Крадец погоден од струен удар
Крадец бил погоден од струен удар додека се обидувал да извади електричен кабел од трафостаница во скопската населба Кисела Вода. Според МВР, Дејан Ќазимовски (31) во петокот влегол во погонот на „Жито лукс“ и кога почнал да го извлекува кабелот, настрадал од струен удар. За среќа, се здобил само со изгореници на рацете, а случајни минувачи му помогнале и го пренеле во Градска болница. (Ј.К.) |