Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Бриселска инфузија за Груевски

Можат ли добрите вести од ЕУ да го вратат загубениот политички оптимизам дома

Соња Крамарска

Македонските медиуми одвај успеаја да фатат чекор со дијаметрално спротивните случувања на домашен терен минатата и оваа седмица. Додека минатата и предминатата седмица изминаа во знакот на драматични политички потреси во Владата на премиерот Никола Груевски, проследени со оставки на неговите министри, оваа седмица на „Илинденска“ б.б. потече славеничко шампањско.

Повод е надминувањето на дводецениската визна блокада - подарок на ЕУ до македонските власти кои во циклуси дваесет години мораа да им објаснуваат на своите граѓани зошто Европа не ги сака.

Но, времето за славење помина и Владата се соочува со брзо отрезнување. Дискусиите околу спорот за името продолжуваат со несмален интензитет, а падот на визниот режим го разбуди апетитот кај граѓаните за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Иако само пред неколку дена бриселскиот функционер Хавиер Солана во стилот на голем дипломат на заминување ги опсипа со комплименти Владата и премиерот, политичката клима во земјава е оптоварена со стравувањата од скорешен крах на буџетот на што предупреди ексминистерот Трајко Славески неколку минути пред својата политичка егзекуција. „Ако не биде направен итен ребаланс на буџетот, земјава ќе се најде пред банкрот“, гласеше неговата последна порака.

Тоа е порака која вообичаено во друга земја би ги смрзнала економските експерти и државните раководства, но овде во Македонија не се случи тоа. Изостанаа оцени и за првата владина реконструкција, чиј обем и политичка тежина на министерските ресори говорат за признание на премиерот дека клучните владини приоритети доживеале дебакл во изминатите три годи��и.

Стево Пендаровски, доцент на Американ колеџот, вели дека реконструкцијата е индикатор оти владината политика го губи компасот. Фактот, вели тој, што премиерот ги менува петтемина клучни министри на Владата (заедно со ланската смена на министерот за странски инвестиции Глигор Ташковиќ), која го почна својот мандат пред три години како земјоделско-работничка влада, зборува дека нејзините првични приоритети и мерки доживеале пораз.

„Владата го почна својот мандат со земјоделски субвенции, акцијата ’Компјутер за секое дете‘ во училиштата, ветувања дека ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе привлече голем број странски инвестиции, но првите министерски смени беа токму во ресорите земјоделство, образование, финансии и евроинтеграции, и минатата година министерот за странски инвестиции“, вели Пендаровски.

Оцена на Пендаровски е дека македонската државна политика е во стратегиска дезориентираност по поразот во Букурешт, а за тоа, вели тој, најдобро говори фактот дека по силните ветувања од 2006 година дека Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ, сега се обновуваат врските со Движењето на неврзаните. „Тоа не беше споменувана опција за време на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 и 2008 година“, потсетува тој.

Одлуката на Европската комисија за укинување на визниот режим несомнено претставува силна политичка инфузија за македонската Влада, која и самата почна да го губи оптимизмот соочена со грчката блокада за НАТО, ослабената економија и трите последователни извештаи од Брисел со оцени дека земјава се' уште не е зрела за добивање датум за преговори.

Дали добрата вест од европската политичка престолнина и неодамнешната владина реконструкција (според некои претстои и второ полувреме) премиерот Груевски ќе ја искористи за појасно трасирање на приоритетите на Владата кои досега беа конфузни и нејасни.

Радмила Шекеринска, поранешна вицепремиерка задолжена за евроинтеграции во Владата на левицата, смета дека политичкиот ривал ВМРО-ДПМНЕ има еден и единствен приоритет, а тоа е зацврстувањето и задржувањето на власта. „Сите други приоритети бледнеат во споредба со сјајот на владеењето и затоа државните приоритети, како што се членството во ЕУ и во НАТО, справувањето со економската криза, решавањето на социјалните проблеми, немаат шанси да дојдат на дневен ред“, смета Шекеринска.

Шекеринска е скептична, бидејќи, како што вели, власт која се грижи за државните приоритети не го намалува НАТО-буџетот на сметка на нов музеј и не го менува вицепремиерот за евроинтеграции два месеца пред објавувањето на европскиот извештај, а не го наградува со уште една функција и му дава клуч од државната каса на министерот (Зоран Ставрески), кој тврдеше дека Македонија ќе ја одмине светската криза.

