Verbatim
Беше логично Хрватска да учествува на Самитот на неврзаните, како и на претходните, бидејќи таа беше дел од државната заедница што беше членка на тоа движење. Југославија беше основач на големата заедница на неврзаниот свет
Стипе Месиќ,
хрватскиот претседател за логиката на нештата зошто е неоспорно учеството на Хрватска на 15. Самит на неврзаните во Египет
Либерализацијата на визниот режим е процес што содржи технички елементи, а не политички, па затоа само оние што ќе ги исполнат условите може да се најдат на листата за укинување на визите"
Хавиер Солана,
високиот претставник на ЕУ со објаснување пред претседателот и премиерот на Косово во кој правец треба да чекори нивната земја за да стигне до безвизен режим |