Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Забава

Меури со гас - смрт за мозочниот удар

Инјектирани во крвта можат да го олеснат минувањето на виталните лекови за мозочен удар во мозокот, што помага да се спречи оштетување на сивата маса

Меурите можат да го уништат мозочниот удар, сметаат научниците. Инјектирани во крвта, мали меури со гас можат да го олеснат минувањето на виталните лекови за мозочен удар во мозокот, што помага да се спречи оштетување на сивата маса. Пред неколку години, научниците случајно открија дека микромеури со воздух во крвта ги прават снимките на ултразвук појасни и посветли. Истражувачите сметаат дека вибрирачките меури дури можат да помогнат во разбивање тумори и камења во бубрезите.

Сега група истражувачи кои се нарекуваат „заедница за меури“ испитуваат како тие можат да помогнат во борбата против болеста. Тие покажаа дека ударот со ултразвук ги придвижува меурите напред и назад и со тоа им олеснува на клетките во близина да ги примаат лековите.

Еленор Стрид од Универзитетскиот колеџ Лондон вели: „Теоретски, меурите ги стимулираат механизмите на природно прифаќање. Точно кои механизми, се' уште не сме сигурни“. Меурите дури можат да ја отворат бариерата крв-мозок, заштитната блокада која редовно спречува лековите од крвотокот да влезат во мозокот.

Доктор Стрид изјави за „Њу саенс“: „Ако бариерата крв-мозок биде изложена на меури и ултразвук, може привремено и двонасочно да се зголеми нивното пропуштање, што е потенцијално интересно за многу лекувања на мозокот“. Тука спаѓа лекувањето мозочен удар, кога прекинот на крв во мозокот предизвикува оштетување или изумирање на клетките.

Истражувачите од Универзитетот во Синсинати, Охајо, ги полнеа микромеурите со ксенон - гас за кој е познато дека ги заштитува мозочните клетки од умирање, го подобрува крвотокот, но тешко се дава. Лабораториски глувци лекувани со меури полни со ксенон имале помали области на оштетување на мозокот отколку нелекуваните глувци. Во друг дел од истражувањата, меури полни со лек што се користи за разбивање згрутчувања, биле употребени за лекување луѓе кои имале мозочни удари. Со таа техника се олеснува минувањето на лекот до мозокот, се забрзува обновата на крвотокот до мозокот.

Секако, тоа не е без цена - двајца пациенти со највисока доза на „лек во меури“ во комбинација со ултразвук добија хеморагија и починаа. (Дејли мејл)


#
Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Песни на нашето детство
Осум милиони долари за свадба на ќерка си
Развод по петгодишен брак
Поголем обем на половина - рана смрт?
Не планира да се мажи, бракот и' е здодевен
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census