Роман Абрамович
Осум милиони долари за свадба на ќерка си
Рускиот тајкун Роман Абрамович ќе плати голема сума за свадбата на својата миленичка, ќерката Ана. Роман, наводно, ќе потроши дури осум милиони долари за венчавката на неговата осуманесетгодишна ќерка, пишуваат руските таблоиди. Младата Ана ќе се венча со рускиот правник Никола Лазарев, а се пишува и дека свадбата ќе биде како од бајките.
Свадбата ќе се одржи на некој изолиран карипски остров, но датумот се' уште не е познат. Абрамовиќ сакал неговата ќеркичка да ги заврши студиите пред свадбата и отпрвин не бил среќен со нејзината одлука. Но, Ана на крајот успеала да го добие тоа што го посакувала, па ќе се венча на луксузен и романтичен обред што ќе го плати нејзиниот татко. |