Иванов и Боцевски многу бргу ќе се профилираат како противници на Груевски, со политика која тој нема да може да ја контролира
И така, си седиме ние на кафенце во вторникот, кога се пренесе веста дека Боцевски поднел оставка. Како гром од ведро небо беше за сите нас. Прво, сите со неверување се погледнавме. Па зарем е можно највлијателната личност во владата и најблискиот соработник на премиерот тоа да го сторил? Ова го велам затоа што сите во ДПМНЕ знаат дека Боцевски беше најблизок соработник и човек на кој му се веруваше се што ќе каже. После се, деновиве во сите текстови кои се посветени на оваа „значајна тема“ се пишува дека неговото влијание било и пресудно да се подметне Иванов како кандидат на владејачката партија. Во рака држам десетина текстови кои потоа, веќе утредента, анализираа и претпоставуваа зошто Боцевски си отиде? Прилично парадигматично е поставен целиот случај, па затоа сметам дека и заслужува да биде истретиран во една колумна.
Јас на оваа историска личност се сеќавам од времето на протестите во 1997 година. Тој тогаш со своите другарчиња од штабот на СДСМ пишуваше против нас соопштенија во кои бевме опишувани како млади национал-социјалисти. Им пречеше нашата активност и политички цврсто определени како млади левичари си го дефинираа односот кон неа. Во ред. Тоа уште некако и е разбирливо. Ама, истата приказна се повтори и во 2001 година, кога Македонија беше во војна и се бранеше секоја педа земја на километарски фронтови. Тогаш Агенцијата за млади и спорт имаше свој проект за поддршка на бранителите. Тие издадоа ЦД со патриотска музика која ја испеаја познати македонски ѕвезди. Потоа следуваа и неколку концерти, како и посета од ѕвездите на фронтовите за да се охрабрат бранителите дека ја имаат поддршката на сите. Боцевски со другарчињата повторно и овој проект го оцени како национал-социјалистички. Со тоа во време на војна цврсто се определи против одбраната на државата, таква каква што беше.
Неколку години подоцна стана портпарол на владата на ДПМНЕ. Сите се чудевме како е тоа воопшто можно. Такво камелеонство имало можеби и порано, но ова беше врв на политичката проституција. Однапред се извинувам за некои претешки зборови кои ги користам, зашто тоа не е мој начин на пишување. Меѓутоа, со нив го изразувам сентиментот на поголема група незадоволни луѓе, како и мојот. Елем, тој си стана портпарол. Потоа ми се јави телефонски за да ме праша што јас мислам за тоа. Му кажав дека доколку јас бев во владата тој никогаш немало да стапне во неа. На тоа завршивме. Потоа немавме контакт, се до една наместена средба на која заеднички пријател не седна на маса. Боцевски се' уште беше портпарол. Благо навален наназад тој ме анализираше, како да сакаше да чуе извинување за телефонскиот разговор. Меѓутоа јас го прашав да не не му е нејасно нешто од разговорот за да му дообјаснам. На тоа одговори дека ми е благодарен затоа што јас единствено сум му кажал што му мислам додека сите други структури во ДПМНЕ дошле да се лигават (постои и далеку повулгарен збор што се користи разговорно, кој пристојноста не ми дозволува да го употребам). Не многу потоа, Боцевски стана вицепремиер. На чудењето му немаше крај. Како ли само се чувствувале оние излажани душички кои ораа низ калта на Македонија во повеќе изборни циклуси поради идеолошко убедување дека десничарка патриотска партија треба да е на власт, кога го гледаат Боцевски на тронот? Како ли се чувствуваа Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски, да седат во исти партиски редови и влада со човекот кој ги нарекуваше фашисти, и да молчат? Но, во политиката се е можно.
На Боцевски му се даде можност да раководи со сектор кој е од витално значење за иднината на државата. Мерит не постоеше, освен блискост и сервилност. Ако тие може да се сметаат за доблести. И како што гледате тоа мора да пукне. Меѓутоа, пукна во многу сериозен момент и персоната освен што си испеа РЕКВИЕМ самата себе, бидејќи се сомневам дека во догледно време ќе има втора шанса за да се пикне на сличен начин, може да и' испее РЕКВИЕМ и на македонската евроинтеграција. Зошто го велам тоа? Па затоа што постојат сериозни индикации дека тој сигналите кои ги добивал при евросредбите ги шминкал за домашна употреба, пренесувајќи му на шефот сосема искривена перцепција. Таканаречен „модерен Потемкин“. Наместо критика, на врвот стигнале информации дека се е во ред со нашиот курс кон ЕУ. На евроинтеграцијата сега и е зададен сериозен удар, затоа што ликот кој треба да не води кон неа со својата кукавичка оставка, на само неколку месеци пред извештајот за државата, збришал во САД, да се одмара приватно, додека ние цапаме во кал.
