Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Кривични пријави за аферата „Патриотска метла“

Тројца вработени во Министерството за култура фалсификувале или уништувале тендерска документација за 14 јавни набавки распишани во 2007 и во 2008 година, а кои се однесувале на проектите за изградба на стариот театар - Скопје, театар Велес, музејот на ВМРО - Скопје и нобеловци-Скопје.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.К. - раководител на Сектор за јавни набавки, Р.Т. - раководител на Одделение за стручно-административни работи и И.А. - раководител на Сектор за стручна поддршка во Министерството за култура. „Тројцата во текот на јули годинава извршиле уништување на деловни книги и документи од тендерска документација што се однесува на понудите за 14 јавни набавки распишани во 2007 и во 2008 година од страна на Министерството за култура“, информираат од МВР.

Оваа документација требало задолжително да се чува најмалку пет години од денот на извршувањето на соодветниот договор за јавна набавка. Документите биле сопственост на Министерството за култура и со нивното уништување осомничените оневозможиле нивно натамошно користење .

Аферата „Патриотска метла“ минатиот месец ја обелодени опозицискиот СДСМ, кој тврдеше дека исчезнала или е уништена дел од тендерската документација во Министерството за култура. Тие во неколку наврати објавуваа дописи и документи во кои се тврдеше дека освен за театарот во Велес и проектот „Нобеловци“, недостасувале документи и за дел од проектите од „Скопје 2014“.

Надлежните во Министерството за култура најпрво ја негираа аферата, а потоа случајот го пријавија в полиција со цел да се расветли кој и зошто уништувал важни тендерски документи што требале да бидат складирани и чувани во архивата на Министерството.

