Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Обвинетите тврдат дека не правеле дубари со инвалидски пензии

Љубица Величкова тврдеше дека за напливот на предмети бил информиран и министерот за здравство

Љубиша Станковиќ


Со распит на второобвинетата Љубица Величкова (50), началничка на Комисијата за оцена на работната способност во прв степен при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, вчера во Основниот суд Скопје 1 продолжи судскиот процес против 36 лица, обвинети во случајот наречен лажни инвалидски пензии, или „Метастаза“.

Во својата одбрана Величкова кажа дека од обвинетите ги познава само своите колеги - лекари со кои соработувала, почнувајќи од првообвинетиот Сашо Јосимовски, за кого рече дека го знае, бидејќи ја лекувал, но отфрли каква и да е поврзаност со некакво криминално здружение. Величкова токму за Јосимовски рече дека го гледала поради одредени „партиски случувања“.

За најголемиот дел од големата група обвинети Величкова кажа дека прв пат ги видела во судница, а третообвинетиот Азем Кофрц го знае како пациент на Милчо Демерџиев, според телефонски разговор што го имала со него. Од разговорот таа разбрала дека Кофрц барал инвалидска количка.

За Љупчо Бутевски, кој, исто така, се води како еден од организаторите на групата, рече дека го знае по тоа што го заштитувал нејзиниот син. Обвинетата Величкова смета дека е апсурд да се поверува во тоа дека имала моќ да влијае врз комплетната лекарска комисија. Таа појасни дека имала средба и со министерот за здравство, Бујар Османи, и дека тој бил информиран за зголемениот број предмети што, пак, кај неа се појавило сомневање за исправноста на пристигнатата документација. На истата тема сега обвинетата Величкова имала разговор и со својот колега Сашко Кедев, чиј потпис, исто така, бил фалсификуван во некои предмети.

Третообвинетиот Азем Кофрц пред судот негираше дека посредувал при издавањето инвалидски пензии. Тој се бранеше дека со некои од лекарите се познава, бидејќи и тој и неговиот татко имале нарушена здравствена состојба. Исто така, за некои од лекарите тој кажа дека ги консултирал телефонски, но судот му предочи доказ од кој може да се заклучи дека со некои лекари се слушал многу често.

По одбраната на Кофрц, односно по направената пауза, судот од оправдани причини донесе одлука за прекратување на судењето, а веќе денеска во судницата треба да се појават сите обвинети за случајот „Метастаза“.


#
Статијата е прочитана 806 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 16.09.2010 12:40:34
Нема врабец во Македонија што незнае дека таму, во инвалидската комисија, се добиваше пензија само за пари.
Од: realen
Датум: 16.09.2010 14:34:11
Na obvinetite ne treba da im se sudi. Samo po kratka postapka po 20 GODİNİ ZATVOR. İ CELİOT İMOT DA İM SE KONFİSKUVA. Edina pravda e toa.
Од: borce
Датум: 16.09.2010 15:38:05
Obvinetite normalno ne priznavaat no vistinata e druga.Ova e razrabotena chema eden od niv bara muchterii chto sakaat takva penzija koga ce go najde pocnuva rabotata so lekarite so lazni dijagnozi na zdravi pravi luge im se izmisluva razni bolesti i se sreduvaat site dokumenti i muchterijata za toa si placa debelo a organizatorite si gi delat parite.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2010 18:43:46
Го нема нешто ајвандокторот кој има резервно алиби за евро-истормозените бели мантили.Тоа што некој му ја дувна во странство,тоа што некој шитка стентови,тоа што некој ,,не отвара конзерва а не глава за 10.000 евра,, не го загрижува.Нему му пречат пребогатите чистачки,дактилографки, портири и други ,,олигарси,,кој стекнале енормен имот па така едвај врзуваат крај со крај.

Најди! во Утрински
Хроника
Лов на дрвокрадци
Шестгодишно дете од Тетово се затру од инсектицид
Запленети фалс-цигари во Тетовско