Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Прилеп во Скопје

Сања Наумовска

Центарот на Прилеп е најважната локација што треба да ги привлече туристите во Скопје! Така барем препорачува најновиот Туристички водич кој пред два дена го промовира Градот Скопје. На првите страници од изданието се наоѓа слика на споменикот на Александар Македонски со огромното копје што се наоѓа во Прилеп. Образложението за овој потег дојде од издавачката куќа „Тримакс“, каде што објаснија дека, за жал, Скопје се' уште нема свој споменик од војсководецот.

Значи, повеќе од јасно ни станува дека ако веќе беше поставен скопскиот Александар, тој ќе беше првата работа со која ќе се пофалевме пред туристите. Задоцнил малку за да биде првата атракција во главниот град. Пред нашите преубави и стари цркви или џамии од кои пулсира историјата, пред прекрасната природа на Матка, пред Скупи, пред Калето и многу други културни, историски и природни споменици и убавини што се наоѓаат во Скопје или околината.

Александар и нашата опседнатост со нашата античка историја, очигледно, засенува се', па дури по цена Прилеп да е првата претстава за Скопје. Не е прв пат Градот Скопје во своите досегашни брошури и туристички водичи да вметнува информации за убавините на Охрид, езерото, црквите и археолошкото богатство, Преспа и Големиот Град, за планините или историјата на земјата. Ќе беше в ред да се спомене и Прилеп, па дури и споменикот на Александар. Сепак, начинот на кој е претставен во најновиот водич е гротескен.

Скопје не е најубавиот и најбогат град во регионов, но секако дека има што да покаже. И со што да привлече туристи, без прилепскиот, па и без скопскиот Александар.


Статијата е прочитана 1280 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 17.07.2009 00:19:35
Barem da go stavele Markukule !
Од: mile
Датум: 17.07.2009 01:37:26
александар македонски е наша гордос ќе разберите еднаш комуњари едни ,отворете малку книга и прочитајте не е тешко
Од: sramota e skopje da nema spomenik na najgolemiot makedonec
Датум: 17.07.2009 07:41:48
statijata e uste eden dokaz deka na Skopje mu treba spomenikot na Aleksandar
Од: makedonsko sonce
Датум: 17.07.2009 07:51:50
Pa za da ne bide utka turistickiot vodic, izdavacite i avtorite mozele da napravat finta. Na primer na brzinka da go slikaat Nikola Gruevski na nekoj konj ili magare (i bez toa gi ima po skopskite ulici vo centar kolku sakate) i toa da bide naslovna stranica. Se razbira da ne bide pokuso, vo pozadina moze da se glada i Koce Trajanovski. Pozdrav do avtorot i citatelite.
Од: MILCO
Датум: 17.07.2009 07:58:15
Definitivno sekoj cesen Makedonec treba da se zasrami od aleksandar veliki /HOMOSEKSUALEC/ toj kopuk ja unisti nasata makedonska nacija iljadnici luge zaginaja od fanatizam a nas ne ostavi recisi i bez drzava ili pak osakatena drzava. Mkedonec za sekogas............
Од: сестра ангелина
Датум: 17.07.2009 09:03:38
за мала држава, доста е и еден Александар,па макар и во Прилеп - на саат и пол возење од метрополата.
Од: menemkm
Датум: 17.07.2009 09:42:03
Одлично новинарке.Тоа што вчера сакав да го коментирам како моја лична перцепција во однос на водичот Ви его напишавте.Ако е водичот за Скопје ирелевантно е дали ке го има Ацета на наловна.Ги прашувам коментато- рите.Ако странец дојде во Скопје и побара да го види споменикот од насловната ,каде ке го пратите? Во Прилеп.Но,ако Тримакс добил некоја паричка за овој проект значи ли дека треба да шири заблуди.Или и се додворува на власта.Што ке биде кога ке се појави водичот за Прилеп ?.Ке го има ли Ацета на насловна или донего ке виси некој вмеровски мајмун со лавовска круна на главата.
Од: за ваква елита непостојат аргументи
Датум: 17.07.2009 11:58:20
Каков Александар бе,се досега што не е наше му го искрадовме од други,а сега на ред доаѓа Александар. Па тој му е лепче на нашето премиерче. Без него ниШто од идната негова власт. Но тој многу лесно си ги води овие безброј овчички. Затоа во ред би било пред камениот мост да постави огромна статуа од овца. Не сте свесни дека цела европа,а сега почнува и светот да ни се смее со оваа вештачка антиквизација. Сами си бараме и никој не ни е крив што и животот си го загорчуваме и допрва не чекаат црнила. И се само заради слатката власт на премиерчето и неговата му глупава орда. Само продожете,а за дереџето кое не очекува ..........Овчички,Ви тврдам дека само од вас оваа наша Македонија ке ни ја снема. А тогаш ке бидете забодени на колци.......
Од: дими61
Датум: 17.07.2009 12:11:38
Александар не е наша гордост.Си имаме ние наши илиндеци и други македонски борци.Александар е гордост само на испраните вмро -ски глави.
Од: Prilep
Датум: 17.07.2009 15:42:09
Aleksandar e svetska i istoriska licnost i e svetska gordost, a samo ako ne ziveeme vo ovoj svet moze da ne bide i nasa gordost. Glupostite so antikvizacijata i kuc spomenicite se sosema treta rabota. Sto se odnesuva do turistickiot vodic, slikata so Aleksandar e stavena vo sekcijata koja govori za cela Makedonija, koja e samo 10% od celiot vodic. Taka da neznam zosto krevate tolkava vreva, za minorna rabota, a ne ja gledate golemata slika deka prv pat po tolku vreme Skopje dobi eden, kolku tolku, reprezentativen vodic.
Од: Elena
Датум: 17.07.2009 15:57:37
Што се возбудила афторката толку, па и нема Скопје со што да привлече туристи, а и не е некоја голема лага сега кај и да е и Скопје ке го има Александар.

Најди! во Утрински
Втора страница
Бриселска инфузија за Груевски
Verbatim