Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

„Македонски шуми“ монопол за огревно дрво?

Цените во интерес на граѓаните, а дрво за огрев во секое време, тврдат одговорните

БИТОЛА - ЈП „Македонски шуми“ прераснува во монопол за огревно дрво. Со амин од Владата како единствен газда што може да стопанисува со македонските шуми, ова јавно претпријатие во иднина ќе ја крои цената на огревното дрво.

Првиот човек на „Македонски шуми“, Владимир Бахчалански, тврди дека цените ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните, а дрво за огрев ќе има во секое време од годината.

„Ние сме единствени од Владата кои треба да стопанисуваме со шумите и да ги снабдиме граѓаните со дрво. Не знам зошто досега не било практикувано тоа", рече Бахчалански при вчерашната посета на Битола. Кај месноста Билбил Камен, каде што големиот пожар од пред две години проголта неколку илјади хектари шума, опожарените површини почнаа да се санираат.

Според првиот човек на претпријатието, цената на огревното дрво во иднина ќе ја диктира побарувачката на пазарот.

„Ценовникот за 2009 година е во корелација со пазарот и побарувачката. Сите шпекулации за енормно зголемување на цените се неточни. Јавното претпријатие работеше со загуби, а сега ќе работи според побарувачката на пазарот", нагласи тој. Притоа додаде дека утврдените цени не се измислени, туку се во согласност со побарувачката на пазарот. Така споредувајќи, Бахчалански вели дека претпријатието располага со 100.000 кубни метри техничко дрво, а побарувачката е од 300.000 до 350.000 кубни метри. Тоа, според него, укажува на фактот дека зголемената побарувачка може да ја издржи цената што ја нудат. Ова се однесува и на цената на огревното дрво.

„Сето ова е за подобра ликвидност и организациско работење на ЈП. Значи, да нема осцилации на цените од 2.000 денари за во одредени периоди на годината да се зголеми до 3.500, па дури и 3.800 денари за кубен метар", објаснува Бахчалански. Тој е категоричен дека „Македонски шуми“ нема да се меша во работата на приватниот сектор.

За да ги обезбеди граѓаните со огревно дрво, „Македонски шуми“ во иднина ќе направи регионални магацини, со намера во текот на целата година да се снабдуваат со огрев по утврдена цена. Оттаму се децидни дека ја напуштаат досегашната ситуација на работење и внесуваат новини за поголема ликвидност на претпријатието.

„Во текот на 2008 година направивме историски чекор во работењето. Цените што беа утврдени од Управниот одбор за работниците кои работеа во производството на сметка на јавното претпријатие ги зголемивме за 20 отсто. Тоа го направивме како стимулација, бидејќи оваа гранка беше во катастрофална состојба. Сериозно опаѓаше и ЈП се соочуваше со недостаток на работна сила, но ја зголемивме цената и веќе се најавува враќање на работниците. Затоа најавуваме и поголемо и понавремено снабдување со огревно дрво", велат во „Македонски шуми“.

Опожареното дрво од Битолскиот регион нема да остане неискористено, тврдат од "Македонски шуми". Ќе се прават палети и брикети. За оваа цел ЈП склучи договор со фирми за нивна преработка. Тие ќе служат како дополнителен енергенс за идната грејна сезона. (А.Б.)


Статијата е прочитана 321 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Масовно труење кучиња во Битола
„Кожуф“ ја отвора сезоната
Обложувалниците во Тетово работат без одобренија