Во чаршијата постојат две верзии кои се вртат деновиве. Прво, дека Б.Ц. му се јавил на Боцевски и му наредил да се повлече (бидејќи е негово дете). И второ, дека Груевски под внатрешен партиски притисок не издржал и ја започнал операцијата „чистење“ на недпмнеовските кадри. Имено, ова требало да биде само вовед во поширока чистка затоа што незадоволните кадри веќе преминуваат во партијата на Љубе Бошкоски. Процесот се заканува да добие помасовни димензии ако продолжи игнорирањето на членството, кое подолго време е иритирано и незадоволно. Па затоа кадарот од доверба, Боцевски, е тргнат привремено додека неговиот другар Иванов не го смести во некоја амбасада по негов избор. Наводно, тоа би можело да се случи и со другите кадри кои се на удар помеѓу членството, затоа што од небо слетаа право во министерските кабинети.
Во првата верзија не верувам затоа што Боцевски често ги споменуваше теглите со мувла од СДСМ. Тоа е само една од навредите кои јаничарот мораше да ги употреби за да се додвори на новите господари. Тие тешко дека лесно ќе бидат заборавени од суетниот Бранко. Втората верзија е нешто поблиску до вистината, навистина има големо незадоволство. При мојата последна средба со Груевски му реков дека типови како Боцевски ние никогаш нема да ги прифатиме без разлика на афилијацијата која што тие меѓу себе ја имаат. Како мене мислат илјадници вистински вмровци. Само многумина молчат од стравот кој е наметнат како принцип на владеење. Многумина се плашат за својата егзистенција, која, доколку слободно го изразат мислењето, ќе им биде доведена во прашање. За жал, но тоа е вистината денес во Македонија, во 21 век.
Јас верувам во трета варијанта. Дека Иванов и Боцевски многу бргу ќе се профилираат како противници на Груевски, со политика која тој нема да може да ја контролира. А за се што ќе повлекуваат како потег, бидејќи пошироката популација ги смета за едно исто, сметката ќе биде на товар на Груевски.
Се' на се', Боцевски замина. Испраќаме еден политикант, една табула раза, една непознатост без никакви резултати зад себе. Но, со сериозни сметки и индикација за тајна дипло��атија на штета на Македонија. Веќе слушнавме за неговиот наследник. И немаме причина да веруваме дека со него било што ќе се подобри. За жал.
наградно прашање: Кој прв го напушта бродот кој тоне?
Од: Игор
Датум: 04.07.2009 00:05:54
Филип не знам зошто чувствуваш потреба да го амнестираш Груевски и да го обвинуваш Боцевски дека наводно му пренесувал на Груевски погрешна слика од она што му било кажувано во ЕУ.
Разбирам дека си алергичен на Боцевски но констатацијава не ти е на место.
Од: sonce
Датум: 04.07.2009 00:24:36
Odlicna kolumna Filip..I sekako dobra analiza na sostojbite! Politikanstvo vo Makedonija imalo i kje ima.. Ne mozam samo da razberam kako mozese eden neiskusen covek so ambicii daleku zad moznostite da bide naznacen za nov vicepremier, koga toj licno pred nekoe vreme me ubeduvase deka apsenjeto i zaplasuvanjeto na nedolzni gragjani bila ispravna politika so cel da se vsadelo strav kaj gragjanite deka treba da go pocituvaat zakonot(?!). Ova e tipicen primer na kadri koi gi naznacuva Gruevski, lugje koi vikaat "sefe podobar od tebe nema", poddrzuvaci na totalitarizam, kadri koi vrska nemaat sto znaci desna vlada i desno orientirana politika. Sosema se soglasuvam so poslednata tvoja konstatacija deka ne treba da ocekuvame nisto novo na scena i deka Bocevski so Ivanov mnogu brzo kje se svrtat protiv Gruevski, sto mozebi ako razmislis i e dobro, oti ako nesto i fali na ovaa vlada i na premierot pred se, e zdrava povratna sprega od nekade.. Pozdrav do utrinski!
Од: Maja
Датум: 04.07.2009 00:53:54
Ми се допаѓа коментарот, но мислам дека е задоцнет. зошто не го напиша сево ова додека беше вицеремиер?! По свадба тапани еј!!! Напиши навреме се што знаеш да те сфатиме сериозно, по војната сите се генерали и сите се знаат!!!