„Власт која се грижи за државните приоритети не создава нови непријатели, не ги губи старите пријателства и не ја изолира сопствената држава“, оценува поранешната вицепремиерка во чиј мандат Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ.

Во сенка на надминувањето на визната блокада и пофалбите од Солана измина и драматичната оцена на американскиот универзитетски професор Џозеф Бреда дека македонската Влада не се бори доволно со економската криза. „Мислев дека Владата ќе спроведе поголеми буџетски кратења во сите министерства или ќе размисли за замрзнување на капиталните проекти и за намалување на оперативниот буџет“, рече Бреда во интервју за „Дневник“.

Зошто оцените на овој професор и економски стручњак, а до неодамна и советник на ексминистерот Славески драстично се разликуваат од зборовите на Хавиер Солана, македонската јавност засега не се прашува. Ако е за утеха, Америка и Европа досега многупати имале различен пристап кон Балканот.


Статијата е прочитана 2931 пати.

Испрати коментар

Од: iki
Датум: 17.07.2009 00:21:00
I toa najposle se sluci BRAVO za vladata i za Grujo koj dokazuva deka na red e i dobivanjeto na datum za pregovori i vlez vo NATO Megutoa se plasam da ne bide kasno ili vo paket so KOSOVO bidejki vizno se olesnavme po dolgo cekanje pa se plasam da ne go cekame sega Kosovo za vlez vo Nato i EU Bidejki treba da se resat nekoi klucni problemi vo nasava drzavicka , samo nema za sto da se plasime sega Grujo i kompanija ke go promenat imeto pa taka se nadevam deka BABA MIRKA LUDI MILENKO BUREGDZIJA JANKO I BUMBARKA TANJA ZAEDNO SO LATAS premjerceto i site Vmr-ovci ke gi proglasat za predavnici na Makedonija bidejki toa istoto im go kalemea na SDSM i celata opozicija
Од: mitko za jadnoto opstevstvo
Датум: 17.07.2009 00:32:49
Jasno deka Grujo ke stane popopularen. Toj dosega samo se glupirase i lazese vo oci pa pak si bese najpopopularen kaj nasiot ni prost narod. Sega so bezvizniot rezim nekoi od bukefalcite koi go sledat ke go proglasat za bozestvo, covekot vovel novi pasosi mora da e genie. Seto ove ke trae dodeka negovite ovci ne naucat sto fakticki znaci zadolzuvanje sekoi dva meseca za da se isplatat plati, penzii i uvoz na struja. Togas ke go isplukaat i ke pocnat da sledat nekoja druga budaletinka od VMRO, ama za toa podocna. Da vidime sto ke bidne so negovata popularnost posle pregovorite za imeto.
Од: vasco beleski
Датум: 17.07.2009 00:49:28
VOJNA, ova sto vie i vasite kolegi go pravie g- go kramaroska e nisto drugo tuku vodenje na mediumaksa vojna, uste ni eden ubav zbor nemame procitnao vo vasite textovie, tolku ste negativna osoba duri veruvam deka i negativo vlijaete na site citateli. ke ve zamolam naljubezbno da se procitate malku so pisuvate bidejki vasite negativni nekonstruktivni komentari go zasegaat samo obicniot citatel vo najmala rake ne ogovornite od vladata, dobro e da ja pratite rabotata na vladata ama vie stvarno pisuate samo protiv ,a ne e sekogas taka g-go kramaroska, preteruvate ova uctivo vi go velam najdete nacin da im ukazete am ne taka---------
Од: B
Датум: 17.07.2009 01:52:44
Podarok od EU? Viznata liberalizacija podarok od EU? Zoshto go minimizirate dobro srabotenoto od segashnata vlast? Patetichno od vasha strana.
Од: Vineam Makedonski
Датум: 17.07.2009 04:07:54
Nemoze samo kaj vas g. Kramarska, kaj vas ke ima samo pesimizam i nisto poveke se sto e pozitivno vie go gledate negativno so vakvo viduvanje nikogas nema da ja vidite vistinata i natamu ke si pisuvate sto si imate zacrtano vo vasata programa koja sto e prazna, prazna, prazna...
Од: vladimir
Датум: 17.07.2009 04:20:45