„Со кривичните пријави од МВР се потврди дека проектот ’Скопје 2014‘ е портокалова пералница на пари и дека со исчезнувањето и уништувањето на тендерската документација е сторен обид за прикривање на дел од ова криминално работење. Одговорноста за мегааферата ’Патриотска метла‘ лежи исклучиво во министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, која мора да ја понесе одговорноста и веднаш да си поднесе оставка или да биде разрешена“, реагираше вчера преку соопштение СДСМ. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 2409 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 13.12.2010 12:17:35
Ovaa drzka, arogantna i necovecna osoba na slikata gore ispadna i mnogu maloumna. Kako i site dosegasni poiticari sto zacapaa vo kriminalni dejstvija. Zar navistina mislevte deka ke se pravi kriminal i potoa toa ke pomine kako nisto da ne se slucilo? Gledajte go Sanader i ke vi stane jasno. Ne sme 1910, sme 2010, skoro 2011 a kaj nas uste od raspaganeto na Yu se naftija site kako krvopijci da ispokradat se zivo itoa do den denes-arno ama vi se gleda krajot, na site. I na Gruevci i na Brankvoci...
Од: Трпе
Датум: 13.12.2010 12:23:37
Во други земји,за вакви афери министрите гарант си да ват оставки и носат одговорност.Но нашата министерка сигурно е невина.Заттоа таа секогаш е во право.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 13.12.2010 12:40:07
Портокаловата револуција почна да ги јаде своите деца.....
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.12.2010 12:51:37
Министерката има дадено кривична пријава во август годинава,но тоа неја ослободува од одговорноста за работењето на нестручни раководители.Обичен архивист знае кој документ колку год. има важност а после тоа се препраќа во историски архив.Зачудува уништувањето на тендерскиот материјал,зошто нее препратен во архивот за да остане трајно архивиран,мотивот треба МВР добро да го испита.
Од: b
Датум: 13.12.2010 12:57:58
Ќе згрешат со кривичните пријави, окривуваат погрешни луѓе. Во случајов најодговорни се вратарот и кафекуварката. Вратарот секого гледа што внесува и што изнесува од министерството, а кафекуварката, носејќи кафе по сите канцеларии, најмногу е во тек со работите, има увид во сите канцеларии што се случува.
Од: Ози
Датум: 13.12.2010 13:05:24
Самоиницијативно ја уништиле тендерската документација, нели? Зарем некој се сомнева во ова? Тамам работа, боже пази!
Од: Феличита
Датум: 13.12.2010 13:59:16
Од кај па сега да има уништување на тендерски материјали?Министерката трипати кажа дека тоа е лага на СДСМ,а сега и Среле не и верува! П.С.А кој ги стави на функција„нестручните“ раководители?Како кафекуварката да не е меѓу нив?Многу прашања!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 13.12.2010 14:05:25
„Министерката има дадено кривична пријава во август годинава“...Среќко,па нели тоа беше намерна тенеденциозна измислица на СДСМ!?Од каде сега информацијата дека таа („кутрата“)реагирала „уште во август“?Но не е ниту таа највиновната,таа само ги извршува налозите на Шерифот McLaboud,кој за целиот налудничав проект има свое мислење,изразено преку бесмислицата: „А зошто да не?“!Но,часовникот одбројува,времето изминува!Тик,так...Му доаѓа Крајот,а таму,ќе го дочека некоја слободна соба со решетки!
Од: Pero Trajkov
Датум: 13.12.2010 15:22:19
Sramota, ke gi izgorat lugeto za air na partiite. Tie sigurno samoinicijativno, so privatno vozilo ne gi odnesle materijalite na deponija, a prasanje e dali i voopsto znaele za postapkata. Arhivata na Ministerstvoto e prepolna, kupista so kutii i dokumenti po hodnici i vizbi. Sostojbata e ista vo site Ministerstva. Najloso od se e deka site znaat deka ne se raboti za nisto vazno, no so cel da se prikaze kriminal - se pravi afera. SDSM ja iskoristi beleskata so koja se baraat dokumenti (preku nivni covek), a pak VMRO sega za da se pokaze deka e cist ke gi pusti lugeto "niz voda". Zalno, uste kolku dusi ke nosat (ednite) za da dojdat i (drugite) da ostanat na vlast...
Од: забеган.
Датум: 13.12.2010 15:29:44
Ако е вистина дека ќе има кривични за службениците?.Тие треба да излезат и кажат кој им наредил истите ги уништат.А се сомневам вие прифатетеја пријавата и ќе си седете дома и ќе примате плата.Друго нема кога Министерката изјави сите документи ги имале.
Од: karokan "gambit"
Датум: 13.12.2010 16:01:18
G-dine Felix,mnogu tesko,ili voopsto nikako,ne ti idat komentarite vo koi e potrebna imalku strucnost od nekoja oblast.Podobro bavtaj se so "politickite" komentari. Ministerkata za kultura,verojatno po opsezni operativni proverki i sprovedeni istrazni dejstvija,podnela krivicna prijava. Kolku sto mene mi e poznato krivicna prijava mozat da podnesat soodvetni drzavni organi ???????? Sto se odnesuva do obicniot "arhivist" (verojatno mislese na arhivar),prasanje e dali i kolku gi poznava rabotite,so ogled na nacinot na vrabotuvanje takvi kadri skoro kaj site dosegasni vladi so znacitelna naglasenost kaj aktuelnata!!! Pokraj toa,golemo,golemo e prasanjeto dali arhivarot postapuval soglasno zakonskite propisi za arhivska gragja ili pak po usmeni nalozi na odredeni..... se znae koi???????Prasanje e dali dokumentacijata e zagubena od neznaenje,neazurnost i sl. ili pak e "zagubena" so namera.Mnogu prasanja Felix!!! Mnogu!! Samo kade e odgovorot?????????????????
Од: јас (Прилеп)
Датум: 13.12.2010 17:23:51
На ова арогнатно створење на сликата треба да му се покаже денешната вест дека шведскиот ( мислам) министер за транспорт денес поднесе оставка ПОРАДИ НЕНАВРЕМЕНО ИСЧИСТЕН СНЕГ ..А за намерно уништена документација се оди в затвор , а не оставка
Од: sime
Датум: 13.12.2010 17:40:59
Isceznuvanje na dokumenti od arhivi e poznata rabota i nazalost vo pozadina e necija korisst. Kaj nas seuste ns se pocituvat zakonite.
Од: sebastian
Датум: 13.12.2010 18:21:07
наместо во споменици, нека инвестираат малку во затворите за да ги подобрат условите за живот таму ... ќе им треба ...
Од: hah
Датум: 13.12.2010 21:38:14
interesno e, izvadi kutii so nalepnici kade so pisuvase otvoreni povici a nikoj od novinarite ne otvori da vidi dali vnatre ima dokumentacija, interesno e sto ubedena vo svojata laga tvrdese deka dokumentacija ne fali a sea se pere so obicni drzavni sluzbenici na koi sto moze bi im rekla da gi izgorat, nekoi drzavni od tie partiskite sto ne znaat kako se raboti so arhivska graga.
Од: Viki
Датум: 14.12.2010 02:57:23
Ucesnicite na tenderot sigurno gi cuvaat kopiite od svojata dokumentacija koja bila dostavena za tenderite. Neka se upati povik neka se razgledaat kopiite. Ako dokumentacijata na tenderdziite e vodena propisno ke moze da se zakluci sto i kako bilo dostaveno. No sto vo sutina se saka da se doznae, prasanjeto e sega.
Од: skopjanec
Датум: 14.12.2010 05:10:10
sto stana so tenderot na IVZ vo 2006, koj gi zemalparite na buxhetot

Најди! во Утрински
Хроника
Проститутките им го јадат ќарот на таксистите
Син го избол татка си в гради
Пронајден штипјанец изгризан од животни
Фатен бегалец од тетовскиот затвор
Воз прегази пешак во Скопје-Север
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency