Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Масовно труење кучиња во Битола

Шинтерите од ЈП „Комуналец“ демантираат каква било поврзаност со труењето

БИТОЛА - Масовно труење кучиња предизвика паника кај битолчани. Непознати сторители, само за три дена, со силен отров усмртиле десетици кучиња во градот и на околните фарми. Поголемиот дел од кучињата се расни и со педигре.

Сопствениците на домашните чувари претпоставуваат дека станува збор за организирана хајка која се изведува крајно опасно. Според нив, до отровот што се фрла на јавни површини лесно може да дојдат деца и секој случаен минувач. Стравот е уште поголем бидејќи, како што тврдат засегнатите, отровот убива најверојатно со вдишување. Но, на земјата не се забележани никакви траги, ниту остатоци од храна ниту мамки.

„Имав расно куче. Германски овчар, шампион. Сакав да го прошетам. Отидовме до гаражата зад зградата. На враќање душкаше по тревата и наеднаш падна. Почна да се тетерави и во рок од пет минути искрвави од уста. Дојде ветеринар, се обиде да му помогне. Отровот беше толку силен што му немаше спас. Кучето пцовиса", вели Васко Рокосовски, жител на населбата Ремо во Битола.

Тој тврди дека со иста судбина завршиле уште неколку кучиња - домашни миленичиња на неговите соседи. Едно од нив е во критична состојба, а станарите го лекуваат во подрум. Жителите на населбата Ремо, но и голем дел битолчани сега се во паника поради опасноста од отровите за здравјето на нивните деца,. кои секојдневно играат на улица.

"Луѓето се плашат да ги пуштат децата надвор, пред зграда. Некои своите кучиња-миленичиња веќе ги пренесоа на побезбедни места. Сите сме загрижени дека расфрланите отрови на почвата ќе останат подолго време. Сигурно нема така лесно да испарат. Но, исто така, се плашиме оваа опасна хајка да не продолжи и во наредните денови“, коментира Драги Максимовски од Здружението за заштита на животни „Срце за животните“ од Битола.

Тој смета дека за акцијата, ако е веќе на некоја од надлежните институции за отстранување кучиња-скитници, јавноста требало навремено да биде информирана. Меѓутоа, од шинтерската служба на јавното претпријатие

„Комуналец“ од Битола демантираат каква било поврзаност со масовното труење на кучињата.

„Таква работа е строго забранета од нашите претпоставени. Ние како служба не смееме со труење да ги отстрануваме кучињата-скитници од улици. Сите знаат дека за нив има обезбедено кафези во Зоолошката градина“, потенцира Бранко Тасевски, одговорен на шинтерската служба во Битола.

Од шинтерската служба велат дека ова не е прв случај на масовно труење на кучиња и други д��машни животни. Голем број затруени кучиња биле забележани и минатиот месец.

Голем дел од труењата на домашните кучиња оваа недела се случија и по битолските фарми. Фармерите претпоставуваат дека трујачите се арамии кои сакаат да го исчистат теренот за потоа да оперираат по фармите. Граѓаните ги пријавиле труењата на домашните миленици во полиција и се надеваат дека сторителите ќе се откријат со истрага. За случаите на масовно труење е известен и Државниот ветеринарен инспекторат. На барање на Здружението, надлежната институција ќе треба да ја утврди причината за труењето и евентуално отровот. (А.Б.)

 


Статијата е прочитана 422 пати.

Испрати коментар

Од: Jovce
Датум: 27.12.2008 19:03:22
Golem grev e da se trujat zivotnite .. posebno kucinjata ... pa jas pobrzo bi gi turel lugeto od kolku zivotnite koj se zrtva na losotijata na lugeto ... dokolku ova se slucese vo amerika uveren sum deka storitelite ke beja pronjadeni i kazneti postrogo od sto bi ubile covek ... zatoa i amerika e zemja blagoslovvena od gospod ! zivotnite se nevini da umiraat i treba da se znae deka ovaa zemja mu pripagja niv a ne nas lugeto !! da se pronajdat storitelite na ovaj grozomoren cin i da se kaznat so nastrogi kazneni merki !!
Од: zoran
Датум: 28.12.2008 05:00:18
Sramota za ovaj kriminal treba da se odgovara...kyceto e najgolemiot prijatel na covekot.Vo Makedonija imame tradicija za cyvanje na kycinja koi istite se cyvari na kykata i seloto......ako nekoj ne go saka svoeto kyce moze slobodno da go dade vo veterinarna stanica i tamy da se ysmrtat bi rekol so inekcija i da se izgorat nivnite tela ili zakopaat no ne so tryenje, zivotnoto da se maci so sati ili denovi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
„Македонски шуми“ монопол за огревно дрво?
„Кожуф“ ја отвора сезоната
Обложувалниците во Тетово работат без одобренија