Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Обложувалниците во Тетово работат без одобренија

ТЕТОВО - Ниедна обложувалница во Тетовскиот регион не работи регуларно и според прописите. Исклучок се две наплатни места на веќе регистрирани обложувалници од други градови. Се' друго е во рацете на постојани прекршители на прописите за игри на среќа кои пред надлежните органи се регистрирани како рецидивисти. Сите ги повторуваат делата, бидејќи во обложувањето како бизнис има голема заработувачка.

Сопствениците на обложувалниците упорно ги отвораат вратите веднаш по заминување на инспекциите. Со тоа прават кривично дело неовластено симнување печат. Само во текот на вчерашниот ден се поднесени кривични пријави против 21 сопственик на обложувалници. Во Основниот суд во Тетово, вчера, во првостепена судска постапка за исто кривично дело на А.И. (43) од Тетово му е одредена казна од 1.800 евра во денарска противвредност.

Според податоците, во Тетово и во околината работат 60-ина обложувалници, сите нелегално. Во ОЈО - Тетово бевме информирани дека за осум сопственици веќе имало и обвинителни предлози, а за тројца рецидивисти била побарана мерка притвор. Кривичниот совет на Основниот суд - Тетово не го прифатил предлогот за притвор. Ова е затоа што „прекршителите не се тука и секогаш се одѕиваат на судските покани“, рече Томислав Бошковски, в.д. претседател на Основниот суд Тетово.

Кривичниот совет овој пат оцени дека со притворот не се обезбедува потребниот ефект, што не значи дека во други случаи за исто дело нема да биде изречена и мерка притвор. Како што дознаваме, одлуката на Кривичниот совет веќе ја обжалило Основното јавно обвинителство. Овој вид кривични дела постојано се повторуваат. „Најлошо е тоа што обложувалниците се нерегистрирани субјекти и не постои фирма“, вели претседателот Бошковски.

Во Основниот суд - Тетово сметаат дека треба да се заостри казнената политика. Законот предвидува парични казни за прекршителите или до три години затвор. Не е спорно и тоа дека се присутни и притисоци врз инспекторите органите на прогонот и судските органи. Токму тоа и ја наметнува потребата од поорганизирани форми на сите повикани фактори за овој вид криминал да се сведе во законски рамки. Во овие напори засега оние што се справуваат остануваат осамени. (Г.Е.)

 


Статијата е прочитана 184 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 27.12.2008 01:00:35
Pa neka se zatvorat! Drzavnite organi zatoa se plateni, da go zastituvaat ineresot na drzavata. Ama, da ne se povredat megjunacionalni cuvstva. Koga moeto cuvstvo se povreduva, pa sto, koj mi e kriv. Ama, da sum Albanec, e, nitu Kalimero moze da nosi voda...
Од: 0d ilirida
Датум: 27.12.2008 12:00:14
neka rabotat ludive sto se prete vazni makedoncive nikogas ne plaile porez imam brat raboti vo opstina gi gleda dokumentive samo albancive se krivi kako nevi e sramota jas mislam na narodot makedonija e kriva

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Масовно труење кучиња во Битола
„Македонски шуми“ монопол за огревно дрво?
„Кожуф“ ја отвора сезоната