Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, порача дека Грција е будна и нема да му дозволи на премиерот Никола Груевски преку тактика на избегнување и одложување да ја смени главната насока на преговорите за името. На отчетот пред пратениците во собранието во Атина, една недела по враќањето од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Друцас истакна дека главна тема за која дебатирале во САД било прашањето за името.
За признавањето од страна на Сирија, кое ги затекна Грците, Друцас коментираше дека не е ставен крај на дискусијата за овој потег на традиционално добрите пријатели на Грција. Допрва се чека одговорот на прашањето зошто Сирија одлучила да го заборави долгогодишното пријателство и да ја занемари поддршката што секогаш ја имала од Грција. Грчката страна очекува дека во контактите со Дамаск ќе успеат да издејствуваат Сирија да го смени ставот и да прифати позиција, која повеќе им одговара на билатералните односи и одлуките на Советот на безбедност.
Како што објасни Друцас пред пратениците, грчките дипломати во Њујорк вложиле напор да не се случи признавање од други држави на уставното име на Македонија. „Наша цел беше да ја објасниме ситуацијата и да ги убедиме дека најконструктивно во оваа деликатна фаза на преговорите е да се има непристрасна позиција, односно употреба да привременото име со кое Скопје е признаено во ОН, се' додека не се најде заеднички прифатливо решение“, потенцираше Друцас.
Шефот на грчката дипломатија остро истакна дека нема скратен пат за прием на Македонија во НАТО и во ЕУ, односно дека процедурата за прием ќе почне во момент кога ќе се најде решение за името. Според него, сегашните чекори на Владата на Груевски само ја оддалечуваат државата од европската и од НАТО-иднината. „Ова е генерално мислење, кое владее кај меѓународната јавност. За време на министерскиот состанок меѓу ЕУ и САД, сите присутни едногласно се согласија дека Грција ги има исполнето своите должности и има преземено одговорност и оти останува на БЈРМ да одлучи каква иднина сака“, коментираше Друцас, потсетувајќи дека индикатор за иднина што е далеку од ЕУ е одлуката на Груевски да отсуствува од Њујорк. За грчката страна непроменливоста на ставовите на Груевски и отсуството на волја двете страни да се најдат на средина и да најдат решение за спорот делумно е тактика на премиерот да добие поени внатре во државата, но и да добие на време во меѓународните институции.
Droutsa veli: "....односно употреба да привременото име со кое Скопје е признаено во ОН, се' додека не се најде заеднички прифатливо решение“...
E ako e taka zoshto Grcija ne ja potsituva Privremenata Sostojba i zoshto e blokira Makedonia da se vklutsi vo NATO i EU so ovo ime.
Licemeri ste, zatoa i drugi drzavi vo krotko vreme ke ja priznaat Makedonia so ustavnoto ime.
Од: Koljo
Датум: 13.10.2010 13:03:19
Pa ne e samo Sirija, uste 130 "tradicionalni prijateli" na Grcija i go svrtea grbot i ne sakaat da se glupiraat i da teraat nekogo da si go smeni imeto.
Од: Aaron
Датум: 13.10.2010 14:47:18
So novo ime ili bez promena-Makedonija ne ke bide gotova za EU oshte 20 g. Barem tolku e potrebno za nevrabotenost od 8%, malak deficit i nov prochit na starata istorija.Ne chekajte pomos, nema koj da ja dade!
Од: Трене
Датум: 13.10.2010 15:52:17
Грција не е таа што треба да го дозволи пријателството меѓу Македонија и трети страни, туку таа треба дома да си ги реши евентуалните проблеми со луѓе кои биле принудно асимилирано во минатото да не се повратат на своите корени од кога ќе мора да се соочи со реалноста за самостална Македонска нација која не е грчка. Македонија за грчкиот проблем како добар сосед нуди второ прифатливо име за грчка потреба. Македонците имаат право да постојат независно од грција, Македонија продолжува да гради пријателски врски со светот.
Од: stip
Датум: 14.10.2010 00:21:44
jas nikogas ne sum se plasel od grcite. jas od sekogas se plasam od makedoncite. zosto!....???????? pa zatoa sto tie mi se na vlast, i tie odlucuvaat za moeto ime i idnina...... ZALOSNO neli.......