abe so sakate pisuvajte ne deka e cveke za mirisanje ali za razlika od predhodnite premieri nesto napravi vo ovaa opsutosena zemja iskradena od denesite taka nareceni stopanstvenici i finansieri na SDSM i na 80 posto od novinarite vo MK koi sega glumat golemi biznismeni so kradeni pari od narodot ,da izleze nekoja treta partijai da kritikuva vo red ali tei sto imaa sansa da vladeat i da napravat drzvaa i ne napravija i sto gubat dva pati po red katastrofalno imaa lice da izlezat i da zborat??? site mozni sopki ke se pravat na sopsteveniot narod samo pak da dojdat na vlast ,a ke pravat golemi spletki posto parite se kaj niv !
Од: KOLE MANGOV
Датум: 17.07.2009 06:40:10
Koga mediumite i politicharite kje svatat deka ne e spor za imeto.Za grchkoto nasilstvo jas sum Nikolaos Mangos od Vevi, a ne Kole Mangov od Banica.Kako shto Grcija izvrshi progonstvo sprema nas, Makedoncite od Egejska Makedonija, taka vrshi nasilstvo sprema site Makedonci.
Од: don kihot
Датум: 17.07.2009 07:42:12
Videte koga ke se pogledne realno, sekogas sme imale konfuzni Vladi, i totalna politicka nestabilnost, koja seuste trae od osamostujuvanjeto.Interesni se kritikite na opozicijata, koi vo nekoj del se na mesto, no ne mi e jasno zosto e toa taka, ili zosto se misli za dobroto na Makedonija samo koga sme vo opozicija, ete toa ne mi e jasno.Koga ke se sedne vo foteljata se zaborava Drzavata.Toa se slucuva veke 20 godini, ovaa vlada ima svoi mani a bogami i greski, ama barem se obiduva nesto da napravi, dezoretiranosta seuste se cuvsvuva od Grckiot samar, vo Bukurest, ama sega so ovoj pozitiven signal od EU se otvara moznosta za osvestuvanje i cekorenje na napred, cestitki do Makedonija za postignatiot uspeh, uspehot e nas i treba so toa site nie da se gordeeme.
Од: Лавица
Датум: 17.07.2009 07:51:25
Ма воопшто не е важно што рекол Солана кога сме ги имале Пендаровски и Шекеринска. Според Стево нашата политика била дезориентирана, а според Радмила владата имала други приоритети!!??!!?? Во моментите кога како држава постигнавме голем успех, опозицијата и нејзините медиуми не смогнаа сили барем да го честитаат успехот, туку и понатаму верглаат празни јалови и неиздржани критики. Шекеринска беше вицепремиер за евроинтеграции - и што направи???
Од: Трпе
Датум: 17.07.2009 08:37:34
Инфузијата е за освежување,таа не е за лекување.За лекување на државата ,треба да се земат многу јаки квалитетни лекови за во оваа ситуација ,во која е доведена од друштвото на мистер Рејтинг.Интересни се овие дпмне-овците кои се радуваат и аплаудират на покажан прст.Лугево неможе да разликуват што е успех и постигнати резултати.Незнам што би се случило кога детево започне да покажува ,ако може со рака.Во моментот Македонија има тешка клиничка слика.Но се од нас зависи.
Од: Ja
Датум: 17.07.2009 09:27:18
Tekst bez nikakva poenta, kolku da se napise nesto.
Од: menemk
Датум: 17.07.2009 09:32:12
Разликата во изјавите на Солана о Бреда е во тоа што грујовчињата не го разбираат.Солана продаде политика,имфрли прашина во очи на Владата исто како што ни фрлаше во 2001 година итн,додека Бреда го искажа стручното мислење и можните последици.Ама задоените од еуфоријата на власат не можат да направат разлика,па така Лавицата спомнувајки ја Шекеринска ке констатира „и што направи„?Значи написот не го чита во целост туку со прескаконување.Чита тоа што сака да го слушне или види .Ако пред 4 години истата таа Шекеринска го донесе кандидатскиот статус за неполни 3 години,се прашува ли колку назад се врати Грујо од овој процес во изминативе 3 години.Но има време ке излезе се на виделина!
Од: stiv
Датум: 17.07.2009 10:01:17
Ovaa lavicava izgleda e merino ovca. Pa za ova rabotele site dosegasni vladi a ne samo ovaa, samo sto ovaa vlada toa si go pripisuva sebesi. Ne mi e jasno dali ovie evropejcite ke ni dadat i po nekoe evro za da mozeme da otideme nadvor od nasata Bukefalija. Ne ni vredi mnogu vizna liberalizacija ako dzepcinava ni se iskinati i prazni. Neka ni e nazdravje izlezot od Bukefalija koj za poveketo od nas e samo nezavrsen son, a toa sto nemame da jademe, Gospod neka ni e na pomos.
