски политики и регулаторни реформи, која членува и во уште четири одбори, три управни и еден надзорен, претставува конфликт на интереси.
Ова, меѓу другото, го потенцира Државната комисија за спречување на корупцијата на вчерашната прес-конференција, кога обелодени листа на уште седум службени лица кои претерале со функции. Меѓу нив има пратеничка и шест државни службеници кои членуваат просечно во два одбора на јавни претпријатија, фондови, агенции, комисии...
На списокот на инкриминирани во судир на интереси е и Владимир Цветиновски, кој не е државен службеник, но затоа членува во два управни и во еден надзорен одбор. Поради тоа, Цветиновски добива статус на службено лице, објаснија антикорупционерите.
Покрај плата, по две функции плус за кои земаат месечни надоместоци од сто, двесте или повеќе евра, имаат и Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност во МВР, Петар Есмеров, државен секретар во Министерството за одбрана, Маја Парнаџиева, Славче Трпески и Рухи Бакиу. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Косана Николиќ-Мазнева, нема право да членува во одбори, поради неспојливост на функции, истакнаа во ДКСК.
„Нема банка на податоци кој од службениците каде и на колку места е ангажиран. Но, превисоката акумулација на функции го зголемува ризикот за злоупотреби. Затоа се обративме до секое од службените лица да се откажат од членувањето во повеќе од еден управен или надзорен одбор“, нагласи претседателката на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска. Таа кажа дека за конфликтот на интереси во материјалните закони постои големо шаренило.
Сепак, првата антикорупционерка немаше конкретен одговор дали најде конфликт на интереси кај покрупните риби, како што се директорот на УЈП, Горан Трајковски, директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, и директорот на Заеднички служби на Владата, Васе Доневски.
„Чекаме информации. За нив постапуваат други државни органи. Тоа беше објавено во медиумите“, изјави претседателката Димовска. Таа едвај кажа дека тој орган бил Уставниот суд и притоа не пропушти да ги искритикува новинарите (нејзините колеги, н.з.) за кои, како ш��о рече, било проблем што не знаеле кои се тие институции.
Како што е познато, Трајковски, Каргов и Доневски се именувани за претседатели на управните одбори во „Комунална хигиена“, „Водовод и канализација“ и во ЈСП. Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, ја потпиша одлуката за именување на овие владини луѓе, но изјави дека нивното ангажирање е противзаконско. Костовски образложи дека на нивните матични работни места биле именувани од Владата, а дека тие функции се неспојливи со челните во одборите.
Антикорупционерите донеле одлука за поведување три иницијативи за кривично гонење одговорни и службени лица во ТЕЦ „Неготино“ и во општините Кривогаштани и Дебарца. Одговорните лица од ТЕЦ „Неготино“ во државна сопственост, во текот на 2006 година, ја искористиле службата, овозможувајќи незаконско трошење пари. Во 2005 година, без постапка за јавна набавка потрошиле државни пари во висина од 9.041.000 денари по разни основи, а во 2006 вредноста на незаконските набавки е во висина од 6.938.000 денари.
Одговорни службени лица во Кривогаштани од 2002 до крајот на 2005 ја злоупотребиле службената положба и за себе или за други прибавиле имотна корист. Спротивно на Законот, извршени се набавки на добра и на услуги во вредност од 940.000 денари. Службени одговорни лица во општината Дебарца во 2006 ја злоупотребиле службената положба, донеле одлука и склучиле договор за давање на користење недвижен имот на oпштината и на државата.
sramota , ili i ova e patriotizam koj ne go razbiram. posebno me nervira ovaa mazneva, nema da i ja zaboravam glupata reakcija na bljuvotinite na latas - ne bila prozvana po ime. aj sega kokono si prozvana po ime aj da te vidime
Од: sasko
Датум: 06.12.2008 03:20:06
ej grujo be pagas poleka.site lagi tvoi i lazen patriotizam ti se providni kolku i da lazes od den na den ti paga rejtingot.vo marti ce ima lokalni.pretsedatelski i predvremeni parlamentarni izbori
Од: rasrdena
Датум: 06.12.2008 07:03:16
Ovaa baba Korupcionerka" ja otkri Amerika" Deme javno iskna deka ima zloupotreba ikonflikt na intersi kaj poedini licnosti od vlasta koi pokraj svojata odgovorna funkcija, za " debeli " honorari se clenovi na po dva tri , pa i cetiri upravni ili nadzorni odbori vo javnite pretprijatija i ustanovi. Pa za toa sodenovi pisuvaa vesnicite i javyuvaa drugite mediumi,taka da i vrpcinjata vo Makedonija gi naucija iminjata na Natasa ( sovetnickata na Stavresiki) i na Vladimir poranesen funcioner n DPMNE , a sega sopstvenik na privatna firma i blizok do vladeeckata VMRO, koi clenuvaa vo po tri cetiri UO ili NO.I sega vidi ovaa Korupcionerka se rassrdila , bogami i nalutila, pa " ostro " gi opomenuva dek toa ne bilo dobro i moralno. More, more , more , more , kakvi osttri merki prevzela.!!! Ce vidat tie!
