Тракторист загина при превоз на дрва
Тракторист загина при превоз на дрва во атарот на беровското село Умлена. Според МВР, Николчо Димитковски (32) пренесувал дрва за огрев со трактор до Пехчево, но кај местото В‘чји Андак се превртил. Димитковски се здобил со тешки телесни повреди, при што починал на местото на несреќата. (Ј.К.) |