Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Смената на Кекеновски го засени стартот на уписите

Професорот Ѓорѓијовски се изненадил кога го повикале за да му кажат дека е новиот в.д. декан

Оливера Војновска

Смената на деканот на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професорот Љубомир Кекеновски (по само 11 месеци од доаѓањето на функцијата) и назначувањето на професорот Благоја Ѓорѓијовски за в.д. декан на оваа високообразовна институција, целосно го засени стартот на уписите на студентите во прва година. Шефот на катедрата за менаџмент, професор Ѓорѓијовски, завчераутро се изненадил кога го повикале во Деканската управа (каде што тој е член) за да му кажат е н��виот в.д. декан. Ѓорѓијовски, кого вчера го сретнавме на Економскиот факултет, ни кажа дека накратко се видел со Кекеновски, но одби да ја коментира новонастанатата ситуација и не' упати во Ректоратот. Тој е прилично претпазлив и не сака да избрзува со какви било квалификации. Само кусо ни рече дека „му треба најмалку една недела за да ги согледа состојбите на Факултетот и да може да излезе со изјава во јавноста“. Додаде дека нема други промени во Деканската управа на Економски факултет и дека продеканите за финансии и за настава, вонредните професори Зорица Божиновска -Лазаревска и Горан Петревски остануваат на функциите. Новиот декан треба да се избере во рок од шест месеци.

Ѓорѓијоски има 59 години и во неговата биографија е запишано дека на Факултетот работи од 1974 година. За редовен професор е избран во 1999 година, а научна преокупација му се организација, информациони системи, менаџмент и деловно комуницирање. Тој е автор на книгата „Менаџмент информациони системи“, а има објавено и 50 статии во зборници, годишници и списанија.

Предвременото завршување на мандатот на Кекеновски предизвика внимание во јавноста, најмногу поради тоа што тој важеше за близок на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, вчера никој не сакаше да говори за смената на Кекеновски, кој на Интернет-страницата на Економски факултет се' уште се води како декан на оваа институцијата. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, не беше во Ректоратот за да даде официјална изјава за разрешувањето на Кекеновски. А , како што ни беше кажано, тоа не можел да го стори никој друг во Ректоратот.

Па, во отсуство на официјални информации, се плетат различни приказни за причините зошто мораше да си замине од функцијата цели три години порано. Според едни, „во прашање се политички мотиви“, а според други се работи за „сериозни пропусти во раководењето со Факултетот“ и такви информации, наводно, кружеле на Факултетот повеќе од еден месец.

Недостапен за коментар беше и Кекеновски. Тој вчера не се појавил на Факултетот. Некои од вработените на Економски вчера саркастично коментираа „а кој декан го барате?“ Други, пак, воопшто не знаеја дека има промени. Како и повеќето од студентите кои беа дојдени за консултации пред септемвриската сесија.

Кекеновски (48) беше избран за декан во септември минатата година по разрешувањето на Бобек Шуклев, кој беше на оваа функција 13 години. Во биографијата објавена на сајтот на Економски, меѓу другото, е наведено дека докторирал во 1999 година на темата „Новата положба на јавниот сектор со посебен осврт на профилирањето на јавниот сектор во Македонија“. Предмет на научна преокупација на Кекеновски е јавниот сектор, фискалната економија и теорија на јавен избор. Автор е на книгата „Јавниот сектор во развиените пазарни стопанства“, како и на 10 статии објавени во земјава и во странство.

Довчерашниот декан на Економски факултет беше еден од потписниците на кандидатурата на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој едно време беше и член на Советот на Народна банка.


#
Статијата е прочитана 3622 пати.

Испрати коментар

Од: Bt
Датум: 18.08.2010 00:23:12
EEEEEEEEEEEEEEEE Misli deka te veruvame ,za sramota vo godini covek a laze ,G-dine nie ne sme od tombuzija nie sme od Makedonija toa na drug da go kazes ,samo toa nemoze da se sluci vo Makedonija
Од: Vlach
Датум: 18.08.2010 02:12:18
Класичен дилетантски, партизански, безобразен... упад на власта во автономијата на најквалитетната Економско - бизнис високообразовна институција во државата. Овие на власт се што е успешна приказна ги боли. Тешки комплексаши се. Но ако, ќе се изджи и понатака. Уште малку. Што сака нека прават угледот и квалитетот на Економски факултет нема да го срушат!!!
Од: dragana
Датум: 18.08.2010 03:04:37
bankarskoto lobi vo vladata na celo so mister tender(stavrevsk) ke go unistat i ona sto e zdravo vo makedonija
Од: marjan.pp
Датум: 18.08.2010 07:23:18
pocna ,,kanibalizmot' vo redovite na vmro-dpmne....,
Од: ја
Датум: 18.08.2010 10:25:32
Со нетрпение ќе ги очекувам новите колумни во медиумите на г-дин Кекеновски.Да видам дали ќе го смени дресот.

Најди! во Утрински
На прво место
Почна битката за индекси на државните факултети
Рецензентите не прифаќаат одговорност за учебникот