Ева Мендез
Не планира да се мажи, бракот и' е здодевен
Ева Мендез вели дека бракот и' звучи здодевно и дека воопшто нема планови, што се однесува до венчавката. Убавата актерка е во врска со филмскиот продуцент од Перу, Џорџ Аугусто од 2002 година, но вели дека тие двајцата немаат намера да застанат пред олтар.
„Не, не, не ми паѓа ни напамет. Се' уште не знам дали сакам да имам деца, но идејата за брак ми звучи здодевно. Немојте погрешно да ме сфатите, не дека не ја почитувам. Мислам дека бракот е прекрасна институција. И јас сум многу романтична, но во себе ја имам таа црта поради која сакам да се бунтувам против нештата. Е, па, бракот е уште една работа против која ми е забавно да се бунтувам“, вели Ева, која додава дека сака да оди на туѓи свадби. Обожава да танцува на нив. „Имам посебни движења за танцување на свадби. Не знам што ми се случува, но баш се разигрувам на подиумот, онака како што тоа инаку не го правам.Одлично сум да ме канат на свадби “, се пофалила актерката. |