|
|
Фатен бегалец од тетовскиот затвор
ТЕТОВО - Полицијата го фати Севдали С. (22) од гостиварското село Дебреше, кој пред два месеца побегна од тетовскиот затвор. Севдали бил пронајден во населбата Млаки. Според СВР-Тетово, при приведувањето кај него биле пронајдени гасен пиштол, четири клучеви за автомобили, СИМ-картички и др. Полицијата се сомнева дека за периодот откако е во бегство извршил околу 50 тешки кражби, пред се', во куќи и дуќани, а најмалку 20 вакви кражби извршил само за една недела. Фатениот бегалец се смета за главен организатор на бегството од тетовскиот затвор на 26 октомври годинава. Тогаш група затвореници го искористија проблемот со снабдување со струја во градот и избегаа од затворот. (Г. Е.) |
#
|
Статијата е прочитана 498 пати.
|
|
|
|
|
|
|