Од: Dobrila
Датум: 06.12.2008 08:10:17
Sto e toa "preterala", dali moze da objasni famoznata Komisija cii clenovi otsekogas licele na kucinja sto laat dodeka karavanite pominuvaat, pominuvaat, pominuvaat.... Dali ne e "preterano", ako ima uste samo dve zadolzenija osven osnovnoto, sovetnicka i toa po nekolku mnogu vazni prasanja. Da vidime sto ke napravi sega Komisijata i ne samo taa tuku i sefot na navodnata sovetnicka, no i shefot na nejziniot shef. Dali vo ovaa nasa Makedonija nema dovolno pametni luge so iskustvo i pred se chesni za da mozat da gi izvrsuvaat rabotite sto gi izvrsuva famoznata sovetnicka. Alal vera koga moze tolku raboti da "nosi" vo isto vreme. Neka se zamisli Komisijata i neka "procacka" kakvo vlijanie ima i na fakultetot (se razbira istiot ) kade sto rabotat nejziniot soprug i svekor i sto se spremni da napravat zatoa sto imaat "grb". I ne samo "krupnite" uste poveke "positnite" ribi od politickiot establisment gi zloupotrebuvaat do maksimum svoite pozicii (chest na retkite isklucoci).
Од: zabegan
Датум: 06.12.2008 09:13:44
aman bre luge imajte malku zal za ovoj narod. zar nevie dosta ve izbrale na vlas a vie se sakate.ako vise malku platite (licnite dohodi) organizirajte strajk,ili predlozetesi zakon pa povtorno zgolemetegi...e golemi besramnici ste se prasuvam samo do koga ke vi vrvi besramnosta .
Од: Bitola
Датум: 06.12.2008 09:25:03
Alo neka mi kaze nekoj ako znae ko i e maz na ovaa "antikorupterka".Nekoj mi rece deka i bil maz onoj pokojniot Dimovski koj mu se pikase vo gakite na Ljubco,kako ovoj segasniov Tomic.Pa ako e toa tacno i sto mozete da ocekuvate od ovaa.Sekogas pretsedatel na antikorupciska treba da bide covek od opozicijata.
Од: vmro
Датум: 06.12.2008 10:48:13
(nisto ne e tocno vo natpisite gore vmro e cesna partija i e za narodot )
Од: Do bitola
Датум: 06.12.2008 10:58:09
Tocno e deka maz i bese pokojniot novinar vo mrt Branislav Dimovski inaku brat na Dosta Dimovska.
Од: Самарот
Датум: 06.12.2008 15:55:06
Пак ќе страда саматот.Коњите ќе гледаат сеир
Од: kole
Датум: 06.12.2008 16:36:38
Pa neli Grujo vikase deka VMRO-vcite se cesni i parite mu gorcat??? Dobro e sto baba Zumbula se razbudi, ama podatocive gi objavuva so polovina usta... da ne se zameri so Grujo najcesniot...cuvaj se Grujo sega koga Frcko ke te podbere vo nekoja kolumna...tvoite nemaat dovolen intelekt da mu odgovorat... nestrplivo go cekam vtornik???
Од: Rade
Датум: 06.12.2008 22:49:25
А бе овие од ВМРО-ДПМНЕ ти биле ненаситни како вошки. Без усул. Кога беа опозиција врескаа ако некој политичар вработеше сопруга, пријател или брат, демек државата ја ‘оштетувале‘ , а сега ги гледаме истите тие како месечно земаат по 5-6 плати од разни одбори или комисии. Морал -нула, етика - нула, образ - нула, даден збор (ветување) - нула.
Од: Стамен од Шт.
Датум: 06.12.2008 23:42:15
До ВМРО: Точно е ВМРО, како што велиш. Вмро е чесна партија, ама за членовите на партијата од глава до пети, Бог да не чува... Ајдут до ајдут!
Од: toni
Датум: 07.12.2008 19:55:13
Vo koj odbor na direktori e VIKTOR MIZO,prasanje za antikorupciska.
Zema platicka od AD TUTUNSKI KOMBINAT koj site sednici na odborot gi drzi nezakonski,ispitajte sami.
Од: petyre
Датум: 07.12.2008 20:16:10
Soprugata na pratenikot Petar Pop Arsov kumanovo clenuva vo komisija za polaganje na pripravnicki ispit i za minatata godina ima zemeno honorar so koj ima kupeno avtomobil.bravo
Од: lenin
Датум: 08.12.2008 05:02:35
Upravniti odbori odnosno clenovi na upravni odbori treba odma da se ukinat.tie luge samo si zemaat pari a nichto ne rabotaat .Zochto ne se postavi clen na upraven odbor vo nekoja firma koj nema od chto da zivee nego se stavaat samo direktori nivni sinovi ili bliski ili clenovi na nekoj politicka partija.
Од: verag
Датум: 08.12.2008 12:30:25
А што да прават сиротите вмро-ОВЦИ,имаат толку малку способни и одани луѓе па мораат едни те исти да се мачат со членство во повеќе управни одбори.