Од: milco
Датум: 04.07.2009 01:33:12
ocigledno deka avtorot pisuva od licna omraza no sepak ne gi osporuva kvalitetite na g. boceski.
i vrapcite znaat deka boceski izraboti silno a ostavkata sekako ne e vo pravo vreme.nagadjajnata na avtorot se sveduvaat na nekoja evtina gatacka.
sto se odnesuva do partijata na lube ke pomine kako i na topurkoski,georgieski tito i slicni.
narodot veli rabotaj makar i angarija ke se isplati
a ovi sive spomenati primenuvaat drug nacin i sakaat bez rabota.
g. boceski ke bide zamenet so nekoj isto taka ili mozebi pokvaliteten no izgubenoto vreme nema da se vrati.od sekogas sum znael i veruval deka mak.ima sposobni kadri no dali mozat da dojdat do izras da gi pokazat od starite izliteni koj ne im se pusta foteljata. vo armija nevraboteni ima golem broj intelektualci i treba da im se dade sansa da videme sto mozat.
narodot veli bese znaeme a sto ide ke videme.
licno imam pocit kon g.boceski i sekoj mlad koj ima elan za rabota.
ocigledno filipe ste cekale pogoden moment da se osvetuva
Од: jovan
Датум: 04.07.2009 01:37:41
sekoja cest " vistinski vmrovec" taka se narekuvas i samo takvi priznavas da bidat na pozicija, nie obicnit nepartiziranite gledame od strana kako samo vmrovci ,ne e bitno dali se strucni ili ne, se na pozicii,i ja unistuvaat drzavava, konevski delese flaeri za kafici i slicni partiski vojnici koj pojma nemaat od zivotot treba da ne vodat, znaci tezata deka vistinski vmrovcinja treba da se na vlast ti e aut of dejt ,i bez navreda ,plitka ,mr revolusn man
Од: saso
Датум: 04.07.2009 04:23:23
filip dobra primedba na vladeenjeto na na ovaa partija no ako si vojskovodac posledniot zbor e tvoj nekolku vojnici te sakaat a ostanatite ne togas ne pravis nisto pa zatoa taa disciplina e potrebna.mislam imas pravo za izjavata za bocevski zatoa sto toj izjavi deka negoviot sin koga ke stane polnoleten saka da patuva bez viza nasekade i ako cekame da stane togas alal vera.
Од: Vlado Perth
Датум: 04.07.2009 05:04:18
Abe batka od tvoive komentari dobivam samo eden ist zakljucok, a toa e zatoa sto si marginaliziran odnosno otfrlen od Gruevski i frlas drva i kamenja po kogo ke stignes..Kga bi te Grujo stavil na nekoe vidno mesto togas i ti ke ja svitkas opaskata i ke molcis ,site ste isti izlizani kozni jakni.
Од: kris
Датум: 04.07.2009 06:29:42
Филипче!!! Не самоБоцевски и Иванов, ами цел Македонски народ (освен залудените ВМРО цепеници секако) треба да е против Груевски кој македонија ја носи во катастрофа!!? Фаштен???
Од: jas
Датум: 04.07.2009 06:29:52
Ne samo sto ne si so nikakov talent za politika ama i kolumnist si na nivo na malo detence. Niz sekoja kolumna si gi razvlekuvas frustraciite i odvaj cekas da stanis nesto golemo zasto ucestvuvase vo po tvoe gledanje ogromnata banana revolucija; si velis, zosto Milosevski a ne ti...Faktite za Boceski se donekade tocni ama toa uste e daleku od dokaz deka Bocevski zaminuva poradi edna od trite varijanti koi gi nabrojuvas. Se gleda deka si na nivo na frustrirano detence...
Од: seirgjija
Датум: 04.07.2009 07:42:57
Iako sum te dozivuval kako i ostanatite vmrovcinja za polupismeni i isfrustrirani seljacista sepak moram da priznam javno deka komentarov ti e odlicen i deka se dvois od ostanatite vmrovci . BRAVO!
Од: mitko so zamerki
Датум: 04.07.2009 08:02:35
Zosto be ti pisuvas DPMNE a ne go pisuvas pravoto ime na bugarofilnata organizacija VMRO? No, ajde da go ostavime ova! Jas na Boceveski najmnogu mu zameruvam sto koga si odese ne gi stavi Milosovski, Trajce, Dance-policajce i Stavre-kumot pod miska so cel i niv da gi odnese so sebe. Taka ke bev posreken.
Од: mene
Датум: 04.07.2009 08:03:15
Веќе на сите ни е преку глава од политичките препукувања. За мнозинството е видлив резултатот, кој е далеку од добар. Ако целта на политиката е да донесе подобар, поквалитетен, поспокоен живот на граѓаните, во нашиот случај, таа цел не е постигната. Штета што и терминот СИРОМАШТИЈА не се споменува во последно време, во кое се кројат судбини. А кој поднел оставка,кој го заменил,кој кому рекол...сето тоа станува тривијално и неважно, кога животот на обичниот човек станува пеколен, од ден во ден се повеќе и повеќе.Боцевски...бргу ќе биде заборавен. Важно тој си го истера сопствениот личен напредок во кариерата.