Од: Sofre
Датум: 17.07.2009 10:23:58
Sramota e koga Makedonski novinar ke go imenuva faktot vizna liberalizacija kako "podarok od EU", nasproti zasluga na Makedonija i Makedonskata Vlada. Zabelezlivo e deka opoziciskite molivcinja ke se obidat da go relativiziraat uspehot na dve polinja: ednoto deka viznata liberalizacija e zasluga na site Makedonski Vladi, a drugoto deka ova e podarok od EU pa kaj graganite na Makedonija da se razvie cuvstvo deka ne e zasluga na ovaa Vlada, tuku EU ni ja podari viznata liberalizacija. Zosto EU bi ni podarila vizna liberalizacija? Za da gi udvoime naporite za dobivanje na datum za pregovori? Za da sfatat Makedoncite deka prasanjeto za imeto e irelevantno otkako ke ja vidat Evropa? Ne EU ja usvoi viznata liberalizacija zasto se zavrsi rabotata. Sekoja mozna komponenta od obvrskite bese izvrsena - EU nemase moznost za izgovor. Toa e ona za sto treba Makedonskite novinari da pisuvaat.
Од: DAVIDOV
Датум: 17.07.2009 11:48:35
Ako ne bea Srbija i C.Gora nie ke bevme na Mars.Golema zasluga na vladata,vidi molim te.Ajde da se raduvame so praznive mevovi so skandali ,korupcija .
Од: janev
Датум: 17.07.2009 12:57:15
Сега кога знам дека Пендаровски, Шекеринска и Крамарска нешто увиделе, тогаш ми е јасно дека од ул Тодор Александров дале директива за ширење дефетизам. Овој народ нити за момент не смее да се израдува на нешто, оти ако предолго е радосен може нешто лошо да го снајде
Од: vlatko
Датум: 17.07.2009 13:23:00
vnimatelno go procitav i tekstot i komentarite,i ne mozam da se otrgnam od vpecatokot deka vo ovaa drzava najmnogu nedostiga objektivnost.koga ke citas nekoj text vednas znaes koj od kade e..za zal,toa vazi i za novinarite. Sekoj uspeh na vladata,za opozicijata e podarok o m.z.,a koga se tie na vlast-toa e odlicno srabotena rabota.toa vazi za site vladi,i soodvetna opozicija. po mene vistinata e deka doslo vreme za vizna liberalizacija,mozebi eden vid stimul za celiot region.nikoj nema pravo da se fali so nekoj ogromen uspeh,zasto ke bese uspeh da se slucese pred desetina godini.deneska toa ne e.vo meguvreme ,ne pretrkaja i bugarija,romanija,i dr.koi bea znacitelno pozadi nas vo site ebvrointegraciski procesi, a se plasam deka toa ke go stori i albanija na ekonomski pat.
Од: kicevo
Датум: 17.07.2009 13:41:15
ajde ce zavrsi ednas i ovaj gujo so falbive negovi,zamislete toj bil zasluzen za bezvizniot rezim,pa i decana mali znaat deka e laga,site ne pravi maloumni,ajde vmro i do septembar nema da izdrzi.....
Од: Makedonka-Voden
Датум: 17.07.2009 14:08:49
Го поздравувам Коле Мангов и ги одобрувам сите негови коментари зашто и мојата фамилија ја дожиеела истата судбина со неговата, ама треба македонците да се обединат за да постигнат нешто. Коментарите пак на лавица се само стваранје омраза меѓу тие што се на власт и опозицијата и нивните приврзаници, Се што е ВМРО е добар, исправен поштен , а др. СДСМ ништо не направиле. тие се лошите корумпирани, криминалци ,Како може лавице ништо да не памтиш, Па да беше Шекеринска ние веќе ќе бевме и во ЕУ и во НАТО, зашто таа знаеше како да работи си беше експерт во својата област, а само да се плука се што не мисли како тебе не е во ред такви сте повекето ВМРО-вци, Не сум, од ниедна партија ама гледам кој како и колку работи и сработил, затоа престанете со делби Вие Ние сите сме македонци со една цел да се подобри стандардот на народот сите да работат и да има леб за јадење, стандард за достоинствен живот

Најди! во Утрински
Втора страница
Прилеп во Скопје
Verbatim