Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Данок на асфалт

Горан Адамовски

„Младиве брзо возат, не почитуваат ни закон ни пропис“, „море, автошколите се виновни, на сите им даваат дозволи од ракав, оти ако туркаат - после никој нема да им оди во автошколата. Во наше време кога се полагаше за возачка дозвола - требаше да возиш како професионалец за да положиш“, „а се' нови коли испокупуваа, се прават фраери“...

Ова се трите муабети што, веројатно, нема кој не ги чул во земјава, каде што на патиштата се гине како во војна. Деца, млади, стари, искусни возачи, почетници, пешаци, трактористи, велосипедисти, моторџии... Смртта не прави разлика.

Дали се возело пребргу, дали не се почитувале знаците, дали непрописно се возело, дали се возело под дејство на алкохол, дали возилата биле нови, дали патиштата биле стари - фактите зборуваат дека секоја година патиштата во земјава земаат во просек по 180 животи.

„Бројот на жртвите на пат��штата е за четири и пол пати поголем од билансот на најтешкиот облик на криминалот - убиствата“, велат од МВР.

Полицијата најави зголемување на контролите на патиштата, да се види кој како вози и колку возилата се технички исправни. Детектираните 169 црни точки низ земјава требаше да се ублажат, а според најавите, најпрво требаше да бидат отстранети несоодветно поставените билборди крај патиштата и осветлување на раскрсниците низ населените места и на патиштата.

Возачите, пак, освен што постојано се жалат на лошите патишта, слабата инфраструктура, недоволната сигнализација, необележаноста со соодветни знаци - мора да почнат да мислат и на својата безбедност, како и на животите на другите учесници во сообраќајот.

Ова треба, она треба. Дајте луѓе, секој нека почне да го работи својот дел од задачата - оти изгинавме.


#
Статијата е прочитана 1096 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Aмерика не е задоволна што сработи ЕУ на Балканот
Словенечкиот амбасадор ги олади плановите на Владата
Грција ја притиска Сирија за името
Вербатим






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency