Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Пресудата за Тарчуловски очекувана за експертите

Пресудите на Хашкиот трибунал одговараат на изведените докази и на обвинението, д-р Гордан Калајџиев

Молк по првичното соопштување на пресудата од Хаг кај експертите по кривично право. Ова е првичниот впечаток по вчерашното соопштување на пресудите, бидејќи кривичарите, генерално, не беа расположени за коментар и само мал дел од нив се одзваа на поканата на „Утрински весник“ да дадат изјава.

За оние што, сепак, прифатија да го искажат својот став и тоа половина час по изрекувањето на пресудата, одлуката на Кривичниот суд на Хашкиот трибунал не била изненадувачка. Според нивните прогнози, судскиот процес завршил онака како и што очекувале: со ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски, како и со осуда за Јохан Тарчуловски, но со една ограда дека не сакаат да се впуштат во оцена на висината на изречената казна.

„Пресудите на Хашкиот трибунал одговараат на изведените докази и на обвинението“, смета професорот по кривична постапка, д-р Гордан Калајџиев. Тој вели дека согласно со нашиот кривичен систем, каде што истрагата им припаѓа на јавниот обвинител и на истражниот судија, не било тешко да се предвиди ваков исход, бидејќи е тешко докажлива вината на ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Според него, тој момент мошне умешно го употребила одбраната на Бошкоски. Тој вели дека сосема поинкава ситуација има кај Тарчуловски, каде што се цени неговата индивидуална одговорност, како и неговото учество во параполициска формација.

„За мене лично не беше неочекувана пресудата за Тарчуловски, бидејќи и самото обвинение беше доста посилно за него. Моментно е значајно да се види пишаната пресуда и оттука, ако има елементи, да се оди на жалбена постапка. Но, значајно е да се преиспитаат можностите, бидејќи Трибуналот во неколку наврати, во случаите каде што таа беше иницирана, ја зголеми затворската казна на одредени лица наместо да ја намали, како што тоа обично се очекува“, е првичниот коментар на д-р Јана Лозановска, експерт по меѓународно хуманитарно право.

Според нејзините првични импресии, иако Трачуловски се товареше за индивидуална кривична одговорност за здружен злосторнички потфат, во суштина иако не експлицитно, се осуди за де факто командна одговорност, што е поразлично. Едната е според член 7 (1) на Статутот, а втората согласно член 7 (3) .

„Велам, таква ми е импресијата, бидејќи се' уште ја немам видено пишаната пресуда, која по разгледувањето ќе даде одговор на ова прашање“, нагласува Лозановска.

Вчера се обидовме да стапиме во контакт со сите оние теоретичари, чиишто имиња нешто значат во македонското кривично право. Но, професорите по кривично право не беа достапни за коментар околу судскиот епилог во Хаг. Мобилниот телефон на професорката Гордана Лажетиќ беше исклучен, линијата на професорот Никола Тупанчевски, иако беше слободна, тој не се јавуваше. Веќе подолго време од јавни коментари се воздржува и најпознатиот македонски кривичар, академик Владо Камбовски.

Ниту професорот по кривично право во пензија, д-р Ѓорѓи Марјановиќ, вчера не беше расположен за давање изјави за медиумите. На неговиот домашен телефон се јави еден од неговите синови, кој рече дека „татко му не може да даде изјава“. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 2154 пати.

