Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Љуботенски настани спроти Рамковниот договор

Два дена пред потпишувањето на Договорот во Охрид, во заседа загинаа осум припадници на безбедносните сили

Гордана Дувњак

Досието „Љуботен“ е единствениот македонски случај поврзан со воениот конфликт од 2001 година, што заврши со судски процес и пресуда пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг. Настанот се случи спроти потпишувањето на Рамковниот договор на 13 август, кој требаше да го означи крајот на војната, за која се' уште има многу непознатости. Дали тоа беше воен конфликт за поголеми права инициран од незадоволното албанско етничко малцинство, борба за територии или, пак, увезена криза од Косово?

Во една напната и тензична атмосфера, исцрпена од неколкумесечните воени дејства, кога се' уште не беа стивнати реакциите за загинувањето на 10-те припадници на македонските безбедносни сили кај Карпалак, Македонија ја потресе уште една лоша вест. На 10 август, во минска заседа кај месноста Љуботенско Бачило загинаа уште осум резервисти, а исто толку припадници на македонските безбедносни сили беа повредени. Најголем дел од загинатите и повредените беа од соседното село Љубанци, но и од околните места.

Два дена подоцна, во полициска акција беше нападното селото Љуботен, а во акцијата загинаа неколку лица. Полицијата објаснуваше дека станува збор за легитимна акција насочена кон фаќање терористи на ОНА, кои успеале да се пресоблечат, бидејќи биле жители на селото. Месното население, пак, тврдеше дека станува збор за цивилни жртви, меѓу кои имало и деца и старци. Според обвинителниот акт, критичниот ден, на 12 август 2001 година, полициски единици под команда на Тарчуловски извеле напад врз Љуботен, во кој загинале седум маж�� од албанско етничко потекло, најмалку 100 куќи биле намерно запалени, а повеќе од 100 жители биле притворени и подложени на тепање и мачење.

По речиси седуммесечен воен конфликт, чиј црн биланс беше околу 70-ина жртви од обете страни, како и голем број раселени и исчезнати лица, Македонија со помош на ЕУ и на САД се обиде на најде излез од кризата со низа мерки за санирање на последиците. Како компромисно решение, само два дена по трагичните љуботенски настани, на 13 август во Охрид беше потпишан Рамковниот договор.

Овој изнуден договор, под кој потписите ги ставија лидерите на четирите најголеми релевантни партии во Македонија, требаше да гарантира дека Македонија влегува во нова постконфликтна ера.

И овој случај, како и останатите случаи поврзани со воениот конфликт, беа документирани во полицијата и во Обвинителството. Беше спроведена опсежна истрага, сослушани голем број сведоци, а МВР формираше и неколку комисии да го расветлат случајот.


Статијата е прочитана 1243 пати.

Испрати коментар

Од: rst
Датум: 11.07.2008 00:48:41
Malku 12 godini dozivotna robija sa dvajcata.
Од: prijatel na rst
Датум: 11.07.2008 01:43:12
Moze dozivoten ama za drugar ti Ali Ahmeti
Од: eden diasporec
Датум: 11.07.2008 02:28:15
50% Radosni a da daj gospod za kuso vreme 100% So Gospod napred Republica Makedonija.
Од: Nancy
Датум: 11.07.2008 04:37:14
Dozivotna robija treba da dobijat komandant Leka i Ahmeti,tie se teroristi a Taraculovski i Boskovski se branea od teroristi.
Од: petre
Датум: 11.07.2008 05:41:48
Barame makedonskite sudski vlasti vednas da otpocnat da gi procesuiraat 4 te vrateni predmeti od Haskiot sud i da im se sudi na teroristickite zlostornici.
Од: Makedonec
Датум: 11.07.2008 05:59:33
Za Ahmeti i bandite negovi dozivotna robija...Za site maloumni koi pukaa na policijata! Vo sekoja zemja odi vo zatvor toj koj puka na policijata neli??
Од: kristijan
Датум: 11.07.2008 07:02:08
na ovoj rst mu davam besplatno snimanje na mozokot...sem ako e od brakata ramkovni pa ne bi me cudelo i da nema...Pozrdav do makedonskite zrtvi..za Johan e zalosno zatoa sto e zrtva!!!ljube nema nikakva odgovornost i opravdano e osloboden.Makedonskata pravda e spora i slepa no nekogas i pristignuva
Од: roza
Датум: 11.07.2008 07:46:43
rtod vas treba sapun da se pravi duri i za izvoz,ah grujo,grujo so kogo si fatil rabota so kucina li?kriminalcite sto zacrnija mnogu semejstva tebe partneri ti se,a,nashiot Johan ke lezi vo zatvorine,Cestitki za g. boshkoski bash mie milo,a od druga strana solzi ronam za Tarculoski
Од: skopjanec
Датум: 11.07.2008 09:11:03
kakfa derzava e ova koga gllavniot lider na ona,sto pocna vojnata sega e partner na vllada,i kakva vllada koga se raduva za eden ubijec na civili,treba ova vllada sega da gi stavat vo zatvor pervin ali ahmeti i da go stavat vo idrizovo lube kako glaven akter sto ubi i studentive od pakistan sfetot znae od ova mafijaska derzava
Од: Artim
Датум: 11.07.2008 10:59:27
Go pozdravuvam g. Boskovski i go pocituvam kako nacionalen heroj za makedonskiot narod. Isto kako nie albancite, osobeno onie vo Kosovo sto go imat Ramus Haradinaj i drugite licnosti sto bea aktivni za albanskata kauza. Jas go pocituvam gospodinot Boskovski, zasto covekot e dostoinstven i cesen, otvoreno se borese za socuvanje na nacionalnite interesi, a ne kako drugite kucki koi sega se prikrijat i se pravat evropski gay licnosti.
Од: A. Nikolov
Датум: 11.07.2008 12:34:34
Za Lubotenskiot sluchaj trebashe da odgovarat vnatreshnite predavnici,petokolonashot ,banditot Tachi i Ljubcho Gorgievski koi ne sakaa da zavrshi vojnata.Na Dzaferi i Ljubcho ne im odgovarashe ramkovniot dogovor.Zatoa otidoa kurban i makedonci a potoa i shiptari.Vo vojni uslovi najdobro se pravi dalaveri i ostvaruvanje na sopstveni celi.
Од: bb -a
Датум: 11.07.2008 14:41:31
isto ko srbite,i za makedoncite site se mu krivi samo onie se "nevini' i "bozji narodi" "dusa'narod" Vie znaete samo da kukate "oatrioti so baterii" E sega bidjeki im dosol na gosti "kralot" od persija ke bidat uste "pojaki" plus toa i brat ljube .....
Од: Ice T
Датум: 11.07.2008 14:41:51
Bravo za Hag, tie rabotat so dokazi, od ovoj slucaj se gleda, Lube out Johan in- sigurno zasluzil ne e toa skopski ili stipski sud pa aj da gi pustime. Da imase UCK vo Luboten sigurno Johan ne ke mozese da vleguva, setete se samo dali vo Slupcane ili Otlja mozese da vleguva policijata i specijalcite, nemaa sansa. Prijaten prestoj Johan, mozebi i ke dobies drzavjanstvo ne EU so ovaa robije.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор
Поделени емоции по пресудите во Хаг
Пресудата за Тарчуловски очекувана за експертите