Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Почна битката за индекси на државните факултети

На петте државни високообразовни институции вчера почна трката за студентски индекси, при што во претстојната учебна година има место за 27.046 бруцоши. На скопските факултети вообичаено имаше најмногу интересирање за општествените и за економските науки. Најголемите турканици ги забележавме на Економскиот факул��ет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што во просторијата за пријавување, која не беше климатизирана, буквално не се дишеше. Организацијата на уписите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше далеку подобра. Иако имаше тисканици, сепак, беше воспоставен некаков ред. Уште на влезот на факултетот се делеа бројчиња и идните студенти се упатуваа каде да ги поднесат документите. Вчера изостана официјална информација за тоа како помина првиот ден од августовскиот уписен рок, кој продолжува и денес.

Еден ден претходно, Министерството за образование на Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека има околу 12.000 слободни места, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола околу 4.300, на Државниот универзитет - Тетово околу 4.500, на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ околу 6.000 и на Универзитетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“ во Охрид слободни се 300 места.

Годинава е намалена партиципацијата за студирање на државните универзитети. Највисокиот износ за кофинансирање на студиите е 400 евра. Оние што веќе студираат во квотата со кофинансирање ќе плаќаат по стариот ценовник и според договорот што го потпишале при запишувањето. Износот за државната квота е унифициран и изнесува 200 евра годишно за сите факултети, а за дисперзираните студии во редовната квота е 100 евра.

На факултетите за кои е потребна проверка на знаењата, тестирањето ќе се одржат на 19 август. (O.В.)


#
Статијата е прочитана 1168 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 18.08.2010 00:42:49
И што после???Земјоделци,таксисти,тесари,хигиеничари со високо образование.Во ЕУ барем и овие професи се платени.Наместо за диплома подобро е да се учи за лепач на плакати.
Од: TRAJANKA
Датум: 18.08.2010 09:56:41
Slikata na salterite e realnosta kade se nema red , site se butkat preku red , i site zborat vo isto vreme . Dali ovie mladi luge eden den ke vovedat red da se ima osnovna kultura na javno mesto . Koga toa roditelite ne im go ostavile vo naslestvo .
Од: Професорка
Датум: 18.08.2010 13:33:52
Со кој ум и разум се дадени вакви високи квоти? Во Охрид, каде сега има 50-тина студенти на “Универзитетот по информатика“ се даваат 300 места. И тоа да им предаваат џезери и слависти. Тоа се 300 наши упропастени деца. Во Штип 6000!!!!!! Па дали се токму? Таму се скоро сите факултети ЛАЖ��И. На чело со Ректорот што пред да стане тоа, не видел студент. Едни исти професори кобожем предаваат на сите факултети. Тој Универзитет е срам и пропаст за нашите деца. Само ПР-от им работи каком и на Владата. А можеше да биде поинаку да имаше нормална и чесна управа. Нашето високо образование е најниско во Европа, а веројатно и пошироко.
Од: Bube
Датум: 18.08.2010 16:42:47
Koga ke razmislime podobro Makedonija vo celost ne funkcionira. Funkcionira glavniot grad Skopje! Dali toa znaci deka centarot na nasava mila drzavicka e Skopje? 700 000 ima vo Skopje!? Nad milion i nesto se vo Skopje. Najtragicno e sto mladite od Skopje nemozat da se upisat zaradi studentite od drugite gradovi,a toa e zosto zivotot vo drugive gradovi stoi veke 40 godini vo mesto.

Најди! во Утрински
На прво место
Смената на Кекеновски го засени стартот на уписите
Рецензентите не прифаќаат одговорност за учебникот