Од: РР-Скопје
Датум: 04.07.2009 08:41:22
Уште на почетокот јас мислев дека најбрзо ќе пукне меѓу Груевски и Ставревски. Лоша проценка сум направил. Но, не можам да си објаснам како луѓето од обземеност на економијата, така лесно преминуваат во национал-социјална обземеност?
Од: „Анализа“ со утки
Датум: 04.07.2009 08:45:17
Колумната на политичкиот аналитичар содржи повеќе утки, од кои, сепак, најзначајна е онаа со промоторот на Боцевски во владата на ВеМеРеТо! Филип очигледно не знае или не е способен да согледа дека главен промотор на Боцевски беше токму неговиот „шаторски другар“ А. Милошоски! Имајќи предвид дека, со текот на времето, мошне агилниот „Евроинтегратор“ почна да го засенува минисстерот за „по надвор“, кој, сепак, беше и се уште е најблизок до премиерот, не е исклучено дека токму суетниот полтрон Милошоски му „помогна“ на Боцевски да го напушти ВМРО-вското „јато“!?
Од: Suludi tezi
Датум: 04.07.2009 09:17:50
Filip! Dvete tvoi tezi za demisija na Bocevski , ti se ne samo promaseni no i suludi. Vidi majkata, mu naredil BC!? Od koja fioka na tvojot mozok ja izvlece ovaa teza?! a i drugata teza ne ti e nisto pozdrava. A zosto ne razvies teza, da Bocevski uvide da so ovie ludje od vladata, koi glumat nekakvi reformi , glumat pregovori za imeto, glumat populizam,glumat patriotizam ,go glumat Bukefal,glumat proevropska i pronato agenda , povece ne moza da sorabotuva i da gi laze onie vo Brisel, odnosno vo nivno ime da crvenee od sram. Pa koga videl deka seta taa DPMN-evoska agenda e samo ' veter i magla' resil da se povlece, bidejci so sekogo ne se sadi tikvi i so nedozreani deca ne se srka mastenica, a ne pak da se vodi drzavna politika?!
Од: bash
Датум: 04.07.2009 11:26:31
Kолумнава ти е катастрофа , полна со фрустрации со кои очигледно си обземен. Јас не би објавил ваква колумна доколку одлучувам. Поздр Утрински ( The best )
Од: citatel
Датум: 04.07.2009 13:30:10
Jas pred nekolku meseci za vreme na predsedatelskite izbori rdev deka posle nekolku meseci kobojagi Ivanov i Gruevski ke se razidat. Ivanov navodno ke bide za kompromis Severna Makedonija, FGruevski kobojagi nema da se slozi i ke ja izvesti javnosta: Videte, jas so Predsedatelot ne se slozuvam, negiva e odgovornosta toj neka resi. A Ivanov ke se opredeli za Severna Makedonija. Na toj nacin Gruevski ke go resi najgorliviot problem so imeto i ke ja prefrli vinata na Ivanov. Vo pravo li sum?
Од: SDS
Датум: 04.07.2009 17:28:07
Zar uste ne vi e jasno deka poveke od pola denesni VMROvci koj se vo VMROto na Gruevski, se vsusnost bivsi SDSM. Vsusnost pa i Branko celo vreme izigrava "nemokna" opozicija. Zosto da go rusi Gruevski koga "negovi" se tamu i grabaat i za nego, a plus nikoj ne pluka po Bane ,za se vinoven ke bide Grujo. Eve eden primer za nagradno prasanje: Od koga toa Latas, Zingo, Bocevski, E.Ugrinovski i pretsedatelot ni Ivanov stanaa VMROvci? Kako toa najgolemite SDSMovski deca na "partizani" stanaa VMROvci i dobivaat tenderi vo MVR, Obrazovanie, i skoro site ministerstva? Ajde Filipe pisi vo narednive kolumni nesto i okolu ova "nagradno" prasanje
Од: k,k
Датум: 04.07.2009 17:52:07
bravo be masko alal da ti e za kolumnata
epten te bivalo za kolumni ha ha ha
Од: nekoj si
Датум: 05.07.2009 04:38:04
Odlicna kolumna Filip..I sekako dobra analiza na sostojbite! Politikanstvo vo Makedonija imalo i kje ima, so samo mala popravka, dokolku ti bese vo vladata, Bocevski nemase da vleze, no so taa razlika sto i mnogu drugi ke izbegaa, OD TEBE.
HAHA
Од: o nekogo
Датум: 05.07.2009 16:36:50
Mladiot ili nesfaka deka igra so trojanski konji ili ni vadi viza za amerika