Испрати коментар

Од: Nancy
Датум: 11.07.2008 04:39:44
Zalime za taraculovski toj ne zasluzi za vo Hag nego treba da go zameni Lubco Georgievski Arben Dzferi.i Ali Ahmeti.
Од: Разочаран
Датум: 11.07.2008 05:47:54
Срамни,антимакедонски, нехумани и наслов и изјави на некои си експерти по кривично право. Каде и како се стекнале со титулата екперт? Учествувале во судски процеси, во пракса докажале свои а побиле туѓи аргументи?.Докторската титула е научно звање но не и доказ дека некој е експерт.за случаи како овие нашите во Хаг. Многу по ценети имиња од оние кои ги интервјуирате сеуште не се изјаснуваат, овие двајца искористиле прилика да се појават во весник. Таа Лозановска, или како се вика, уште оди и на варијанта за можност казната на македонскиот бранител Јохан да се зголеми!. Оди си мори жено од Македонија.
Од: gimce
Датум: 11.07.2008 08:23:18
koga se mesat emociite so strucnost na ekspertite ke se pojavi i vakov glup komentar kako sto e ovoj na "razocaraniot". Od ekspertite ne se bara da se proiznesat za patriotizam tuku za edna slozena pravna postapka
Од: aleks
Датум: 11.07.2008 08:44:54
Johan si ja branese tatkovinata i od tuka kaj nego ne postoi nikakva vina. Zosto nieden od Haskite slucai ne dobi sudska razresnica vo Hag? So toa se potvrduva deka vrz Boskoski i Tarculovski se sproveduval politicki montiran proces. Koj ke mu gi nadomesti 3-te godini od zivotot na Boskoski pominati vo zatvor? Sto ako podocna se dokaze deka i Tarculovski ne e vinoven Kade e odgovornosta na Hag? Ona sto mene me naluti e sto dozvolivme Tarculovski da go brani advokat amater i nisto ne napravivme za niv. Trebase drzavata da plati dobar advokat kako na Boskoski.
Од: jovan
Датум: 11.07.2008 09:52:46
Normalno deka nikoj ne saka da dava izjavi i da se "krie" bidejki navistina e neblagodarno bilo sto da se kaze. Od edna strana go imame Johan osuden za "zlostornicko zdruzuvanje" od druga strana imame na sloboda lica koj uste pozlostornicki i pokrvnicki maltretiraa civili.(rabotnicite na Mavrovo, isceznatite...itn). Vtoro, ako Johan kako policaec izvrsil zlostorstvo ,kako moze negoviot sef Boskovski da ne odgovara ama bas ic.(ne go obvinuvam sega Boskovski, samo komentiram). Taka da ispaga deka Johan vo se ova e samo zrtven jarec kolku da se kaze deka nekakva si pravda e sprovedena. Luk ivoda e se ova ,zalno e samo sto Johan ke go plati seto ova ludilo. I da e kriv za se ona sto se tovari ,bi trebalo togas za site podednakvo koj vrsea zlocini za vremeto na konfliktot 2001 da bidat osudeni, a ne samo eden i toa selektivno. Sramota.
Од: emil
Датум: 11.07.2008 10:06:23
Tarculovski e osuden poradi nesposobnosta na negoviot advokat. Jas sum siguren deka advokatot ne znael da zboruva ni francuski ,ni angliski , dvata oficijalni jazici na sudot vo Hag. preku preveduvac, i kolku da e strucen se gubi efektot na odbranata. zatoa predlagam Tarculovski da go smeni advokatot i pio moznost nekoj od evrpskata unija ili svajcarija i pod hitno da ja obzali presudata. Odgovorno tvrdam deka nieden nas advokat ne moze ni voda da mu nosi na bilo koj advokat od evropskata unija.
Од: marija
Датум: 11.07.2008 10:19:24
Razocarana sum, kako i mnogu drugi sogragjani, za presudata na Tarchulovski, koj si ja braneshe tatkovinata, po sluzbena dolznost.Dobra odbrana bi trebalo da mu ja namali kaznata ili da go oslobodi. Bi trebalo da se vkluci struchnata Edina Rashidovik, dokolku saka i e vo moznost.Od druga strana, se prashuvam shto kje se sluchi so 4te Hashki sluchai vo nashite sudovi, shto Tribunalot gi otfrli.Sto da se presudi za 12 kidnapirani i ubieni, za ubienite vo hotelot Brioni , vo Vejce itn.Greshkite na Tarchulovski se mali vo odnos na ovie zlodela, no pravdata e slepa.UCK ili ONa ili "transformiranata"DUI kako kje koalicira vo vlasta koga kje se vodat sudski procesi protiv nea! Medjunarodnata javnost i politichka elita si igra so nas, pravi eksperimenti vo Makedonija, a nie se si prifakjame.Redno ednash da stavime kraj na nivnite naludnicavi idei i da pokazeme pogolemo dostoinstvo iako sme mali i slabi.Na EU i SAD im preporachuvam da go prifatat modelot koj ni go nametnaa: teroristi vo Vladata
Од: Vlatko Makedonski
Датум: 11.07.2008 10:38:36
Do komentatorite na statijata: Bravo moi Makedonci,takvi ve sakam!Ajde da se organizirame i sekoj makedonec da dade po eden denar,pa da im gi dademe na tie bedni "evropjani",za da ni go vratat toa shto e nashe.Eden denar ne e nishto za sekoj od nas,a milion i kusur denari se dovolno za da ni go vratat-veruvajte!!!Pod itno da se organizirame!Rasprostraneto go mojov e-mail javno ve molami da zapochneme,da ne gubime vreme!
Од: viktor
Датум: 11.07.2008 11:01:19
tie sto treba da odat vo hag se slobodni a tie dvajcata nevini bea tamu a edniot seuste ce bide tamu toe ne e pravda zalime za brat Johan sto seuste ce bide tamu kako nevin covek
Од: Trajko od Stuka
Датум: 11.07.2008 12:26:13
Vo bilo koja vojna ginat vojnicite a ne generalite(naredbodavcite) tie si uzivat vo svoite udobni fotelji i diktirat po telefon)
Од: dimitar
Датум: 11.07.2008 13:40:14
Љубе брате, добре ни дојде. Јохане брате, со тебе сме и ќе те ослободиме. МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ!!! За предавството скапо ќе платат.
Од: Ekspert??
Датум: 11.07.2008 14:27:58
Ako ste tolku golemi eksperti sto sedite vo Makedonija. A be predavnici.Gi prdadovte lugeto na vakvi kvazi sudovi kade sto sudiite se izivuvaat nad osudenite. Pa zar za trojca ubieni se odi 12 godini, a za iljadnici kako sto ubivaa nekoi od bivsite Yu samo 5. EEEEEEEEEE mi se gadi koga ke ve procitam .Eksperti??!!
Од: Lenin
Датум: 11.07.2008 15:31:36
Tarculovski e nepravedno osuden.Tie chto trbache da bidat vo Hag denes se vo udobni fotelji.Ova go nema nikade samo vo Makedonija luge koj bile protiv drzavatai ubivale nevini luge da sedat vo vlasta i da gi koristat site blagodeti od drzavata.
Од: taka e emil
Датум: 11.07.2008 15:39:15
Se slozuvam so emil deka Tarculovski imase los advokat. Pametot e vo glavata, a ne vo punzdata. Sledejki ja odbranata na Tarculovski bev zgrozen od drveniot atvokat Apostolski koj ne znaese da zboruva. Mislam deka treba da se smeni "advokatot" so vistinski advokat. Bez povod policijata sigurno ne bi bila na toa mesto.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор
Поделени емоции по пресудите во Хаг
Љуботенски настани спроти Рамковниот договор