Двајца приведени за убиството во Семениште
Татко и син од скопското село Семениште вчера се приведени, а по уште двајца се трага поради сомневање дека се вмешани во саботното убиство во селото. Полицијата вчера ги привела М.А. (54) и Д.А. (31) и најави кривични пријави против нив за убиството на нивниот соселанец Адем Хусени (38). Убиството се случи во саботата вечерта кога непознати лица пукале од ловна пушка во Хусеини, кој сам седел во дворот од семејната куќа во селото. Откако го убиле Хусеини, убијците побегнале со автомобил „голф 3“. Полицијата претпоставува дека причина за убиството на Хусеини е крвна одмазда. (Ј.К.)
|