Број 2863  вторник, 16 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Никој од МВР не дојде на судењето на Радмила Шекеринска

Судскиот процес се одложи, бидејќи МВР не добило достава, а по само неколку часа реагираа со соопштение

Љубиша Станковиќ

Никој од Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи ја и министерката Гордана Јанкулоска вчера не се појави на судењето што по приватна тужба на МВР беше иницирано против поранешната лидерка на СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа, пак, во придружба на адвокатот вчера се појави во скопскиот кривичен суд. Тужбата против неа не се отфрли по автоматизам, бидејќи судот констатираше неуредна достава, односно немање доказ дека приватниот тужител примил покана за судење. Поради оваа правна пречка, судот го презакажа процесот за февруари идната година.

„Денеска дознаваме дека во Македонија, покрај тоа што не може да се најде пратеникот Хисен Џемаили, полицијата не може да ја најде и министерката Гордана Јанкулоска. Ова е срамота не само за Министерството туку и за Македонија, бидејќи МВР по една смешна и скандалозна тужба не се појавува на судењето. Македонија е единствената држава во која министерката на полицијата поднесува тужба во името на МВР само затоа што некој во време на изборна кампања ги критикува!“, изјави вчера Шекеринска, која се товари дека во време на изборната кампања го навредила МВР.

Шекеринска испрати порака до МВР да престане да владее со страв, „бидејќи ниту таа, ниту опозицијата ќе замолчат за огромните злоупотреби“, и најави дека случајот ќе го изнесе и пред меѓународните судови.

Иако од МВР никој не се појави во Основниот суд Скопје 1, тие неколку часа потоа испратија соопштение во кое истакнуваат дека „Радмила Шекеринска, на митинг што се одржал на 23 мај оваа година во населбата Аеродром, без никаква основа ја навредила полицијата со непроверени и неточни податоци“. Кажаното, за МВР претставува чин кој не му прилега на сериозен политичар. Оттаму потсетување дека Шекеринска кажала дека „стравот повторно го сее полицијата“, претходно посочувајќи дека „уште еден новинар, уште еден снимател, уште еден носител на слободата на мислата бил истепан. Не бил истепан од криминалци, ниту бил истепан од некој невнимателен граѓанин“.

МВР тврди дека зад нападот стои 27-годишно лице од Скопје со прекар Петел, познат како сторител на повеќе кривични дела и дека мотив за нападот е претходна расправија со лице со прекар Лудо и неговата девојка, која избегала од пицеријата „Томас“.

На соопштението на МВР, Шекеринска од Собранието вчера порача дека „станува очигледно дека Џемаили и Јанкулоска се заедно во бегство и не планираат да се јавуваат кога ќе бидат повикани од судските органи!“. За неа е интересно тоа што кога портпаролот на МВР, Иво Котевски, ќе биде повикан од судот, тој не се јавува, но затоа, пак, кога е повикана министерката Јанкулоска тој настапува во нејзино име. Пратеничката Шекеринска смета дека „министерката Јанкулоска со непојавување во судот не ги почитува државните институции, односно законите ги применува селективно“.

Шекеринска смета дека некој треба да понесе одговорност за се' она што се случуваше во мај и јуни оваа година, а не да се поднесуваат приватни тужби. Таа е на мислење дека е добро што МВР ретерира, но дека тоа е само поради тоа што за овој случај се информирани сите меѓународни институции.


Статијата е прочитана 816 пати.

Испрати коментар

Од: sandra
Датум: 16.12.2008 01:35:04
a be kaj shuto pa usto bode se vika ova. em se rasfrlaat so krivicni , pa ne se pojavuvaat pred sud, znaci ne go pocituvaat i se sprdaat so nego, pa iskaca onoj na bicikliski klonot - ivo koj se zaborava deka ne e portparol na vmro pa razviva demagogija graganite ja kaznile radmila. a be tokmaci, ne e tvoe da kazuvas toa, si podnel tuzba ke zboris kaj se kriete sega. samo tuzat, dechurlana merak im e da vezbaat strogocha, najcet tuzitel stana vlasta
Од: Petar
Датум: 16.12.2008 09:11:35
Што ли чудо беше СМС човекот од МВР да изрекува такви неристојни сооштенија!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Запленет кокаин вреден 100.000 евра
Црна недела- тројца загинати во сообраќајки во Скопје
Пожарникар повреден при гаснење пожар
Падна злосторничкото здружување во случајот со Кирил Тодоровски
Грк со пет евра сакал да поткупи цариник