Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Шестгодишно дете од Тетово се затру од инсектицид

ТЕТОВО - Шестгодишно дете од сувогорското село Гургурница, Тетовско, испило инсектицид, се затруло и починало. Иако семејството и соседите брзо реагирале, сепак, не успеале да му го спасат животот. Детето најпрво било пренесено во Клиничката болница во Тетово, а оттаму упатено на скопските клиники, но напорите биле безуспешни.

Според кажувањето на мајката на детето, 38-годишната Ц.Е., во вторникот вечерта малку пред 21 часот, шестгодишникот пројавил знаци на мачнина. Констатирано било дека детето претходно нашло пластично шише со инсектицид, течност подготвена за уништување инсекти во куќата. Притоа испило една количина од течноста за набрзо потоа да се пројават симптоми на мачнина. Испиениот инсектицид бил кобен за животот на детето.

За вчера беше најавена обдукција на телото на детето. Истовремено, домашните го очекуваа и враќањето на таткото, кој бил печалбар во Италија. Тетовската полиција извршила увид на местото. Шишето со отровната течност било земено и предадено на вештачење. Најавено е расветлување на сите детали поврзани со овој несреќен случај. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 706 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Лов на дрвокрадци
Обвинетите тврдат дека не правеле дубари со инвалидски пензии
Запленети фалс-цигари во Тетовско